МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток
Министерството за труд и социјална политика информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.
Секој поединец, секое семејство заслужува еднаква грижа. Посебна грижа ни се децата, кои се најранливи на стресовите кои едноподруго се случуваат во кризни услови. Затоа е многу значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Токму затоа, Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права.
Со социјалната реформа го зголемивме повеќекратно бројот на деца корисници на ова право. Споредбено, пред реформата бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесуваше 2.877.