31.07.2021

Министерката Шахпаска: Ја отворивме 15 -та детска градинка за само 11 месеци, 167 дечиња од Неготино ја добиваат најсовремената градинка во државата

„Навистина ми претставува задоволство што денеска ја отвораме 15-та нова детска градинка за само 11 месеци, која ќе згрижи 167 деца од Општина Неготино. Граѓаните од оваа општина ја добиваат најсовремената градинка во државата градена согласно најдобрата пракса за просторно уредување и таа е целосно енергетски ефикасен објект“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешното отворање на новата детска градинка во Неготино.

Повеќе

30.07.2021

Шахпаска: Законот за стечајците е усвоен, обезбеден е надомест од 9.242 денари, стечајците кои ги исполнуваат условите да се пријават во АВРСМ

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги повика сите стечајни работници кои ги исполнуваат условите предвидени во Законот за стечајци, да се пријават во Агенцијата за вработување, веднаш откако тој ќе стапи на сила.

Повеќе

30.07.2021

МТСП: Ги повикуваме стечајните работници кои ги исполнуваат условите од новиот Закон за стечајци во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, Министерството за труд и социјална политика обезбеди паричен надоместок за уште 1100 стечајци. 

Повеќе

29.07.2021

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надоместок од 9.242 денари

„Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог – законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Повеќе

29.07.2021

Министерката Шахпаска: Инвестираме во целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца во Општина Сопиште, секое дете е важно

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска во Општина Сопиште направи увид во градежните работи на новиот објект при  ЈОУГД „Виножито“, втор објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во оваа општина.

Повеќе

28.07.2021

Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

Во Битола денеска се отвори вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во државата, како дел од ЈУ „Домот за доенчиња и мали деца“ во Битола. Тој ќе понуди поддршка на 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници од Пелагонискиот и југозападниот плански регион.

Повеќе

28.07.2021

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Министерството за труд и социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.

Повеќе
28.07.2021

Соопштение 

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Повеќе

27.07.2021

Децата од градинката „Пеперутка“ во Стајковци ги отворија вратите на новата градинка, гости им беа премиерот Заев, министерката Шахпаска и градоначалникот на Гази Баба Георгиевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска учествуваа на настанот по повод пуштањето во употреба на градинката „Пеперутка“ во Стајковци.

Повеќе

27.07.2021

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 27.07.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

26.07.2021

Шахпаска: 38 деца со интелектуална попреченост ќе ја добиваат услугата нега и рехабилитација во новиот Дневен центар во Општина Липково

Во новоизградениот специјализиран Дневен центар во с.Оризаре, 38 деца со интелектуална попреченост од општината Липково, ќе бидат подготвувани за соодветно вклопување во редовниот образовен систем. Подготовката ќе ја врши стручен тим составен од рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

Повеќе

26.07.2021

Министерката Шахпаска: Започна со работа првиот Центар за поддршка на згрижувачките семејства во нашата земја, социјалната реформа продолжува

Започна со работа првиот Центар за поддршка на згрижувачките семејства во нашата земја. Центарот се наоѓа во просториите на поранешниот дом за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во центарот на градот. Негото воспоставување е резулат на заложбите на Министерството за труд и социјална политика, кое заедно со социјалните институции и меѓународни партнери од УНИЦЕФ имаат за цел да се зајакне и подобри грижата за децата кои,од различни причини, не можат да живеат со своите семејства.

Повеќе

26.07.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници од Коалицијата „Менуваме“: Барањата на лицата со попреченост се и наши приоритети, заеднички работиме на нивно исполнување

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Коалицијата „Менуваме“ со кои разговараше за нивните барања во насока на подобрување и унапредување на состојбата на лицата со попреченост.

Повеќе

23.07.2021

Шахпаска за „Коха“: Со законската мерка „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, посочи дека во носењето на законското решение со Предлог - законот за работни односи со кој се дефинира дека недела е ден за одмор“ беа вклучени сите засегнати чинители. Шахпаска посочи дека за ова законско решение се разговараше на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажаа своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија.

Повеќе

22.07.2021

Шахпаска: Во Општина Бутел за една година ќе никне нова градинка која ќе згрижи 90 деца  

Во скопската Општина Бутел за една година ќе никне нова детска градинка. Од први август започнува изградбата на новиот објект „Свети Климент Охридски“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“. Граѓаните на Бутел ќе можат да ги згрижуваат своите најмили, уште од најраната возраст. Во градинката која треба да биде завршена до септември 2022 година ќе има место за 90 деца. 

Повеќе

22.07.2021

Шахпаска: На 50 лица над 65 години, жители на општините Бутел и Чучер Сандево, им ја носиме помошта и негата во домовите, граѓанинот останува стожер на социјалната реформа

Социјалната услуга нега и грижа во домот за постари лица од 65 години, кои не можат да се грижат за себе, пристигна и во скопските општини Бутел и Чучер Сандево. Од денеска 50 стари лица ќе добиваат помош во извршување на активностите во секојдневниот живот од 25 обучени негуватели. Целта на оваа социјална услуга, која за првпат се воведува кај нас, е да се подобри здравјето на корисникот во неговото семејно окружување. Негувателите ќе бидат задолжени да им помагаат на корисниците во набавката на храна, лекови, чистење во домот, прошетки и слично.

Повеќе

21.07.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Независниoт синдикат на судска полиција: Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со претставници на Независен синдикат на судската полиција во Република Северна Македонија, на која се разговараше за унапредување на правата на членовите на судската полиција.

Повеќе

21.07.2021

Министерката Шахпаска: Нега Центарот во Демир Хисар ќе обезбеди помош и нега во домот за 21 лице над 65 години, социјалната реформа продолжува

„Старите лица од Демир Хисар кои имаат потреба од помош отсега ќе имаат помирни денови во својата трета доба. Токму за ваков исход се залагавме кога ја започнавме социјалната реформа“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на врачувањето на лиценцата за услуга на помош и нега во домот за стари лица на Црвениот крст.

Повеќе

20.07.2021

МТСП: Интензивно ги  унапредуваме правата на лицата со попреченост, заеднички ги креираме сите политики, отворени сме за дијалог со сите 

Во врска со денеска најавениот протест на неколку здруженија на лица со посебни потреби информираме дека инклузијата на лицата со попреченост е врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и за таа цел преку повеќе проекти работиме на унапредување на правата и положбата на лицата со попреченост. 

Повеќе

20.07.2021

МТСП: Социјалната реформа продолжува, обучени 300 негуватели да пружаат нега на 900 стари лица

Со Проектот за подобрување на социјалните услуги 300 негуватели ќе пружаат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови. Со оваа социјална реформа се предвидува реализација на социјалните услуги како што е помош и нега во домот на стари лица и пружање на услуги во Дневен центар за лица со попреченост. А децата со попреченост во Дневните центри ќе добиваат групна, индивидуална и окупациска терапија. Покрај работата со лицата со попреченост предвидено е и советување и работилници и со родителите со цел тие полесно да се справуваат со своите деца во домашни услови.

Повеќе

20.07.2021

Министерката Шахпаска во Дневникот на Сител ТВ: Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија успеваме да ја гарантираме извесноста на пензиите и тие ќе продолжат да растат

„Пензискиот фонд е стабилен и во услови на пандемија успеваме да ја гарантираме извесноста на пензиите. Нивната исплата е редовна и се исплаќаат предвреме. Пензионерите двапати во годината го добиваат законското усогласување согласно порастот на трошоците за живот. Во месец јануари имаше пораст за 1.2%, и сега во Јули повторно 1.2% тоа се 300 денари кои пензионерите ќе ги добиваат секој месец, до крајот на годината. Нашата економија постепено ќе закрепнува, со порастот на БДП за кој постојат сериозни анализи дека ќе биде над 4.1%, верувам дека пензиите ќе продолжат да растат“, рече министерката Шахпаска.

Повеќе

19.07.2021

Шахпаска: Соработката меѓу АВРСМ и Центрите за социјална работа е клучна за брза активација и вработување на примателите на гарантирана минимална помош

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денес одржа работен состанок со директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. На средбата присуствуваа и претставници на различни сектори од Министерството и Агенцијата за вработување.

Повеќе

19.07.2021

Министерката Шахпаска: Со општина Карпош започна Проектот за подобрување на социјалните услуги, први корисници се 60 лица над 65 години

Општина Карпош е првата општина во која започна реализацијата на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Со Проектот 20 негуватели ќе се грижат за 60 лица над 65 години на која им е потребна во одржување на личната хигиена и во домот и обезбедување на потребни намирници, до 80 часа месечно. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Црвениот крст им ја додели дозволата за вршење на дејноста.

Повеќе

17.07.2021

МТСП: Пензионерите со јулската пензија добиваат зголемени пензии за 1.2%, по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот

Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%.

Повеќе

16.07.2021

Министерката Шахпаска: Обезбедивме 55.500 хигиенски пакети за ранливите семејства 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска заедно со волонтерите од Црвениот крст посети неколку семејства во Скопје, кои се дел од ранливите категории на граѓани и на кои им беа поделени хигиенски пакети.  

Преку проект поддржан од Светска Банка, Министерството за труд и социјална политика, обезбеди над 55.500 хигиенски пакети во вредност од 40 милиони денари, кои веќе се распределуваат низ државава.

Повеќе

16.07.2021

Министерката Шахпаска: Интензивно работиме на формализација на секое работно место, тоа за работниците значи сигурност, извесност и заштита на работничките права

„Справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места како за работниците така и за општеството, се исклучително важни прашања и во регуларни услови, но тоа е особено важно во услови на ваква сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на промоцијата на кампањата за справување со непријавената работа „За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот“, во организација на Меѓународната организација на трудот.

Повеќе

15.07.2021

Министерката Шахпаска: Јосифово добива целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца, градежните активности се одвиваат со забрзана динамика

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо  Костадинов, денеска направија увид во градежните работи на новиот објект-детска градинка во село Јосифово, Општина Валандово.

Повеќе

15.07.2021

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка-Аудио читач "Кико", достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Дигиталната апликација–Аудио читач „Кико“, што Министерството за труд и социјална политика ја подготви заедно со УНДП, а со која ќе се олесни комуникацијата и функционирањето на слепите лица ќе биде бесплатна и ќе може да се користи без интернет поддршка. 

Повеќе

14.07.2021

Министерката Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка - Аудио читач, која им обезбедува поголема независност и непречено функционирање во секојдневието

„Ми претставува особена чест и задоволство што денес на лицата со оштетен вид и на членовите на Националниот сојуз на слепи можам да им соопштам дека Апликацијата Аудио читач е готова и можат да ја користат“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во своето обраќање по повод започнување со употреба на првата мобилна апликација, Аудио читач за слепи лица и лица со оштетен вид.

Повеќе

13.7.2021

Заев и Шахпаска: Дополнителни 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Предлог на Закон за стечајците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на заедничка прес-конференција, го претставија новиот Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Предлогот на Законот, денеска беше усвоен на седница на Влада, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

13.7.2021

Хусејин: Вклучувањето на ромската етничка заедница во интегративните процеси не може да се реализира доколку не се креираат политики наменети само за нив

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на регионалниот вебинар за достапност на податоци и официјална статистика релевантни за јавните политики за инклузија на Ромите.

Повеќе

10.07.2021

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и  55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​ како дел од теренската вакцинација против Ковид -19  

Денеска, во Специјалниот завод Демир Капија беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на корисници–лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино.

Повеќе

09.07.2021

МТСП: Вакцинирани 27 лица со интелектуална попреченост од Заводот за рехабилитација на деци и млади во Топанско Поле како дел од теренската вакцинација против Ковид 19

Во просториите на Заводот за рехабилитација на деци и млади Скопје (Топанско Поле) денеска беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на корисници – лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Скопје.

Повеќе

09.07.2021

Заменик министерот Хусејин со поддршка за Центарот за психосоцијална поддршка во Црвен Крст на РСМ

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска се обрати на настанот организиран по повод отворање на Центар за психосоцијална поддршка во Црвен Крст на РСМ, притоа искажувајќи поддршка за оваа иницијатива на Црвениот крст на РСМ.

Повеќе

09.07.2021

Средба Шахпаска – Циглер Краљ: Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, синоќа по официјалната вечера на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија имаше неформална средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ.

Повеќе

08.07.2021

Министерката Шахпаска на Министерскиот состанок на ЕУ во Брдо кај Крањ: Северна Македонија е прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција, поддршката од ЕУ и меѓусебната соработка се клучни за успешни младински политики
 
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. Министерскиот состанок е во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, кое започна на почетокот на овој месец. 

Повеќе

08.07.2021

Работен појадок на министерката Шахпаска со австрискиот министер за труд Кохер: Младинската гаранција дава резултати, креираме конкретни политики за задржување на младите дома

Во пресрет на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска утринава присуствуваше на работен појадок, што го организираше австрискиот министер за труд Мартин Кохер за министрите за прашањата од областа на трудот од Западен Балкан.

Повеќе

07.07.2021

Заменик министерот Хусејин: „Гаранција за млади“ е успешен проект со кој продолжуваме да ги поддржуваме младите во нашата држава

"Обезбедувањето пристојни можности за вработување за сите граѓани е обврска на Владата на РСМ, а приоритетот е уште поголем по настапување на кризата предизвикана од пандемијата COVID-19“, рече заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, во воведното обраќање на онлајн работилницата на која беа презентирани резултатите од Проектот за услуги за поддржано вработување на младите во Северна Македонија (2020-2021), проект којшто го спроведува Австриското министерство за социјални прашања.

Повеќе

07.07.2021

Министерката Шахпаска ќе присуствува на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, во Брдо, Словенија

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска отпатува во Република Словенија, каде што ќе се одржи Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој ќе учествуваат министрите од земјите членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Повеќе

07.07.2021

Министерката Шахпаска се обрати на ​Меѓународната Коалиција за еднакви права: Градиме општество без предрасуди, општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира

„Република Северна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството. Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи е наш приоритет како Влада“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во видео обраќањето на виртуелната конференција организирана од Меѓународната Коалиција за еднакви права во која членува и нашата земја.

Повеќе

06.07.2021

Министерката Шахпаска: Домот за стари лица "д-р Иван Влашки" од Берово го прошири капацитетот за 10 лица, МТСП инвестираше во негово опремување во вредност од над 1.300.000 денари
 
„За нас како Влада и ресорно министерство грижата за граѓаните, особено ранливите категории, почнувајќи од најмладата возраст па се до највозрасните граѓани е наш врвен приоритет“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешното отворање на новиот дел, третата ламела на Домот за стари лица "д-р Иван Влашки" во Берово.

Повеќе

05.07.2021

Министерката Шахпаска: Околу 5.000 деца Роми се вклучени со проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, градиме општество еднакво за сите, општество кое интегрира, а не сегрегира


„Образованието во раното детство игра клучна улога во развојот на децата и има значајни позитивни социо-економски ефекти врз целото општество. Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот завршен настан на кој се презентираа постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“. 

Повеќе

05.07.2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јуни 2021 година.

Повеќе

02.07.2021

Министерката Шахпаска на првата седница на Националното координативно тело за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство: Обезбедуваме нов и ефикасен пристап во справувањето со родово базираното насилство   

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. 

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }