Ф

  • Фидуцијарна должност - е обврска лицето да работи единствено во корист на интересите на членовите и на пензионираните членови на задолжителниот пензиски фонд. Должноста треба да ја спроведува со примена на високи стандарди на етика и интегритет и без конфликт на интереси и да обезбеди нивна примена од страна на секој вработен и работно ангажиран во друштвото.
  • Филијали на Фондот - организациски облик за вршење на работите од Фондот,   кои имаат право на одлучување за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување.
  • Финансиска институција - е банка, друштво за осигурување, друштво за управување со пензиски фондови, друштво за управување со средства или слична финансиска институција.
  • Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  (Фонд на ПИОМ) - е фонд чија што дејност е од јавен интерес и одлучува за права од пензиското и инвалидското осигурување и врши исплата на пензии. Седиштето на Фондот е во Скопје -види www.piom.com.mk


Ч

  • Член на пензиски фонд - е физичко лице кое склучило договор за членство во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд и има задолжителна и/или доброволна индивидуална сметка и/или има професионална сметка во доброволен пензиски фонд.
  • Членување во доброволен пензиски фонд - член на доброволен пензиски фонд може да биде лице кое не е опфатено во задолжително пензиско осигурување или лице кое е опфатено во тоа осигурување, по сопствен избор.
  •  Чувар на имот - е банка или специјализирана депозитарна институција на која друштво кое управува со доброволни пензиски фондови и друштво кое управува со задолжителни и доброволни пензиски фондови и ја доверило одговорноста за чување на средствата на доброволните пензиски фондови и врши други активности определени со овој закон.
  • Чувар на имотот на приватните пензиски фондови - е институција ( деловна банка)  која ги чува безбедно средствата на приватните пензиски фондови и која осигурува дека инвестициските договори поврзани со овие средства се во согласност со законите.

У

  • Управен одбор на Фондот на ПИОМ - орган на управување на Фондот и има седум члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години. 
  • Управна постапка - за остварување на права од пензиското и инвалидското осигурување се применува Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за општа управна постапка.
  •  Усогласување на пензии - се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просеч исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходиа пензии.


Т

  •  Тековно финансирање - претставува финансирање на основа на генерациска солидарност, односно придонесите од сегашните вработени се користат за исплата на пензиите на сегашните пензионери.
  •  Телесно оштетување-е  загубување, посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара поголем напор во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали причинува или не причинува инвалидност.
  • Трансакциски провизии - се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на доброволните пензиски фондови.
  • Транспарентност- членовите и пензионираните членови на пензиските фондови добиваат редовни и детални извештаи за своите средства и друштвата за своите активности редовно ја известуваат јавноста и членовите.
  • Тростолбен пензиски систем - пензискиот систем  во Република Македонија е составен од три столба и тоа: задолжително пензиско и инвалидско осигурување или прв столб; задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или втор столб и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување  или трет столб.


С

  • Семејна пензија - право од пензиското и инвалидското осигурување кое им припаѓа првенствено на брачниот другар и на децата на осигуреникот, односно корисникот на пензија. Семејна пензија можат да остварат членовите на семејството: брачниот другар, децата (родени во брак или надвор од брак или посвоени, посиноците кои ги издржувал осигуреникот, внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот) и родителите (таткото и мајката, очувот и маќеата) и посвоителот, што ги издржувал осигуреникот.
  • Солидарен фонд  - средства кои корисниците на пензија ги обезбедуваат на солидарна основа со запирање на  дел од пензијата за обезбедување на средства потребни за исплата на посмртна помош за членовите на неговото семејство. Види: http://www.piom.com.mk/informacii/solidaren_fond/46.html   
  • Социјално осигурување - збирен назив на сите пет гранки на осигурување ( здравствено, пензиско, осигурување во случај на повреда на работа или професионална болест, осигурување во случај на привремена невработеност и детски додаток).
  • Социјално право - збир на правни норми со кои се регулира областа во социјалното осигурување и социјалната заштита, односно социјалната сигурност во една држава.
  • Сразмерен дел на пензија - пензија остварена со примена на договор за социјално осигурување и се пресметува според формула зависно од пензискиот стаж навршен во двете држави.
  • Стаж на осигурување што се смета во ефективно траење - во стаж на осигурување се смета времето што осигуреникот по наполнети 15 години возраст го поминал во работен однос, односно на работа врз основа на која бил задолжително осигурен и доколку е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Во стаж на осигурување како пензиски термин  се смета времето поминато во осигурување по 1 јануари 1970 година.
  • Стапка на придонес-стапката на придонес за пензиско и инвалидско осигурување претставува процент од бруто платата,односно основицата на која се плаќаат социјалните придонеси утврденз со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Стапката на придонес е иста за лицата кои се членови на едностолбен или на двостолбен пензиски систем и изнесува   18%.  За лицата кое се членови на едностолбен пензиски систем, целокупниот придонес за пензиско и инвалидско осигурување останува  во Фондот на ПИОМ. За лицата кои се членови на двостолбниот пензиски систем, од вкупните 18% од бруто платата на осигуреникот, 6% се пренесуваат во приватниот задолжителен пензиски фонд (втор столб), додека 12%  остануваат во Фондот на ПИОМ (прв столб).
  • Странска пензија - е пензија остварена во друга држава со која може да има или да нема договор за социјално осигурување.
  • Старосна пензија - право од пензиското и инвалидското осигурување кое се стекнува кога осигуреник (маж) ќе наполни 64 години живот , односно осигуреник (жена) 62 години живот жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Овие услови треба да бидат кумулативно односно истовремено  исполнети. 

 



Р

  • Работен стаж - периоди поминати на работа или во работен однос ; по правило се поклопува со стаж на осигурување и како термин се користи во пензиско и инвалидско осигурување.( види стаж на осигурување)
  • Работи на маркетинг - се сите активности чија цел е рекламирање на друштво за управување со доброволни пензиски фондови, на друштвo за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови и на доброволен пен­зи­ски фон­д и информирање и склучување на договори за членство во доброволен пензиски фонд и договори за исплата на средства од доброволен пензиски фонд што вклучува.


П

  • Паричен надоместок за телесно оштетување - осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување. Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување. 
  • Пензионерски дом- e станбена единица во која се сместуваат и живеат корисници на пензија. Правото на сместување се остварува во Фондот на ПИОМ по пропишани критериуми со Правилник на Фондот.
  • Пензиониран член - е физичко лице кое остварило право на пензија или пензиски надоместок од задолжително и/или доброволно капитално финансирано пензиско осигурување преку програмирани повлекувања или повеќекратни исплати и има индивидуална и/или професионална сметка во доброволен пензиски фонд од која ги врши повлекувањата на средствата.
  • Пензиска основица - месечниот просек на платите што осигуреникотги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година. Во пензиската основица покрај месечниот просек на плати, се земаат и надоместокот на плати, односно паричниот надоместок во случај на невработеност.
  • Пензиски надоместок - е вид на исплата на пензија од втор и трет пензиски столб.
  • Пензиски стаж - e времето поминато во осигурување  за кое е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување и времето што е утврдено како пензиски стаж според посебни законски одредби. 
  • Повеќекратна исплата- е повлекување на средствата од доброволна индивидуална или професионална сметка на член на пензиски фонд на неколку еднакви или различни рати во еднакви или различни периоди, се додека средствата на сметката не се потрошат. Со последната рата се исплатуваат сите средства од сметката.
  • Пренос на средства - е пренесување на средствата од една на друга индивидуална сметка на членот во ист или друг  пензиски фонд.
  • Привремени програмирани повлекувања во комбинација со одложен доживотен ануитет - е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кој започнува со исплата на програмирани повлекувања во тек на однапред определен број години и продолжува со одложен доживотен ануитет. Периодот на одложување на исплата на средствата за ануитет е еднаков на периодот на исплата на привремените програмирани повлекувања и се изразува како цел број на години или број деллив со 12 месеци. Изборот на привремени програмирани повлекувања и одложен ануитет се прави во исто време.
  • Причина на инвалидност - инвалидноста може да настане како последица на: болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионално заболување - види инвалидност.
  • Програмирани повлекувања - е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кои месечно ги исплатува пензиско друштво до крајот на животот. или додека има средства на сметката на членот на пензискиот фонд. Висината на прграмираните повлекувања прв пат се пресеметува во моментот на остварувањето на пензијата или пензискиот надоместок и повторно се пресметува на секои 12 месеци од пензиското друштво. Исплатата на програмираните повлекувања се прекинува со искористувањето на средствата на индивидуалната, доброволната индивидуална или професионалната сметка на корисникот на пензија. Доколку корисникот на пензија почине, преостаните средства се наследуваат согласно закон.
  • Професионална болест - професионална болест се определени болести причинети со подолго непосредно влијание на процесот и условите на трудот врз работната способност на осигуреникот.
  • Професионална пензиска шема-е шема договорена меѓу работодавач и неговите вработени лица или здружение на граѓани и неговите членови, вклучена во доброволен пензиски фонд.
  • Професионална рехабилитација -е право од пензиско и инвалидско осигурување кое го остварува осигуреникот со утврдена професионална неспособност за работа до навршени 50 години на живот. Преку професионална рехабилитација осигуреникот може да се оспособи за работа со полно работно време на друга работа.
  • Професионална сметка - е сметка во доброволен пензиски фонд на име на вработен на која единствено работодавачот  уплаќа доброволен придонес или на име на член на здружение на граѓани на која единствено здружението  уплаќа доброволен придонес или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата.
  • Професионални пензиски шеми претставува шема за уплата на доброволен придонес за пензиско осигурување од работодавач или здружение на граѓани за негови вработени или членови, вклучена во доброволен пензиски фонд.


О 

  • Обезбедување на средства за материјална сигурност на лица со капитализирање на средствата-придонесите кои се уплаќаат на индивидуалните сметки на членовите се акумулираат и оплодуваат преку инвестирање.
  • Осигуреник- е лице кое е опфатено со пензиско и инвалидско осигурување. Со стекнување на својството на осигуреник се воспоставува осигурителен однос кој содржи очекувани права ( можност за стекнување право на пензија) но и определени обврски ( плаќање на придонеси , известување на промена на статус и др). Во задолжително пензиско осигурување осигуреник се стекнува граѓанинот којшто е во работен однос (работник) , самовработено лице , носител на семејно земјоделско стопанство и др.
  • Осигурител- е работодавач или здружение на граѓани со седиште во Република Македонија кое организира и финансира професионална пензиска шема и уплаќа доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд за своите вработени или членови;


Н

  • Надоместоци - ги наплатуваат пензиските друштва од членовите на пензиските фондови. Постојат два вида на надоместоци и тоа надоместок од придонес како процент од секој уплатен придонес во задолжителен пензиски фонд и  ме­се­чен на­до­ме­сток од вред­но­ста на не­то средс­тва­та на пензискиот фонд.
  • Најнизок износ на пензија -  е правo од пензиско и инвалидско осигурување. Најнискиот износ на пензија припаѓа на корисници на пензија на коишто пензијата остварена само од првиот пензиски столб или  збирот на пензијата остварена од првиот и вториот пензиски столб е помала од најнискиот износ на пензија.Најнискиот износ на пензија се исплаќа кога износот на пензијата оставрена според македонските прописи и пензијата остварена од друга држава со која е склучен договор за социјално осигурување е помал од најнискиот износ на пензија. Најнискиот износ на пензија се исплатува во три групи во зависност од остварениот пензиски стаж.
  • Носител на семејно земјоделско стопанство  - физичко лице кое остварува нето приходи од вршење на земјоделска дејност од прва, втора и трета категорија согласно со Законот за земјоделство и рурален развој.


М

  • МАПАС - Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување е основана заради вршење супервизија на работењето пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови (осигурениците) (Види Агенција www.mapas.gov.mk
  • Материјал за маркетинг - е целокупниот материјал за рекламирање, промоција или информација на задолжителен и/или доброволен пензиски фонд или на друштвото кое управува со тој фонд.
  • Матична евиденција - фондот воспоставува и води матична евиденција која содржи податоци потребни за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување.Во матичната евиденција се водат податоци за осигурениците, корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и обврзниците за пресметка и уплата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.


К

 

  • Капитално финансирање-е механизам на финансирање според кој придонесите се оплодуваат преку инвестирање на истите и потоа се акумулираат на индивидуални сметки на членовите на пензиските фондови се до нивното пензионирање. 
  • Клубови за пензионери - клубови за пензионери се клубови за дневен престој на корисниците на пензија кои се формираат на територијата на која што живеат корисниците на пензија со цел за нивна забава и рекреација. 
  • Коефициенти за валоризација на платите-коефициентите за валоризација на платите се утврдуваат врз основа на движењето на платите на сите вработени во Република Македонија објавени од Државниот завод за статистика.
  • Комисија за задолжителен контролен преглед - врши контролен преглед на времена инвалидска пензија. Оваа комисија со акт ја утврдува министерот за труд и социјална политика во рамките на орган или установа.
  • Комисија за оцена на работната способност- формирана во рамките на Фондот на ПИОМ. Комисијата дава наод, оцена и мислење за постоење на инвалидност, причината и денот на настапувањето на инвалидноста, постоење на телесно оштетување и постоење на неспособност за работа на член на семејството на осигуреникот, односно корисникот, за остварување право на семејна пензија. 
  • Комисија за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа-образована од министерот за труд и социјална политика. Комисијата за ревизија врши ревизија на наод, оцена и мислење за утврдена инвалидност, односно неспособност за работа врз основа на кои се остварува право на пензија, донесени од Комисијата за оцена на работната способност на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како и на наодот на Комисијата за задолжителен контролен преглед. Комисијата за ревизија врши ревизија и на наод, оцена и мислење со кои не е утврдена инвалидност, односно неспособност за работа, донесени од Комисијата за оцена на работната способност, по случаен избор.
---


З

  • Задолжителен контролен преглед - се спроведува по остварено право на времена инвалидска пензија. Задолжителниот контролен преглед се врши во рок не пократок од една година од денот на утврдената инвалидност. Контролниот преглед може да се врши најмногу два пати до навршување на 65 години живот на корисникот на пензија. На задолжителен контролен преглед не подлежи корисник на пензија за одделни заболувања утврдени со актот за организација, составот и начинот на работа на Комисијата за оцена на  работната способност.
  • Задолжителен пензиски фонд -  е фонд основан и управуван од друштво за управување со задолжителни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и согласно со овој закон;
  • Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е вториот пензиски столб и ја претставува задолжителната капитално финансирана компонента од тростолбниот систем. Вториот столб се состои од индивидуална сметка на секој вработен на која се уплаќаат дел од придонесите на вработениот. Придонесите, се инвестираат на пазарите на капитал и остваруваат принос. Така при пензионирањето, работникот кој е дел од првиот и вториот столб, ќе прима пензија посебна пензија и од првиот и од вториот столб.
  • Задолжително пензиско и инвалидско осигурување  -  генерациска солидарност или прв столб. Првиот столб е PAYG (тековно финасирана) компонента од системот со три столба. Прв столб е заснован на PAYG компонента, односно сегашните осигуреници ги обезбедуваат исплатата на пензијата за сегашниоте пензисонери. Во Република Македонија “прв столб“ е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
  • Заменската стапка-претставува процент од кој се определува висината на пензијата од пензиската основица ( види пензиска основица).


Е

  • Еднократна исплата-е еднократно повлекување на сите средства од доброволна индивидуална или професионална сметка на член на пензиски фонд. 


Д

  • Деловници  на Фондот - се служби за на Фондот на ПИОМ кои не одлучуваат за права туку само вршат собирање на потребните документи за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување и евиденција на пензискиот стаж и плати.
  • Диверзификација - разновидност на инструменти во кои се инвестира со цел намалување на ризикот
  • Доброволен пензиски фонд - е отворен инвестиционен фонд основан и управуван од друштво за управување со доброволни пензиски фондови или друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, согласно со овој закон;
  • Доброволна индивидуална сметка - е сметка на име на член во доброволен пензиски фонд на која членот или друго лице за него уплаќа доброволни придонеси на доброволна основа или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата.
  • Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување - е третиот пензиски столб. Третиот столб е доброволен, во него може да членува секое лице на возраст од 15 до 70 години.
  • Договори за социјално осигурување - се билатерални договори кои Република Македонија ги има случено со други држави за регулирање на права од пензиското и инвалидското осигурување, повреда при работа и професионална болест, здравствено осигурување (болест и мајчинство), детска заштита и осигурување во случај на невработеност (види http://www.mtsp.gov.mk/?ItemID=4F8A531229014940B75356719BBC124F ).
  • Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен- е второстепен орган кој решава по жалба поднесена на решение донесено од Фондот на ПИОМ за права од пензиското и инвалидското осигурување. Работата на Државната комисија е уредена со Закон за основање на Државна комисија за решавање во управна постапка од работен однос во втор степен.
  • Друштвата за управување со приватните пензиски фондови  - се правни лица кои имаат дозвола да управуваат со приватните пензиски фондови. Тие се основаат и работат согласно Законот за трговски друштва и имаат единствена дејност – управување со пензиски фондови. 
  •  Друштво за управување со доброволни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува единствено со доброволен пензиски фонд.
  • Друштво за управување со задолжителни  и доброволни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува со задолжителен пензиски фонд и со доброволен пензиски фонд.
  • Друштво за управување со задолжителни пензиски фондови - е акционерско друштво кое е основано и овластено да управува само со задолжителен пензиски фонд, согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.


Б

  • Бањско климатска рекреација- е проект кој се спроведува од 2010 година и има за цел корисниците на пензија бесплатно да ги користат услугите од бањите во Република Македонија.
  • Бенефициран стаж - е стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење за одредени работни места.Работните места со бенефициран стаж се утврдени со Правилник за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење („Службен весник на РМ„ бр 16/2011) 


А

  • Агент-е лице кое врши работи на маркетинг на пензиски фондови.
  • Агенција - Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (скратено: МАПАС) која го регулира и супервизира задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (види МАПАС  www.mapas.gov.mk)  
  • Актуар-е стручно лице обучено за математика, статистика, веројатност и финансии кое поседува аналитички и деловни вештини и кои ги применува во анализа на финансиска неизвесност и ризици за комплексни финансиски системи.  
  • Актуарски проекции-се предвидување на финансиските импликации врз работењето, а врз основа на анализа на минати настани, оценка на тековен ризик и моделирање што може да се случи во иднина. 
  • Ануитет-е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кој се исплатува месечно од друштво за осигурување на корисникот на пензија или од него определен корисник. Ануитетот може да биде: доживотен, варијабилен, заеднички, непосреден, одложен, ануитет со гарантиран и без гарантиран период, привремен, поединечен, фискен ануитет.


Толковник на пензиското и инвалидското осигурување

А   Б   В   Г   Д   Ѓ   Е   Ж   З   Ѕ   И   Ј   К   Л   Љ   М   Н   Њ   О   П   Р   С   

Т   Ќ   У   Ф   Х   Ц   Ч   Џ   Ш  



Регистар на синдикати

Регистар на здруженија на работодавачи

Листа на регистрирани агенции за привремени вработувања 

Листа на толкувачи на знаковен јазик

Здруженија на граѓани кои се запишани во Регистaрот на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита

Листа на установи за социјална заштита на стари лица



Програма за неработни денови за 2014 година

Програма на неработни денови за 2013 година

Програма на неработни денови за 2012 година

Програма на неработни денови за 2011 година

Програма на неработни денови за 2010 година  



Сет на податоци во необработен формат

Дозвола за престој и работа на странец 

Со последните измени на Законот за странци кој влезе во сила во 2015, година како и соодветните измени на Законот за вработување и работа на странци (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 217/15), се воведе единствена дозвола за престој и работа на странец. Согласно измените во овие два закона, постапката за дозвола за престој и работа, започнува во надлежните служби на Министерството за внатрешни работи. 

Привремен престој заради работа, според намената, ќе се одобри за:


1) вработување на странец;

2) сезонско вработување на странец;

3) упатени работници.

По исклучок, странец може да престојува и работи во Република Македонија и врз основа на потврда за регистрација за работа, која е издадена во согласност со Законот за вработување и работа на странци, доколку работата што ја врши странецот е до 60 дена. Привремен престој заради вработување и сезонско вработување ќе се  одобри на странец кој ги исполнува условите согласно Законот за странци и за кој е добиено позитивно мислење од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.  

Доколку странецот поседува: 

1) дозвола за привремен престој заради работа врз основа на семејно обединување,

2) дозвола за привремен престој заради работа на член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија,

3) дозвола за привремен престој заради работа поради хуманитарни причини - жртва на трговија со луѓе,  лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за меѓународна и привремена заштита.

Истиот може да се обрати до Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со цел стекнување на работна дозвола, со која му се овозможува пристап до пазарот на труд во Република Северна Македонија.

Законски акти

Корисни линкови

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }