31.08.2021

МТСП: Во тек е етапната исплата на августовските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 31.8.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на августовските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

30.08.2021

Шахпаска: Вклучувањето на децата со оштетен слух и говор во градинките е врвен приоритет, ги јакнеме капацитетите за нивна целосна инклузија

„Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

Повеќе

27.08.2021

Шахпаска: Центрите за згрижување на жртви од семејно насилство ја нудат потребната помош и поддршка за да се каже НЕ на насилството

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети и Центарот за згрижување на жртви од семејно насилство во Струмица. 

Повеќе

27.08.2021

Шахпаска: Во Струмица го зголемуваме капацитетот на детските градинки за нови 362 места

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, направи увид во градежните работи на две градинки во Струмица.  Во првата градинка, „Детска радост “ клон 2, доградени се 4 занимални за деца. Со оваа доградба, капацитетот на градинката ќе се зголеми за 55 деца, кои ќе бидат сместени во во две јаслени групи од 0 до 2 години, и две групи за деца од 2 до 4 години. Ова проширување се направи на вкупна површина од 164m2. 

Повеќе

26.08.2021

Шахпаска: Позитивното искуство ги натерало семејството Крчови повторно да згрижат дете без родители

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети згрижувачкото семејство Крчови, во општина Кавадарци.

Повеќе

26.08.2021

Шахпаска: После 40 години Кавадарци добива целосно нов објект-детска градинка, која ќе започне со работа до крајот на оваа година

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска денес изврши увид во изградбата на новата градинка во Кавадарци. Новата градинка во Кавадарци е од големо значење за заедницата, бидејќи ќе одговори на потребите на граѓаните за зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, вклучувајќи ги децата со попреченост, децата од семејства во социјален ризик, како и децата од ромските семејства. 

Повеќе

25.08.2021

Шахпаска: Пензионерите се високо на нашата агенда и серозно пристапуваме кон изнаоѓање на најдобрите решенија  

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членовите на едно од најстарите и најбројни здруженија во државата, Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочува највозрасната популација. Таа укажа дека секогаш пензионерите се високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и дека затоа сериозно пристапува кон изнаоѓање на најдобри решенија. 

Повеќе

25.08.2021

Шахпаска: Во Битола се гради нова детска градинка  

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска во Битола направи увид во градежните работи на новата детска градинка која е во склоп на градинката „Мајски цвет“. 

Новата градинка се гради на површина од 810 метри квадратни во населбата „Димче Лахчански“ и со нејзиното функционирање капацитетот за сместување на деца во градинките ќе се зголеми за 150 деца. Тие ќе бидат сместени во 8 воспитни групи. 

Повеќе

24.08.2021

Шахпаска: Заштитата на децата од насилство е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства

Денес министерката за труд и социјална политика, одржа состанок со Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување кое е составено од претставници на  релевaнтни институции, граѓански и меѓународни организации.

Повеќе

23.08.2021

Шахпаска: Обезбедивме нови 60 места во детската градинка „23 Август“ во Берово  

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, изврши увид во финалната фаза на четирите дополнителни простории изградени во градинката „23 Август“ во Берово. Со ова се зголеми капацитетот на градинката за уште 60 места за деца во предучилишна возраст. 

Повеќе

23.08.2021

Шахпаска: Оддаваме почит на борците кои го ослободија Берово

„Денес ја славиме победата, 78 години од Денот на ослободувањето на Берово“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, по повод 23 Август, Денот на ослобовдувањето на Берово.

Повеќе

21.08.2021

Шахпаска: На Оливера Наковска Бикова ѝ посакувам среќа на Параолимписките игри во Токио 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со македонската делегација во стрелаштво која од 24 до 5-ти септември ќе учествува на Параолимписките игри во Токио. На средбата, стана збор за подготовките на нашиот тим кој треба да учествува во натпреварите во стрелаштво. Стрелачката Оливера Наковска Бикова е единствениот македонски учесник на параолимпијадата во Јапонија.

Повеќе

20.08.2021

Шахпаска: Два нови Дневни центри за лица со телесна или ментална попреченост во општина Боговиње и општина Чашка 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договори за соработка со градоначалниците на Општина Боговиње, Албон Џемаили и Општина Чашка, Горан Стојановски за изградба на Дневни центри за лица со телесна или ментална попреченост.

Повеќе

20.08.2021

Шахпаска: Вработените во детски градинки и докторите на Zoom-средба за важноста на вакцините против Ковид 19

Денес вработените во детските градинки имаа прилика на zoom-средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, доктор Жарко Караџовски, доктор Кристина Ставридис и доктор Сузана Маневска, да ги постават сите прашања и дилеми поврзани со вакцината против Ковид 19.

Повеќе

20.08.2021

Шахпаска: По само еден месец аудио читачот „Кико“ ги покажа своите резултати
 
„На средбата со претставници на Сојузот на слепи ми беше предочено дека аудио читачот „Кико“ е добра апликација која навистина им помага во нивното секојдневно работење“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на средбата со претставниците на Сојузот на слепи лица.

Повеќе

19.08.2021

Шахпаска: Згрижувачкото семејство Гошеви обезбедува топол дом и родителска грижа за три малолетни дечиња  

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети згрижувачкото семејство на Красимира и Мите Гошеви кои згрижуваат три малолетни дечиња, со различни социјални и здравствени ризици. Децата се на возраст од три, тринаесет и седумнаесет години. Целта на посетата на згрижувачкото семејство Гошеви е да се афирмираат згрижувачките семејства како форма на згрижување на деца без родители, најблиска до семејната атмосфера.

Повеќе

19.08.2021

Шахпаска: Зголемување на опфатот на деца во градинките во Општина Свети Николе и Општина Росоман

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договори за соработка со градоначалниците на Општина Свети Николе и Општина Росоман, за доградба и изградба на две детски градинки.

Повеќе

18.08.2021

Шахпаска: 95% од вработените во ЦСР Велес се вакцинирани, нивната работа на терен продолжува со цел да одговорат на потребите на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети Центарот за социјална работа (ЦСР) Велес. На средбата со социјалните работници министерката се информираше за тоа како се одвива спрведувањето на социјалната реформа донесена во 2019 година. Новиот начин на работа во Центрите за социјална работа претставува работа со семејството, коешто е во ризик, во целина со сите парични права, но и со сите услуги што треба да ги завршат социјалните работници.

Повеќе

16.08.2021

Шахпаска: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 проценти, апелирам и другите да се имунизираат

Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Повеќе

09.08.2021

МТСП: Надоместокот за попреченост од наредната година ќе се покачи за 15 проценти, креираме системски решенија за целосна инклузија на лицата со попреченост

Во врска со најавениот протест на Коалицијата „Менуваме“ информираме дека Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава. Потврда за тоа е и постојаното проширување на мрежата на дневни центри за децата со попреченост. Неодамна МТСП го отвори дневниот центар за лицата со попреченост во Липково, а во тек е и изградба на центри за деца со попреченост и во општините Делчево, Чашка, Боговиње и во Скопје. 

Повеќе

08.08.2021

Шахпаска: Системот на социјална заштита е ефикасен, и во случајот со пожарите во зависност од потребите на граѓаните реагираме брзо и навремено

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и премиерот Зоран Заев, заедно со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите утринава беа во беровско-пехчевскиот крај. Од таму таа порача дека по скенирањето на состојбата со пожарите од екипите на Центарот за социјална работа од Берово, кој е надлежен и за Пехчево и Делчево, барањата за помош на најпогодените од огнената стихија ќе влезат во системот на добивање на социјална помош.

Повеќе

06.08.2021

МТСП: Во Карпош и во Тетово ќе се отворат два нови дневни центри за деца со попреченост, во Гази Баба се воспоставува советувалиште за семејства во ризик

Министерството за труд и социјална политика склучи договори за соработка со општините Гази Баба, Карпош и Тетово, кои предвидуваат отворање на два нови дневни центри за деца со попреченост, како и советувалиште за деца и семејства во ризик и за деца со попреченост.

Повеќе

05.08.2021

МТСП: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани, апелираме и останатите да се имунизираат и да го заштитат своето, но и здравјето на децата за кои се грижат

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно образовниот процес за време на пандемијата. 

Повеќе

04.08.2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јули 2021 година.

Повеќе

04.08.2021

МТСП: Во Оперативниот план обезбедени се дополнителни средства за мерката субвенционирање на плати, се зголемува опфатот за нови 438 невработени лица

Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од  100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица.

Повеќе

04.08.2021

МТСП: Денес и утре територијата на целата држава е во портокалова фаза, да се почитуваат мерките за заштита на населението од топлотниот бран

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Повеќе

03.08.2021

МТСП: Законот за стечајци стапи на сила, стечајците што ги исполнуваат условите во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајци стапи на сила. Стечајците коишто ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување.

Повеќе

01.08.2021

Шахпаска: Услугата помош и нега во домот ќе ја добиваат 60 стари лица од Општина Берово, за нив ќе се грижат 20 негуватели од Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ 

Во општина Берово 60 стари лица, со над 65 години, кои не се во можност самостојно да се грижат за себе ќе добијат помош и нега во домот. Дозволата за работа, Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, му ја додели на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“. Според Шахпаска со проектот на Министерството, старите и изнемоштени лица ќе добиваат помош за активностите кои тие секојдневно ги обавуваат во своето опкружување. На ваков начин, рече министерката оваа социјална реформа овозможува деинституционализација на гломазните централизирани установи за социјална заштита.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }