30.12.2022

Министерката Тренчевска на предновогодишна дружба со децата од градинката „Димче Мирчев“-Велес и децата на улица од Дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети Јавната детска установа „Димче Мирчев“, во Велес каде што покрај предновогодишната приредба во изведба на децата од оваа градинка, во духот на новата година се оддржа и детска претстава  во која учествуваа Снежана Конеска -Руси и Дедо Мраз.

Повеќе

29.12.2022

Предновогодишно дружење на министерката Тренчевска со социјално ранливи категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на вчерашниот ден учествуваше во повеќе предновогодишни настани посветени на социјално ранливи категории на граѓани.

Повеќе

28.12.2022

Тренчевска: Продолжуваме со креирање на предновогодишни среќни спомени за најмладите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска подарија детски играчки во ЈДГ „8ми март“ во објектот „Пржино“.

Заедно со претставниците од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и градинката беше проследена новогодишната претстава „Црвенкапа и Дедо Мраз“.

Повеќе

27.12.2022

Тренчевска: Секој поминат миг со децата е бесценет, продолжуваме да вложуваме во политики кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со децата од групните домови при Јавните установи 25 мај и 11 октомври беше во посета на Крушево.

Повеќе

27.12.2022

Тренчевска: Отворени две сензорни соби според потребите на корисниците во Кривогаштани и Крушево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отвори две сензорни соби.

 

Повеќе

27.12.2022

МТСП: Финансиската поддршка за социјално ранливите категории ќе биде исплатена по објавување на списоците на 5 јануари 2023

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза ќе биде исплатена по објавување на списоците на корисници за финансиска поддршка на 5 јануари 2023 година.

Повеќе

27.12.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на декемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.12.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. 

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).
Повеќе

26.12.2022

Тренчевска: Преку јавни расправи и вклученост на сите страни, заедно креираме нов современ закон за работни односи, кој ќе одговори на потребите на денешното време

Во Клубот на пратеници денеска се оддржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се оддржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари.

Социјалните партнери денеска дискутираа за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имаа можност да дадат предлог или коментар со цел креирање на квалитетно законско решение во интерес на сите страни.

Повеќе

26.12.2022

Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со даунов синдром во Скопје. Во центарот моментално има 17 корисници од 3 до 26 годишна возраст, додека целосно објектот има капацитет за 24 лица.

Повеќе

26.12.2022

Тренчевска: Грижата за граѓаните во социјален ризик продолжува и во 2023 година, со засилени механизми и мерки за поквалитетен живот за сите 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во денешното гостување на утринската програма на МРТ 1 зборуваше за политиките и мерките кои Министерството за труд и социјална политика ги креира и презема за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните со акцент на ранливите категории.

Повеќе

24.12.2022

Тренчевска: Зачестените пријавувања на булинг во училиштата се наш мотив да започнеме да го менуваме системот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на центарот за справување со булинг „Лика Ритз“ во Загреб. Центарот е отворен од 2017 година и обезбедува на сеопфатна и систематска грижа за децата и младите во ризик. Во нивната работа се вклучени сите кои се дел од воспитно образовниот систем или се дел од секојдневието на децата и младите.

Повеќе

23.12.2022

Тренчевска: Позитивните примери од Хрватска несомнено ќе придонесат во унапредување на системот за социјална и детска заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на тркалезната маса: „Заедно во заштита на менталното здравје на децата и младите“ во Загреб, Република Хрватска.

На почетокот од своето обраќање Тренчевска се заблагодари за можноста да присуствува на тркалезната маса и топлото добредојде од соработниците. Таа истакна дека темата која што ќе се дискутира е од особена важност за Министерството за труд и социјална политика и посочи дека создавањето средина во која секое дете ќе ги има потребните услови за раст и развој како и воспоставување социјални услуги за поддршка на семејствата и децата е клучна заложба на Република Северна Македонија.

Повеќе

22.12.2022

Тренчевска – Пилетич: Преку размена на позитивни пракси во регионот до унапредување на социјалната и детската заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија на чело со Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев во Република Хрватска денеска оствари протоколарна средба со Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика во Република Хрватска, Марин Пилетич и со членови на неговиот кабинет. 

На средбата се разговараше за Европскиот пат на Република Северна Македонија како и процесот на преговори.

Повеќе

22.12.2022

МТСП: Тренчевска на студиска посета во Република Хрватска 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес ја започнува дводневната студиска посета во Загреб, Република Хрватска организирана под мотото „Заедно во заштита на менталното здравје на деца и млади“. Целта на оваа посета е размена на позитивни пракси од Република Хрватска за унапредување на положбата на младите како и промоција на грижата на нивното ментално здравје.

Повеќе

21.12.2022

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2022/2023 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули  во тековната календарска година.
Повеќе

21.12.2022

Тренчевска: Предновогодишно расположение со корисниците на услуги од Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставник од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја проследија претставата „Писмо за Дедо Мраз“ во изведба на децата од Детското драмско студио „Неверленд“.

Повеќе

21.12.2022

Тренчевска: Градиме инклузивни градинки со можности за сите деца 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски  го отворија новиот објект „Црвенкапа“ што е во склоп на Јавната детска установа „Срничка“. Со новата доградба капацитетот на градинката се зголеми за 210 деца.

Повеќе

20.12.2022

Тренчевска: Згрижувачките семејства се важна алка во системот за социјална заштита кои што континуирано треба да ги унапредуваме

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставници на СОС детско село. На средбата од нивна страна беа презентирани резултатите од кампањата спроведена во текот на 2022 година во 23 општини „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која беше спроведена со цел промоција на важноста на згрижувањето како процес. Благодарение на овааа кампања забележани се нови семејства кои покажале интерес да бидат згрижувачи. 

Повеќе

19.12.2022

МТСП: Избрани новите проекти кои ќе добијат грантови за обезбедување услуги за социјално ранливите категории во 17 општини

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на презентацијата на резултатите од вториот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, што го организираше Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, подржан од Светска банка.

Повеќе

19.12.2022

Тренчевска: За министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на тркалезната маса „Социјално и емоционално учење во раното детство“ организирана од страна на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ – Скопје. На тркалезната маса присуствуваа и Министерот за образование, Јетон Шаќири, Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, директорот на Бирото за развој, Заќирија Хисани и други релевантни фактори. На тркалезната маса беше потпишана и заложбата за зајакнување на знаењата и компетенциите од областа на социјалното и емоционалното учење и развој во раното детство кај воспитувачи, одделенски наставници и стручни соработници преку моделот на учење во текот на целиот животен циклус.

Повеќе

19.12.2022

Тренчевска: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.

Повеќе

16.12.2022

Тренчевска: Го унапредуваме квалитетот на живот на пензионерите, креираме долгорочни системски решенија и мерки за подостоинствен живот на сите  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со членовите на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), на која стана збор за актуелни прашања кои ги засегаат пензионерите.На средбата се направи осврт на досегашните политики и мерки од кои директна придобивка имаат пензионерите.

Повеќе

16.12.2022

Тренчевска: Соработката со Светска банка води до видливо позитивни резултати

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Светска Банка, на која беа присутни Зоран Анушиќ, виш специјалист за социјална заштита од Светска Банка и Цвета Петрушевска-Јончевска, аналитичар од Канцеларијата на Светска Банка во Скопје, како и претставници на Проектната единица во Скопје.

Повеќе

15.12.2022

Хусејин: Заедно креираме квалитетни социјални политики од кои придобивка имаат сите граѓани

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска присуствуваше на завршниот настан на проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги”, проект финансиран од страна на Европската унија, а спроведуван од ЕПТИСА, за потребите на Министерство за труд и социјална политика.

Повеќе

15.12.2022

Средба Тренчевска-Тигањ: Ја продлабочуваме соработката меѓу двете држави во областите пазар на труд, социјална заштита и заштита од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, на која стана збор за досегашната воспоставена соработка и можностите за идна соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

15.12.2022

Државниот секретар Ејупи на Презентација на прелиминарни заклучоци од ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015 -2024 година

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи денеска присуствуваше на работен состанок за презентација и дискусија за прелиминарни заклучоци од ревизија на Стратегијата за демографски политики 2015 -2024 година.

Повеќе

13.12.2022

Презентиран Предлог буџетот на Министерството за труд и социјална политика- 858.3 милиони евра за социјално ранливи, повисоки пензии, нови градинки и мерки за вработување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го презентираа Предлог буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година.

Повеќе

13.12.2022

МТСП: Отворен Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион 

Министерството за труд и социјална политика известува дека официјално е воспоставена социјалната услуга – Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста за насилството. Отворањето на центарот е уште еден голем чекор кон заштита на жените жртви на семејно насилство.

Повеќе

12.12.2022

Тренчевска: Ги следиме европските текови во градењето на современи работни односи,  заштита на правата на работниците и зголемување на конкурентноста на економијата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан организиран од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања,  Бојан Маричиќ, посветен на годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“.

Повеќе

12.12.2022

Тренчевска: Соработката со меѓународните организации е од особена важност во унапредување на социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорката на мулти – државната канцеларија на UNOPS задолжена за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Украина, Михаела Телатин како и Советникот за поддршка во управување со проекти за канцеларијата на UNOPS во Скопје, Ванелин Рангелов. На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на UNOPS.

Повеќе

12.12.2022

Тренчевска: Позитивното родителство придонесува кон квалитетен ран детски развој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на Јавната расправа за нацрт Стратегија за родителство во организација на УНИЦЕФ. На јавната расправа присуствуваше и Заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов како и претставниците од академската јавност кои ја презентираа Стратегијата пред присутните. „Позитивното родителство претставува особено важен процес во кој родителот/ старателот или згрижувачот тргнувајќи од интересите на детето, ги признава и почитува неговите права, го насочува, му покажува љубов и грижа, но и поставува граници со цел овозможување на негов целосен развој“ рече Тренчевска.

Повеќе

12.12.2022

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.  

Повеќе

10.12.2022

Тренчевска: Ги мапиравме најранливите граѓани, исплатата на финансиска поддршка започна со пензионерите, следната недела и останатите социјално загрозени

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оддржа прес конференција за медиумите за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Повеќе

08.12.2022

МТСП: Министерството во октомври со 47.4% заштеда на електрична енергија

Министерството за труд и социјална политика во октомври 2022 година, со примена на мерките за заштеда на електрична енергија, евидентира помала потрошувачка од 47.4% во споредба со потрошувачката на електрична енергија истиот месец претходната година.

Повеќе

06.12.2022

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Јаин, Заменик амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Луциен Аегертер и Раководителката на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред присуствуваа на регионалната конференција, Родово одговорни политики – Добри пракси и предизвици од регионот. Конференцијата е во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со UN Women Скопје со поддршката од Швајцарија и Шведска.

Повеќе

06.12.2022

Тренчевска: Успешните младински политики на дело – „Гаранција за млади“ ги надмина поставените цели 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на регионална конференција со фокус на младите насловена „Гаранција за млади“, организирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и поддршка од меѓународните организации.

Повеќе

05.12.2022

 

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Повеќе

05.12.2022

Тренчевска: Вложувањето во младите останува во нашиот фокус, креираме политики и мерки со кои ја зголемуваме младинската вработливост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настан во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Повеќе

05.12.2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2022 година.

Повеќе

02.12.2022

Тренчевска: Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество и треба да обезбедиме еднакви услови и еднакви шанси за сите граѓани без исклучок

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември. Настанот беше организиран од страна на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија и Германското друштво за интернационална соработка – (ГИЗ), на кој што присуствуваа и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за здравство, Беким Сали, постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак, директорот на Германското друштво за интернационална соработка – (ГИЗ), Давид Оберхубер и претседателот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Повеќе

02.12.2022

Хусејин: Како Министерство за труд и социјална политика креираме политики во кои централно место заземаат лицата со попреченост

Заменик министерот на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин изминатата вечер ја отвори изложбата на слики од XI-тата Mеѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Повеќе

01.12.2022

Хусејин: Пристојната работа е најдобриот и најсигурниот излез од сиромаштијата, ги активираме ранливите категории на пазарот на труд

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на на промоција на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, поддржан од Европската Унија, а го спроведува Агенцијата за вработување на Северна Македонија, во координација со Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

01.12.2022

Тренчевска: Социјална реформа на дело – проширен капацитетот на градинката во Крива Паланка за нови 102 дечиња

Ефектите од социјалната реформа што ја спроведува Владата На Република Северна Македонија преку Министерството за труд и социјална политика достапни за младите семејства од Општина Крива Паланка. При проширувањето на капацитетите на градинката „Детелинка“ со новиот објект „Поточиња“ се создадоа дополнителни 102 места за згрижување на дечиња од предучилишна возраст, со што значително се прошируваат капацитетите за оваа социјална услуга во општината. Постојниот објект на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка преку надградбата доби пет нови занимални, од кои една е наменета за деца до двегодишна возраст, а останатите четири се за хетерогени групи на деца на возраст од две до шест години. При изведбата на градежните зафати користени се современи градежни материјали кои овозможуваат висока енергетска ефикасност на објектот.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }