28.12.2023
Финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани е на нивните сметки
Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Повеќе
28.12.2023
Тренчевска: Граѓаните го препознаваат значењето на нашите колективни напори за одржување на достоинството на трудот
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на презентацијата на новата Mетодологија за пресметка на синдикалната кошничка, настан во организација на Сојузот на синдикати на Македонија.
Повеќе
27.12.2023
Соопштение до медиуми во врска со настанатата тешка несреќа на работа со смртни последици на градежен работник случена на ден 17.11.2023 година
Министерството за труд и социјална политика заедно со Државниот инспекторат за труд заради објективно информирање на јавноста го издава следното соопштение во врска со случената пријава за несреќа при работа со фатална последица што се случи на ден 17.11.2023 година на градилиште лоцирано на ул. Пиринска бр. 31, Скопје во кој животот го загуби градежниот работник Т.М.
Повеќе
26.12.2023
Тренчевска: Ние сме единствена земја во регионот каде социјалниот дијалог е жив
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва на дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тема на разговор на емисијата беше новиот колективен договор, социјалниот дијалог преку кој се носат мерките, зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплата на пензиите.
Повеќе
26.12.2023
Тренчевска: Продолжуваме со силна поддршка на граѓански организации во превенцијата и спречување на насилството
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Проф. др. Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка се обратија на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“.
Повеќе
26.12.2023
МТСП: Нови 54 места во дом за стари лица во Пробиштип
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потпишаа договор за изведување на градежни работи со цел пренамена на јужното крило на здравствениот дом „Неда Михајлова“ во дом за стари лица.
Повеќе
25.12.2023
Тренчевска: Среќата се споделува и помеѓу највозрасните и помеѓу најмладите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во теренска посета на Прилеп, Кривогаштани и Битола. Во рамките на активностите – Среќата се споделува која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршката на фондација „ЗАЕВ“ денес беа доделени над 100 пакети храна на ранлива категорија на граѓани.
Повеќе
22.12.2023
МТСП: Mинистерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности во Република Словенија, Лука Месец во посета на Северна Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава ја пречека делегацијата на Словенија во состав на Лука Месец, министер за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности во Република Словенија, Тјаша Набергој, шеф на кабинетот на министерот, Мојца Пршина, генерален директор, генерален директор за пазар на труд и вработување, Грета Метка Барбо Шкербинц, в.д. генерален директор на Службата за вработување на Словенија, Шпела Штерн Јеленц, раководител на службата за европски прашања, Уршка Липовж, советник на министерот, Татјана Ковачич, ополномоштен министер, Амбасада на Република Словенија во Скопје.
Повеќе
20.12.2023
Тренчевска: Во периодот на празници мора да има ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.
Повеќе
20.12.2023
На 28 декември ќе се изврши исплата на финансиска поддршка
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:
Повеќе
19.12.2023
МТСП: Повеќе средствата на општините за зголемување на капацитетите во градинките
Согласно одлука донесена на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика денес потпиша 5 договори за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на реализација на средства од капитални дотации. Министерството потпиша договори со Општина Бутел, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров, Општина Аеродром, и Општина Карпош.
Повеќе
18.12.2023
МТСП: Одбројуваме со насмевки, затоа што СРЕЌАТА СЕ СПОДЕЛУВА!
Министерството за труд и социјална политика со поддршката на приватниот сектор и невладините организации и фондации, а во соработка со останатите министерства во пресрет на Новата година започна низа на настани во духот на предновогодишните празници. Настаните под името „Среќата се споделува“ ги мапираат ранливите категории на граѓани кои се дел од штитениците на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
18.12.2023
Тренчевска: Придобивките од миграцијата и заштитата на правата на мигрантите се неразделни
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по повод Меѓународниот ден на мигрантите се обрати на настанот во организација на Интернационалната организација за миграција во Република Северна Македонија.
Повеќе
18.12.2023
Тренчевска: Младите сами треба да бидат дел од креирањето на можностите за кариера
Министерството за труд и социјална политика во рамки на Активноста на УСАИД во заедничка соработка, денес објавиja истражувањето насловено „Младински аспирации за кариера и вештини“. Целта на истражувањето е да се добие реална слика од страна на младите за нивните интереси за градење кариера и вклучување на пазарот на трудот.
Повеќе
15.12.2023
Тренчевска: Проекциите на населението ќе придонесат кон креирање на политики за подобар квалитет на живот
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше еден од говорниците кои го отворија настанот за презентација на проекциите на населението на Република Северна Македонија до 2070 година.
Повеќе
12.12.2023
Тренчевска: Соработката со МОТ е столб на унапредувањето на правата на работниците
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.
Повеќе
11.12.2023
Тренчевска: Работниците и нивните права за нас се на прво место, затоа континуирано продолжуваме да соработуваме со МОТ
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од РСМ се сретнаа со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти. На средбата фокусот на разговорот беше на соработката и придонесот на Меѓународната организација на трудот во работата на Министерството за труд и социјална политика во делот на поголеми работнички права, подобри работни места и флуидноста на работници на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.
Повеќе
11.12.2023
МТСП: Тренчевска ја предводи делегацијата на РСМ во Будимпешта, Унгарија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава отпатува за Будимпешта, Унгарија со цел учество на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.
Повеќе
09.12.2023
МТСП: Усвоен предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика информира дека денес (09.12.2023), на 206 -тата седница на Влада беше усвоен текстот на Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани кој треба да ја се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани согласно деветтиот пакет на антикризни мерки. Истиот се испраќа до Собранието со предлог да се усвои по скратена постапка и исплатата да почне од овој месец.
Повеќе
07.12.2023
МТСП: „Сложувалка“ ја завршивме со руралните жени, таму каде што имаме најголем успех на економско зајакнување изминатите години
Завршниот настан од кампањата „Сложувалка“ организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Фондот за население на Обединетите Нации - УНФПА во РСМ со поддршка на Британската Амбасада во Скопје. На панел дискусијата „Жените во рурална средина - развој, зајакнување и сопирање на родово-базирано насилство“ се обратија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и земјоделката од беровското село Будинарци, Вангелина Пармачка, додека настанот го затвори Амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер.
Повеќе
07.12.2023
Тренчевска: Антикризните мерки се за помош на граѓаните со најниски примања
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со пратеничката Даниела Колева денес се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: „Сложувалка“ споена и во Битола
„365 денови треба да се зборува за насилството, додека нашата „Сложувалка“ зборува овие 16 денови интензивно за сите видови на насилство со кои се соочува особено младата генерација. Нашата кампања е токму посветена на заедничкото постапување на сите учесници во превенцијата од насилството“ рече Тренчевска.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: „Сложувалка“ поттикнува и поддржува, преку меѓуинституционална соработка до сеопфатен одговор на прашањето за насилството врз жените
Министерството за труд и социјална политика заедно канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршка на Британската амбасада во РСМ продолжија со спроведување на кампањата “ Сложувалка“ во рамки на глобалната кампања 16 дена активизам за борба против насилството врз жените. За таа цел беше одржана панел дискусија на тема „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата - корен на родово базираното насилство “ во Шуто Оризари. На панел дискусијата се обратија: Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Заменик министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за здравство, Маја Манолева извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, претставничка од здружението „Иницијатива за правата на жените - Шуто Оризари“, Ајсел Амет.
Повеќе
05.12.2023
Тренчевска: Да зборуваме секој ден за насилството, заедно да зајакнуваме и поттикнуваме
Во организација на канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија беше организирана Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“. Настанот е организиран во рамките на 16 денови активизам за борба против родово базирано насилство. На тркалезната маса министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше на тема „Улогата на институциите во борбата против семејното насилство“.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година.
Повеќе
01.12.2023
Тренчевска: Во континуитет и развиваме социјални услуги со што овозможуваме достоинствено, активно и социјализирано стареење
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на панел дискусијата „Стареењето и миграцијата: двојни демографски предизвици во Северна Македонија“ во рамки на конференцијата организирана од страна на Светска Банка по повод 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Светска Банка.
Повеќе
01.12.2023
Тренчевска: Ниту едно дете со попреченост не е веќе во институција, тоа е гордост и за Владата и за министерството
„Во изминатите години имаме одлична соработка со Светска Банка во спроведувањето на Проектот со подобрување на социјалните услуги. Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам и на тимот кој работи на проектот кој што покажаа добри резултати, пред се за граѓаните. Особено ме радуваат резултатите во делот на детската заштита. Нашата цел е да обезбедиме пристап до предучилишно воспитание и образование за сите деца“ вака го започна министерката состанокот со претставниците од Светска Банка.
Повеќе