31.01.2024

Средба Велковски-Ди Џовани: МТСП и УНИЦЕФ ќе се залагаат за унапредување на социјалната и детската заштита во државата

Унапредувањето на соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, беше тема на денешниот прв официјален состанок помеѓу министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и преставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.

Повеќе

30.01.2024

Велковски: Државата е оставена во голема сиромаштија, следува отворање нови работни места и реформа на системот на социјална заштита

“Моите заложби ќе бидат насочени кон реформа на системот на социјална заштита. Ќе се избориме против сиромаштијата и социјалната исклученост на нашите граѓани преку отворање на нови работни места како единствен услов за излез од оваа социјална криза”, е пoраката која денеска ја упати министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при посетата на осумчленото семејство Кипријановски во кумановското село Љубодраг, кое неколку години живее во социјален ризик, без соодветна грижа и поддршка од државата.

Повеќе

26.01.2024

Тренчевска: Нема да дозволиме детската сиромаштија да ги намали можностите на децата во нашата држава

Промовирана е новата соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика во делот на детската заштита на настанот за промоција на ефикасноста и ефективноста на детската гаранција по примерот на земјите во Европската Унија. Европската детска гаранција е механизам на ЕУ за спречување на социјалното исклучување на децата на кои им е потребна преку гарантирање пристап до низа клучни основни социјални услуги. 

Повеќе

25.01.2024

Тренчевска: Младите нека продолжат да бидат иницијатори, ние сме тука иницијативите да ги донесеме до реалност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес присуствуваше на саемот на услуги „Начини до добро ментално здравје“ во организација на Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

25.01.2024

Тренчевска: Место за 100 нови деца во предучилишните установи во Гостивар

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Флакрон Беџети официјално го означија почетокот на функционирањето на доградбата на градинката „Детска Радост“ во Гостивар. 

Повеќе

24.01.2024

Тренчевска: УНИЦЕФ останува верен партнер на МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес заедно со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани го потпишаа едногодишниот план за работа кој ги вклучува канцеларијата на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика. 

Повеќе

24.01.2024

Финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани е на нивните сметки

Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец јануари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Повеќе

24.01.2024

Тренчевска: Нови 75 места во градинката „Димче Мирчев“ во Велес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо го одбележаа официјалното отпочнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес со која се обезбедува нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа.

Воедно на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со поддршката на амбасадата.

Повеќе

22.01.2024

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународен универзитет Визион и Министерство за труд и социјална политика

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и проректорот на Меѓународниот универзитет Визион, Проф. д-р Абдулмеџит Нуредин потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишувањето на овој Меморандум за соработка е резултат на заедничката заложба и интерес за развој и унапредување на практичната настава, како и со цел давање на свој придонес за зајакнување на капацитетите на високото образование преку развивање меѓусебна соработка.

Повеќе

22.01.2024

Тренчевска – Ѕуо: Инклузивноста во детската заштита е на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во нивната посета на Детската градинка „Виножито“ Струмица информираа за донацијата на кинеската амбасада на сензорни соби за деца со попреченост во градинки во Струмица, Гевгелија и Велес.

Повеќе

18.01.2024

Тренчевска: Ние сме верни поддржувачи на Сојузот на борци и ќе продолжиме да придонесуваме во нивните активност

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес беше дел од трибината НОБ 1944-2024 во организација на Сојузот на борци. Министерката на трибината беше заедно со Претседателот на Сојузот на Борци, Никола Стојановски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска. 

Повеќе

18.01.2024

Тренчевска: Се залагаме сите штитеници на МТСП да ги вклучуваме на пазар на труд преку нивна доквалификација

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потпиша меморандум за соработка со Васка Леонтиќ, директорката на приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ кој ќе овозможи соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Центарот за стручна обука.

Повеќе

18.01.2024

Тренчевска: Продолжуваме со соработката со општините во делот на детската заштита 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес на состанок со градоначалниците го најави повикот за аплицирање за грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти. 

Повеќе

17.01.2024

Беџети: Деинституционализацијата овозможува повеќе права за лицата со попреченост

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Флакрон Беџети денес се обрати на настан за промоција на Иницијативата за формирање на мрежа на даватели на социјални услуги на панел дискусијата „Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги“.

Повеќе

17.01.2024

Тренчевска: Насилството не е приватна работа затоа се стремиме сервисите да бидат присутни во сите населени места

Потпишан нов меморандум за тесна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје.

Повеќе

17.01.2024

Тренчевска: Топло добредојде за новиот претставник на UNHCR, Габриел Гулијано де Годој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска му посака добредојде на новиот претставник на UNHCR во државата, Габриел Гулијано де Годој. На средбата министерката најпрво му ја објасни работата на Министерството за труд и социјална политика и го претстави тимот кој посветено работи на прашањето за миграциите во државата уште од 1999 година. 

Повеќе

16.01.2024

Тренчевска: Децата остануваат наш приоритет, а воедно и соработката со УНИЦЕФ

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за идните приоритети во соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Повеќе

16.01.2024

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на министерството.

Повеќе

11.01.2024

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ ВО ВРСКА СО НАСТАНАТАТА ТЕШКА  НЕСРЕЌА НА РАБОТА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ СЛУЧЕНА НА ДЕН 08.01.2024 година

Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд  изразуваат искрено сочувство до семејството на жртвата објавува за трагичниот настан колективна несреќа при работа  на двајца работници  со фатален исход за едниот работник  О.Т. и потешка повреда при работа на другиот работник С.Ј. 

Повеќе

11.01.2024

Тренчевска: Успешно завршуваат само иницијативите кои почнуваат со амбициозни и посветени партнери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставниците на извидниците кои беа дел од тимот кој ја спроведуваше глобалната иницијатива „Walk and Talk“ во нашата држава. Иницијативата беше спроведена од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.

Повеќе

11.01.2024

Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во детските градинки е на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.

Повеќе

10.01.2024

На 24 јануари 2024 година ќе се изврши исплата на финансиска поддршка

Министерство за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. 

Повеќе

05.01.2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2023 година.

Повеќе

04.01.2024

Соопштение за јавност за неработни денови 7 и 8 јануари

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }