Почитувани,

7 април e Светскиот ден на здравјето, кој оваа година, Светската здравствена организација го промовира под мотото „Да градиме поправеден, поздрав свет!“.

COVID-19 пандемијата, во услови на пролонгирана здравствена криза, ги покажа здравствените нееднаквости во светот на работата кои се рефлектираат врз сите работници во светот.

Во справување со кризата, во овие тешки и одговорни времиња, клучна улога во одржливоста на здравствениот систем ја имаат здравствените работници кои ги заслужуваат нашата почит и разбирање за вложениот труд и нивната посветеност кон работата.

Колаборативниот центар на СЗО при Институтот за медицина на трудот на Република Северна Македонија, со подготвената презентација на тема „Здравствени работници во услови на КОВИД-19 пандемијата - Повик за акција!“, ја пренесува пораката на Светската здравствена организација за овогодинешниот Светски ден на здравјето, за заедничка поддршка и благодарност до сите здравствени работници во нашата земја и ширум светот.

 (преземи ја презентацијата)

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }