Установа за деца-детска градинка

Јавна детска градинка се основа од страна на советот на општината, советот на општината во градот Скопје и Владата на Република Македонија под услови утврдени со Законот за заштита на децата. Детска градинка во приватна сопственост се основа од страна на домашно или странско физичко или правно лице под услови утврдени со Законот за за заштита на децата.
Странските правни или физички лица со седиште односно место на живеење во земјите-членки на Европската Унија и ОЕЦД можат  да основаат детски градинки во приватна сопственост како и домашните правни и физички лица.

Средства за основање и работа на установата  ги обезбедува основачот.

Јавна детска градинка се основа од страна на советот на општината, советот на општината во градот Скопје и Владата, со одлука за основање на јавна детска градинка по претходно прибавено мислење од Министерството односно на предлог на Министерството за јавна детска градинка основана од Владата.
  • Основачот, од како ќе донесе одлука за основање на јавна детска градинка ,до Министерството  за труд и социјална политика доставува барање за добивање на решение за вршење на дејноста , за отпочнување со работа на установата.
  • Со барањето доставува акт за основање со кој се утврдува особено: назив, односно име на основачот; назив, односно име на фирмата на установата и седиште на установата за деца; видот на дејноста на установата за деца; средства за основање и почеток со работа на установата за деца и начин на обезбедување на средства; време за кое установата се основа; права и обврски на основачот во поглед на вршењето на дејноста и меѓусебни права и обврски на установата за деца и основачот; управување со установата за деца; права и обврски на  установата за деца во правниот промет; вршител на должноста директор и рок за донесување на статутот. 
  • Одобрението за основање на приватна установа за деца (детска градинка)  се издава врз основа на поднесено барање на правно односно физичко лице. 
  • Барањето за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца  (детска градинка)  се доставува до Министерството за труд и социјална политика.
  • Кон барањето за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца  (детска градинка)  се поднесува елаборат за потребите од ваков вид на установа и документација за потребните услови  (обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста;обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства). 
  • (Основачот со елаборатот за основање на установата го определува видот и обемот на дејноста, просторните услови, опремата, потребниот број стручни кадри, програмата за вршење на дејноста и јазикот на кој се изведуваат активностите од програмата, начин на обезбедување на средства за вршење на дејноста, заштита при работа на вработените и заштитата на корисниците на јавната услуга).
  • По добивање на Барањето министерот формира комисија која врши  непосреден увид во исполнетоста на условите за давање одобрение за основање и изготвува  записник од истиот.
  • Одобрението за основање на приватна установа за деца го дава Владата по претходно мислење на Министерството за труд и социјална политика, доколку се исполнети условите предвидени во Законот за заштита на децата (обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста;обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства) и доколку програмите ги исполнуваат стандардите и нормативите  за вршење на дејноста.

    (Со одлуката на Владата за давање одобрение за основање на приватна установа се утврдува:  видот на дејноста за која се основа установата; потребниот кадар, опрема, простор, според стандарди и нормативи за вршење на дејноста;   планиран број на опфат на деца; програма за вршење на дејноста;  јазикот на кој се изведуваат активностите содржани во програмата и почеток со работа на приватната установа)
  • По добивањето на Одлуката за давање одобрение за основање на приватна установа за деца –детска градинка, Министерството за труд и социјална политика ја доставува истата до основачот со известување за начинот (постапката) на добивање решение за вршење на дејноста.
  • Основачот до Министерството  за труд и социјална политика доставува барање за добивање на решение за вршење на дејноста , за отпочнување со работа на установата.
  • Со барањето доставува акт за основање со кој се утврдува особено: назив, односно име на основачот; назив, односно име на фирмата на установата и седиште на установата за деца; видот на дејноста на установата за деца; средства за основање и почеток со работа на установата за деца и начин на обезбедување на средства; време за кое установата се основа; права и обврски на основачот во поглед на вршењето на дејноста и меѓусебни права и обврски на установата за деца и основачот; управување со установата за деца; права и обврски на  установата за деца во правниот промет; вршител на должноста директор и  рок за донесување на статутот.

    ( Ако установата ја основат двајца или повеќе основачи доставуват и договор за заедничко основање на установата, со кој се уредуваат  меѓусебните односи како соосновачи на установата, а особено нивните права и обврски). 

    Установата за деца  може да отпочне со работа откако министерот ќе утврди дека се исполнети условите утврдени со овој закон и другите прописи и ќе донесе решение за вршење на дејноста.
  • Решението се донесува врз основа на мислење на комисија, составена од три члена, именувани од министерот за труд и социјална политика .
  • По донесување на решението за вршење на дејноста, установата за деца (детска градинка)се запишува во соодветниот регистар на Централниот регистар на Република Македонија.

Детска градинка има статут со кој се пропишуваат нејзината организација, начин на работа, управување и раководење. 

Детската градинка запишува и прима деца врз основа на пријави преку целата година.

Ако во  јавна детската градинка се има пријавено поголем број на деца отколку што има слободни места, за приемот решава комисија за прием на деца која е именува директорот.

Составот и начинот на работа на комисијата како и поблиските критериуми за прием на деца во градинката ги утврдува управниот одбор на градинката во согласност со советот на општината и советот на општината во Градот Скопје, а Министерството за јавна детска градинка основана од Владата.

По жалба против решението на комисијата решава градоначалникот на општината и општината во градот Скопје, а министерот за јавна детска градинка основана од Владата.
Комисијата е надлежна да решава и за остварување на правото за партиципација за децата згрижени во јавни детски градинки.

По жалба против решението за правото за париципација на комисијата решава  министерот.

Родителите се должни при приемот на детето во градинката да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост.

Правата и обврските на градинката и корисниците на услугите се уредуваат со договор, со кој особено  се регулираат меѓусебните односи на давателот и корисникот на услугата, квалитетот на услугата, начинот на плаќањето, изборот на програмата, должината на престојот на детето во установата и други прашања во поглед на заштита на детето и дејноста на градинката.       

Дејноста на детската градинка се остварува според програми за остварување на дејноста согласно  Законот за заштита на децата.

Детската градинка е должна на родителите да им ги претстави програмите кои ги изведува, нивните цели, содржини и методи на работа.

Родителите имаат право за своите деца во детските градинки да избираат програми за згрижување и воспитание на децата.

Детската градинка според времетраењето остварува програми за:

  • целодневен престо (во траење од 9 до 11 часа);
  • полудневен престој (во траење од 4 до 6 часа и може да се изведува  предпладне, попладне или наизменично );
Програмите за целодневен престој и програмите за полудневен престој се наменети за деца на возраст до поаѓање во основно училиште и опфаќаат згрижување и воспитување  на децата; 
  • скратени програми (во траење од 260 до 600 часа ) се наменети за деца на возраст од три години  до  шест години односно до поаѓање во основно училиште и опфаќаат згрижување и  воспитување на децата со или без исхрана на децата; 
    Скратените програми се наменети и за деца на подолготрајно болничко лекување;
  • Пилот програми -  се програми со посебни педагошки принципи кои се изведуваат во јавни детски градинки по добиено одобрение од министерот  по мислење на Бирото за развој на образованието; и
  • вонинституционални форми за активности со деца се кратки програми во траење од три часа дневно коишто  можат да опфатат: игри, игровни  активности, креативни работилници, детски работилници од подрачјето на културата и уметноста, спортски активности,  наменети за деца на возраст од три години до поаѓање во основно  училиште и се организираат и изведуваат од јавните детски градинки по добиено одобрение од министерот  по мислење на Бирото за развој на образованието.

Работата во детската градинка се организира во зависност од возраста на децата  во хомогени групи и тоа:

1) до 12 месеци..............................................од   6 до   8 деца

2)над 12 месеци до 18 месеци.....................од   8 до 10 деца

3)над 18 месеци до 2 години...................... од  10 до 12 деца

4)над 2 години до 3 години..........................од  12 до 15 деца

 5)над 3 години до 4 години..........................од  15 до 18 деца

 6)над 4 години до 5 години.........................од  18 до 20 деца

 7)над 5 години до 6 години......................... од  20 до 25 деца

По исклучок во зависност од возраста на децата, може да се организира:

 1) Хетерогена група

   до две години...............................................................   од 10 до 12 деца

   од две години до поаѓање во основно училиште …    од 18 до 20 деца

 2)Комбинирана  група

    од 12 месеци до поаѓање во основно училиште …    од 15 до 20 деца.

  3) Група деца со пречки во развојот      .................        од   5 до    8 деца.   

  4)Група деца од шест  години, односно  од поаѓање во

   основно  училиште до десет години  .............              од 20 до 30 деца

 Во  групите може да се вклучи едно дете со лесни пречки во менталниот  развој или телесна попреченост, во кој случај бројот на децата во групите се намалува за две деца.

 По исклучок, во зависност од условите за работа, потребата на децата и родителите или програмите за остварување на дејноста, јавната детска градинка во групите може да има поголем број на деца, односно помал број на деца од бројот на деца утврдени за што согласност дава основачот на установата.

По исклучок, во зависност од условите за работа, потребата на децата и родителите или програмите за остварување на дејноста, приватната детска градинка во групите може да има помал број на деца од бројот на деца погоре, за што согласност дава основачот на установата.

 Во детската градинка активностите се изведуваат на македонски јазик и кирилско писмо.

 За децата на припадниците на другите заедници воспитно-образовните активности во детските градинки се изведуваат на јазикот на соодветната заедница, за група деца, согласно со одредбите од овој закон.

 Доколку постои интерес за изведување на активности и на други јазици, воспитно образовните активности во детски градинки може да се изведуваат за група деца согласно со одредбите од овој закон.

 Детска градинка организира згрижување и воспитание на деца со пречки во менталниот развој или телесна попреченост, сообразно на видот и степенот на попреченоста.

Како деца со пречки во менталниот развој или телесна попреченост  се сметаат: слепи и слабовидни деца, глуви и наглуви деца, деца со пречки во говорот, деца со телесна инвалидност како и деца со тешкотии во однесувањето и личноста.

 Згрижувањето и воспитанието на децата со лесна  попреченост во менталниот развој и телесна попреченост  кои имаат потреба од прилагодено изведување на програмите за предучилишни деца со дополнителна стручна помош или со прилагодени програми,  се организира во редовните групи. 

Згрижувањето и воспитанието на децата со умерена попреченост во менталниот развој или телесна попреченост, се организира  во посебни групи според посебни програми.
Јавна детска градинка одделни услуги од својата дејност може да организира и во други просторни услови (основно училиште, болница, дом на култура, месна заедница и други установи и објекти), како и давање одредени услуги од дејноста на градинката на деца и семејства, согласно со законот за заштита на децата.

Кога во местото на живеење нема јавна детска градинка, а родителите имаат интерес за вклучување во детска градинка на одреден број деца, според кои во согласност со нормативите и стандардите за вршење на дејноста може да се формира една група, детската градинка од најблиската општина одделни услуги од својата дејност по претходно добиена согласност од Министерството може да ги организира во други просторни услови. Постапката за отварање на група во други просторни услови градинката ја поведува по барање на основачот и општината во која нема детска градинка

Кога во јавната детска градинка нема слободни места, а родителите имаат интерес за вклучување во детска градинка на одреден број деца, според кои во согласност со нормативите и стандардите за вршење на дејноста може да се формира една група, детската градинка одделни услуги од својата дејност може да организира во други просторни услови по претходно добиена согласност од Министерството.

 Во случај кога во определена општина нема јавна детска градинка или јавен центар за ран детски развој основан од општината или има правни лица кои немаат доволен капацитет, а родителите имаат изразен интерес и има потребен број на деца за основање на нови установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, општината или општината во градот Скопје  може, во рок од 30 дена од документирањето на потребата, да отпочне постапка за доделување на концесија или доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство со правни лица во приватна сопственост кои вршат дејност во рамките на системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, согласно закон. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }