30.06.2022

Средба на Министерката Тренчевска со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на која се зборуваше за потребата од унапредување на социјалната и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и заштита на нивните работнички права.

Повеќе

30.06.2022

Тренчевска: Развојот на локалните социјални услуги ги обединува сите чинители во градењето на заедницата 

Поддршка за развој на одржливи и квалитетни социјални услуги во локалните заедници според потребите на граѓаните и размена на искуства и практики меѓу општините, како даватели на социјални услуги, беше главна тема на настанот „Инвестирање во локални социјални услуги“, на кој покрај министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, учествуваа и претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Нафи Сарачини, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, претставници на општините и ЗЕЛС, експерти од областа на социјална заштита и граѓански организации.

Повеќе

30.06.2022

ПроКредит Банка направи донација од музички инструменти во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле

Во ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле беше направена донација од ПроКредит Банка – Скопје. На денешната средба на Директорката на Заводот Асие Пашоли и претставниците на банката беше потпишана донација на музички инструменти: пијано, 2 виолончела, мандола, гитара и друго. Инструментите се наменети за креативната терапија на лицата со попреченост за стекнување на нови вештини и надминување на предизвиците во делот на комуникација и ресоцијализација.

Повеќе

29.06.2022

Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Повеќе

28.06.2022

Хусејин: Сензорните соби имаат ислучително значење за лицата со попреченост, унапредувањето на квалитетот на нивниот живот е наш приоритет

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на промоцијата на сензорна соба во дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Виница.

Повеќе

28.06.2022

Тренчевска: Инклузијата и почитувањето на правата на лицата со попреченост е еден од нашите клучни приоритети

Министерката за труд и социјална Јованка Тренчевска денеска се обрати на Националната работилница за подготовка на „Националната стратегија за правата на лицата со попреченост“ на која што присуствуваше и Премиерот Димитар Ковачевски, Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф и Директорот на ГИЗ Канцеларијата на Северна Македонија Давид Оберхаубер.

Повеќе

28.06.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии
 
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Повеќе

25.06.2022

Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера вечер во Битола, присуствуваше на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ во организација на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт. Целта на кампањата која започна од почетокот на месец јуни, е подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.


Повеќе

24.06.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог е силна основа за градење на општество во кое владее социјалната правда 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на  Конференцијата „Социјални предизвици“, организирана од Амбасадата на Република Франција, Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола во рамки на Француското претседателство со Советот на ЕУ. Целта на конференцијата беше да се даде осврт на главните социјални предизвици со кои се соочуваат граѓаните на земјите-членки на ЕУ, како и на земјите кандидати.

Повеќе

23.06.2022

Тренчевска-Гир: Продолжува заедничката заложба и реализација на проектите од кои придобивка имаат граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Дејвид Гир.

На средбата соговорниците разговараа на теми кои се во надлежност на министерството за труд и социјална политика, како и соработката на заеднички проекти, кои се од големо значење за граѓаните на Северна Македонија. Клучните теми беа во областа на  родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, вклученоста на Ромите во општеството, процесот на деинституционализација, детската заштита и младинската гаранција.

Повеќе

23.06.2022

Тренчевска: Соработката со граѓанските и меѓународните организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан на кој беше презентирана компаративната анализа – „Предизвиците на КОВИД-19 во одговор на мигрантите и бегалците во Западен Балкан“, организиран од страна на граѓанската организација „Легис“, а со учество на меѓународниот и граѓанскиот сектор.

Повеќе

22.06.2022

Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присутвуваше на настан организиран од УН агенциите во земјава, каде водено беше презентирана „Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија-2021“, и беше  претставена заедничката програма на ОН „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“.

Повеќе

20.06.2022

Tренчевска: Креираме политики и воспоставуваме регулатива за поуспешно спротивставување на насилството врз жените и девојчињата, вклучително и сајбер насилството 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА.

Повеќе

17.06.2022

Тренчевска од Рим: Средбите со министрите од регионот се одлична можност за размена на искуства и воспоставување соработка од која придобивка имаат сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на министерската конференција за стареење во Рим, Италија, покрај учеството на конференцијата, реализираше и поединечни средби со министерките на Република Турција и Србија.

Со денешните панел дискусии се заокружи неколкудневната конференција во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија.

Повеќе

16.06.2022

Тренчевска од Рим: Во создавањето идни социјални услуги согласно потребите на граѓаните, значајна улога имаат демографските податоци во една држава

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на министерската конференција во Рим, Италија реализираше средба со директорката на Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), г-ѓа Џулија Валезе, на која уште еднаш беше потврдена одличната соработка на бројни проекти со оваа организација. Како дел од позначајните се вбројуваат отворање кризни центри за жени кои биле сексуално злоупотребувани, проектите со имплементација на Истанбулската конвенција, како и создавање механизми за заштита на жените од насилство. 

Повеќе

16.06.2022

Тренчевска од Рим: Преку економски и социјални политики го подобруваме квалитетот на живот на старите лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествува на дводневна министерска конференција во Рим, Италија, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија. 

Министерката Тренчевска денеска учествуваше на  панел дискусијата на сесијата организирана од Владата на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), на тема „Зајакнување на демографската отпорност преку искористување на можностите од стареењето на населението“.

Повеќе

16.06.2022

Министерката Тренчевска ќе учествува на министерска конференција во Рим

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Рим, Италија поради учество на дводневна Министерска конференција за стареење, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија. 

Со годинешната конференција се одбележуваат две децении од усвојувањето на Мадридскиот акциски план за стареење и регионалната стратегија за имплементација.

Повеќе

13.06.2022

Тренчевска: Инклузијата на децата Роми во предучилишниот процес е клучна за нивниот понатамошен детски развој и вклучување во образовниот систем 

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа презентација на постигнатите резултати на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи-детски градинки“, на којa воведно обраќање имаше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. 

Повеќе

13.06.2022

Хусејин: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси за сите граѓани и придонесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин ја отвори Конференцијата за поддршка на социјалните претпријатија наменета за промоција на социјалното претприемништво пред приватниот сектор, притоа искажувајќи искрена заложба за развој на социјалната економија и поддршката што е потребна за развој на социјалното претприемништво.  

Повеќе

09.06.2022

Средба Тренчевска-Колер: МОТ продолжува со поддршката на Северна Македонија во унапредувањето на трудовото законодавство 

Во рамките на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Регионалниот директор на МОТ за Европа и Азија во Женева, г-дин Хајнц Колер. Тема на средбата  беа активностите и проектите коишто се спроведуваат во Република Северна Македонија, во делот на техничка помош и поддршка од Меѓународната организација на трудот. 

Повеќе

09.06.2022

Заменик министерот Хусејин учествува на 25. Eвроазиски Економски Самит во Истанбул, Турција

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествува на 25. Eвроазиски Економски Самит организиран од страна на Фондацијата Мармара (Marmara Group Fondation), во Истанбул, Турција.

Повеќе

08.06.2022

Тренчевска од Женева: Социјалниот дијалог во државата го подигнавме на повисоко ниво, заедно креираме одржливи и трајни решенија 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати на 110-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Повеќе

07.06.2022

Министерката Тренчевска ќе учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отпатува за Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 110-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Повеќе

03.06.2022

Битиќи и Тренчевска на Саем за вработување и кариера: Преку младински политики и мерки инвестираме во младите во склад со нивните потреби и визија за развој на државата

Заменик претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како владини претставници, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Абдулменаф Беџети, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами и претседателот на Совет на Општина Гостивар, Валбон Лимани, како и претставници на локалната власт, се обратија на отворањето на дводневниот Саем за вработување и кариера во Младинскиот ресурсен центар „I Can“ во Гостивар.

Повеќе

02.06.2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2022 година.

Повеќе

01.06.2022

Тренчевска: Вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание, тоа е клучно за правилниот раст и развој на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Меѓународниот ден на децата присуствуваше на завршната приредба подготвена од страна на мини матурантите од ЈОУДГ Фидани“, Општина Чаир.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }