Државата се грижи за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи – обезбедува парична помош за домаќинствата и енергетски додаток за корисниците на социјална заштита

Имформации за мерка 7

За да добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост на лицата се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано само од последниот месец, наместо досегашните три месеци.

Оваа мерка ќе трае два месеци, во април и мај 2020.

Корисниците на социјална заштита ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток во износ од 1.000 денари плус, во април и мај. Тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат дополнителен енергетски додаток.

Престанува да важи на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година.

Тоа значи дека исплатата на образовниот додаток продолжува, во износ од 700 денари по дете во основно образование и 1.000 денари по дете во средно образование. Тоа се околу 17.000 деца кои ќе продолжат да добијат образовен додаток. 

Продолжуваат роковите за поднесување на барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче, на барање за остварување/ продолжување на правото на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете), и тоа за три месеци од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение) до завршување на вонредната состојба.

Истото се однесува и на вработените со хронични состојби, бремени жени, лицата со попреченост кои одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои се ослободени од одење на работа и извршување на работни активности, кои се опфатени со мерките.

Прочитајте ја во целост уредбата со законска сила за примена на законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба.

Информирајте се кои категории на лица се ослободени од работа и работни активности согласно дополнителните мерки и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 на следниот линк.

Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19.

Дополнителна листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }