31.03.2022

ТренчевскаЗголемувањето на пристапот до квалитетни услуги значи поголема грижа за лицата со аутизам

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на меѓународниот ден за лицата со аутизам оствари средба со Здружението за деца со аутизам „Мојот свет“. 

Повеќе

31.03.2022

Тренчевска: Грижата за ранливите категории граѓани е наша заедничка одговорност, со ГИЗ продолжуваме да работиме на проекти од кои придобивка имаат сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Мајкл Самец, тим лидерот на проектите за социјални права за ранливи категории лица и превенција и спречување на трговија со луѓе од Западен Балкан, од Германското друштво за интернационална соработка, (ГИЗ), Светлана Здравковска и Весна Вујовиќ, координатор на ГИЗ за нашата земја. 

Повеќе

31.03.2022

Тренчевска се сретна со пратенички од Република Таџикистан: Родовиот концепт во буџетските политики придонесува мажите и жените да бидат еднакви

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со пратеничките од Парламентот на Република Таџикистан. Студиската посета е во рамки на „Размена на добри практики за вклучување на родовата перспектива и зајакнување на улогата на жените во Парламентот на Северна Македонија“. Средбата се одржа во Ресурсниот центар за кој министерката рече дека е особено горда бидејќи освен во нашата земја има само уште два во светот, во Мароко и Кореја.

Повеќе

31.03.2022

Тренчевска: Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на презентацијата на Предлог–студиска програма за иницијално образование на воспитувачи. Во дискусијата за унапредување и поттикнување на раниот детски развој и способностите на децата за учење, учествуваа министерот за образование Јетон Шаќири, универзитетски професори од Педагошките факултети во земјава, претставници на МТСП и на Светска Банка.

Повеќе

30.03.2022

Тренчевска: Обезбедена нова финансиска помош за 1000 лица од ранливите категории, Црвениот Крст останува наш партнер во грижата за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, денеска ја најавија новата финансиска поддршка наменета за 1000 корисници на Гарантирана минимална помош, во чии домаќинства има член над 69 години.

Повеќе

30.03.2022

Тренчeвска: Потпишавме два нови договори за изградба на детски градинки во Могила и Гевгелија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша два Договори за соработка со градоначалниците на Општина Могила и на Општина Гевгелија, за изградба и за доградба на две детски градинки.

Повеќе

30.03.2022

Тренчевска: Градиме координиран пристап за превенција и кривично гонење на сторителите на кривичното дело „трговија со луѓе“

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Проценка на ризиците и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“. Целта на конференцијата која ја организираше Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, во соработка со Канцеларијата на специјалниот претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ и поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е споделување на  искуствата во превенцијата и борбата против „трговијата со луѓе“.

Повеќе

30.03.2022

Тренчевска- Мекачи: Соработката со ОБСЕ во областите на родова еднаквост, поддршката на лицата со попреченост и ранливите категории на граѓани, продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу ОДИХР иминистерството, со акцент на политиките и активностите во областа на родовата еднаквост, недискриминацијата, унапредување на правата на лицата со попреченост, како и положбата, статусот и правата на Ромите, како ранлива категорија на граѓани.

Повеќе

29.03.2022

Тренчевска на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите: За унапредување на родовата еднаквост сите треба активно да се вклучиме
 
За унапредување на родовата еднаквост треба сите активно да придонесуваме, бидејќи е клучна за демократијата и просперитетот на нашето општество, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пред членовите на собраниската Комисија за  еднакви можности на жените и мажите на чиј дневен ред беше Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026. Целта на Стратегијата  е  да се унапреди родовата еднаквост, во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски.

Повеќе

29.03.2022

Тренчевска: Со Оперативниот план за 2022 година вреден 30 милиони евра опфативме околу 15.000 граѓани, воведуваме и „зелени инвестиции“

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. Пет милиони евра повеќе од минатата година за вработување на ранливи категории на наши граѓани, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на промоцијата на Оперативниот план за 2022 година. 

Повеќе

28.03.2022

Тренчевска: Интезивирање на активностите на институциите е клучно за вистинска имплементација на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на работилница за решавање на предизвикот со неевидентирани лица во матична книга на родени и граѓанскиот статус на лицата без документи во Клуб на пратеници, на која учествуваа претставници од клучните институции кои што се поврзани со имплементацијата на Законот за неевидентирани лица и претставници на граѓанскиот сектор.

Повеќе

28.03.2022

МТСП: Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.03.2022 год. (вторник) започнува етапната исплата на мартовските пензии.

Повеќе

25.03.2022

Тренчевска: Социјалните ментори-мост помеѓу замислата за промена и вистинската промена

Дванаесет социјални ментори-ментори за работна интеграција, од денес ќе ги менуваат животите на тешко вработливите лица. Денес и официјално им беа врачени сертификатите за улогата која ќе ја имаат во време на многу предизвици и промени во светот на работата.

Настанот во хотел „Солун“ беше заокружување на шестмесечната верификувана едукативна програма за социјални менторство низ која поминаа носителите на идната професија, а чиј креатор е Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

Повеќе

25.03.2022

Тренчевска-Гарсија: Ќе ја зајакнеме соработката во интерес на европската перспектива на земјава
 
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Луис Лосано Гарсија.

Изразувајќи благодарност за поддршката што Шпанија и ја дава на земјава на патот кон ЕУ, министерката Тренчевска рече дека очекува соработката меѓу институциите на двете држави да се продлабочи.   

Повеќе

24.03.2022

Тренчевска-Силвестри: Соработката со Италија е важна за македонските евроинтеграции

​Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри. На средбата беа отворени повеќе теми, меѓу кои за  Законот за родова еднаквост, за инклузија  на лицата со попреченост, за правата на ЛГБТ заедницата.

Повеќе

23.03.2022

МТСП: Градоначалникот и Советот на Општина Битола го попречуваат функционирањето на детската градинка „Естреја Овадија Мара“

МТСП целосно и докрај го спроведува Законот за заштита на децата, со цел детските градинки да ја извршуваат својата основна функција, згрижување на децата од предучилишна возраст.  

Повеќе

23.03.2022

Тренчевска: Социјалниот договор за усогласување на останатите плати продолжува 

Економско-социјалниот совет денеска одржа седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како претседателка на ова тело. На седницата која беше во поширок состав, присуствуваа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, образование и наука, информатичко општество, Бесими, Шаќири, Алити, претставници на Синдикатите и Организација на работодавачи, репрезентативни и нерепрезентативни.

Повеќе

23.03.2022

Тренчевска: Само обединети може да постигнеме подобри резултати во превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство  

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилница за спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. На работилницата која е организирана во соработка со УНФПА, претставници од институциите и организациите информираа за проектните активности за спречување и заштита од насилство врз жените. 

Повеќе

23.03.2022

МТСП: Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари почнуваат со исплата од 29 март

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.

Тоа се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9% во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари.

Повеќе

22.03.2022

Тренчевска: Преку политики и атрактивни​ мерки, ја намалуваме младинската невработеност и го подобруваме квалитетот на животот на младите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Да кажеме Стоп на иселување на младите“, во организација на Прогрес институт.

Повеќе

22.03.2022

Тренчевска: Креираме работни места барани на пазарот на трудот, обезбедивме 424 обуки за ИТ вештини 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата Skills4FutureWeek: „Патот кон трансформациски промени“. Тридневната конференција се реализира во рамките на проектот „Премостување на јазот кај дигиталните вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада во Скопје. Министерката Тренчевска во својот говор, рече дека паралелно со светските технолошки достигнувања, Владата креира работни вештини најбарани на пазарот на трудот. Таа посочи дека образованието е единствениот начин уште од мали нозе, побрзо да се подготвиме за предизвиците на новото време и дека како држава вложуваме во дигиталната писменост. 

Повеќе

22.03.2022

Тренчевска: Интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера присуствуваше на јавна дебата по повод 21 Март- Меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, организирана од Здружението на граѓани „Исчекор- Општество за сите”, во Домот на културата 25 мај- Валандово. 

Повеќе

21.03.2022

Тренчевска: Помош и нега во домот за околу 40-тина лица на возраст од над 65 години во Кочани, поквалитетен и спокоен живот за нашите највозрасни граѓани

Спроведувањето на социјалната услуга Помош и нега во домот значајно го унапредува квалитетот на живот на возрасните лица и во општина Кочани. Во ова се убедија министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов откако посетија корисници на оваа нова социјална услуга во општината.

Повеќе

21.03.2022

Тренчевска во посета на градинката „Гоце Делчев“ во Виница: Инвестирањето во човечкиот капитал, во децата, е најдобрата инвестиција за секоја држава 

„Ми претставува вистинска радост секој момент поминат со најмладите, во нашето општество, децата. Тие се нашата иднина и секој влог во нив е влог во иднината, во создавањето на подобро и похумано општество за сите. Општество кое нуди еднакви можности за сите граѓани, од најмлада до најзрела доба,“рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при посетата на детската градинка „Гоце Делчев“, во Општина Виница.

Повеќе

21.03.2022

Тренчевска на 66. седница на Комисијата за статусот на жената на ОН во Њујорк: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот 

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот. Ова е концептот со кој нашата земја беше и се уште е призната како лидер во регионот, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66. седница на Комисијата за статусот на жените на ОН во Њујорк. 

Повеќе

20.03.2022

Тренчевска за Радио Слободна Европа: На крајот на годината, во просек буџетот на пензионерите ќе биде поголем за околу 12.000 денари

„Новата методологија со усвојувањето на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување овозможува постојан раст на пензиите. Целта на оваа Влада е системско решавање на растот на пензиите,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Повеќе

20.03.2022

Тренчевска за Радио Слободна Европа: Мерката самовработување дава одлични резултати, најголем дел од компаниите формирани преку оваа мерка се одржливи

Мерката самовработување следејќи ги податоците од 2018 година до сега, дава добар резултат и најголем дел од фирмите кои што се формирани со поддршка на оваа мерка се одржливи,“ рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со одржливоста на компаниите формирани преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми на Министерството за труд и социјлана политика, чиј имплементатор е Агенцијата за вработување.

Повеќе

20.03.2022

Тренчевска за Радио Слободна Европа: Намерата на Владата е во период на Ковид криза, економска и енергетска криза да опфати што поголем број на граѓани

„Системот на социјална заштита со реформите од 2019 година е така направен да може да ги апсорбира сите граѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Повеќе

18.03.2022

Тренчевска посети две семејства во Крушево: Преку  социјалните услуги  на локално ниво инвестираме во сите граѓани

При посетата на двете семејства во Крушево, се уверив дека преку социјалните услуги на локално ниво, инвестираме во сите граѓани, рече министерката Тренчевска. Семејството на Ружица Чоневски, кое згрижува две лица со попреченост, шестгодишно дете со Даунов синдром и 42 годишно лице со умерена попреченост користи надоместоци за социјална услуга, посебен додаток, гарантиран детски додаток и образовен додаток за деца што се во редовна настава. Таа порача дека Владата и Министерството ќе продолжат со обезбедувањeто на социјалната сигурност и дека оваа година социјални надоместоци ќе добијат 300.000 наши граѓани.

Повеќе

18.03.2022

Тренчевска: Активностите дефинирани во Заедничкиот работен план за 2022 година, придонесуваат за исполнување на приоритетите и целите на Министерството и остварување на Целите за одржлив развој

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на вториот состанок на Заедничкиот управувачки комитет (ЗУК), за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој, на ОН 2021-2025 година, во Република Северна Македонија.

Повеќе

17.03.2022

Тренчевска: За посреќна детска игра ќе ги разубавиме дворовите на детските градинки „Весело Штркче“ и „Јаготка“, ќе изградиме и 12 детски градинки

Грижата за децата е високо на агендата на Владата и на Министерството за труд и социјална политика и затоа нема да застанеме во намерата да отвораме што повеќе детски градинки, рече министерката Јованка Тренчевска, при посетата на градинката „Весело Штркче“ во прилепското село Кривогаштани. Таа посочи дека оваа година со блок дотации од Министерството за труд и социјална политика во висина од околу два милиони денари, ќе бидат реконструирани дворовите на објектите за згрижување на деца од предучилишна возраст „Весело Штркче“, и на „Јаготка“, во селото Обршани.

Повеќе

17.03.2022

Тренчевска посети две семејства во Прилеп и едно во Кривогаштани: За да чекориме заедно го унапредивме системот на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска посети две семејства во Прилеп и едно во Кривогаштани, кои се приматели на мерките за социјална заштита. Шестчленото семејство на Шенѓул и Ерџан Куртишови е корисник на гарантирана минимална помош, на детски и на образовен додаток. Мерките се дел од реформите на Законoт за социјална заштита, со кои се обезбедува ефикасен одговор во делот на грижата, особено за децата во ризик. Во Прилеп околу 2.700 граѓани се приматели на гарантирана минимална помош, со што на семејствата во ризик им се помога преку унапредување на системот на социјални услуги, кои стануваат достапни и блиски до граѓаните.

Повеќе

17.3.2022

МТСП: Обезбедивме одржлив и континуиран раст на пензиите, повисоки пензии за околу 900 денари и финансиска поддршка од 3000 денари

Измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обезбедува одржлив и континуиран раст на пензиите едногласно беа усвоени од пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.

Со овие измени пензионерите добиваат повисоки пензии за околу 900 денари, согласно новата методологија за усогласување на пензии, која предвидува усогласувањето на пензиите да се врзе за  порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%.

Повеќе

16.03.2022

Тренчевска: Инвестирањето во човечкиот капитал е најважниот фактор на долгорочниот економски раст на една земја

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, советничката на претседателот на Владата на РСМ, Нина Фити, претставници од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, оддржаа работен состанок со претставници на Светска банка во земјава, на кој беше присутен и програмскиот лидер за човечки развој за земјите од Западен Балкан и главен економист во Светска банка, Јамеле Риголини.

Повеќе

16.03.2022

Тренчевска: Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал се приоритети на кои посветено продолжуваме да работиме

„Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал, целосната поддршка на лицата изложени на социјален ризик и младите на пазарот на трудот овозможуваат забрзан и одржлив економски раст и развој кон подобар животен стандард,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешниот Состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, кој се оддржа онлајн. 

Повеќе

15.03.2022

Тренчевска за ТВ Сител: Процесот на колективно договарање и за усогласувањето на платите со СОНК, ќе почне  

Заедно со претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со останатите синдикати ќе седнеме на маса и ќе го отвориме процесот на колективно договарање и усогласувањето на останатите плати, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во интервју на телевизија Сител.   

Повеќе

15.03.2022

Тренчевска: Помошта од 1.000 денари ќе се исплаќа на трансакциските сметки на пензионерите и примателите на гарантираната минимална помош, а не со ваучери  

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител, рече дека помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе биде исплаќана директно на трансакциските сметки, а не со ваучери. Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај. Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

Повеќе

15.03.2022

Тренчевска: Соработката меѓу МТСП и Светска банка продолжува, заедно работиме на унапредување на социјалната и детска заштита и градење на човечкиот капитал

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи и дел од тимот кои работат на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ), чиј имплементатор е Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

Повеќе

14.03.2022

МТСП: Директорката на градинката „Детска Радост“- О.Гази Баба е вратена на работа

Во врска со случајот за разрешување на директорката на градинката ,,Детска Радост“- Општина Гази Баба, Ве информираме дека постапувајќи по Укажување на Министерството за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска. 

Повеќе

14.03.2022

Тренчевска: Интересот на жените за дигитални вештини расте, креираме мерки со кои граѓаните стануваат поконкурентни на пазарот на труд  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата за женско претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, организиран од страна на Центарот за управување со промени (ЦУП), во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID.

Повеќе

13.03.2022

Тренчевска за Телевизија 24: Во наредните три месеци сите пензионери во државата ќе добијат по 1.000 денари финансиска поддршка

Сите 330.000 пензионери во државата со исплатата на пензијата во месеците април, мај и јуни, дополнително ќе добијат по 1.000 денари на своите сметки, рече министерката за труд и социјална политикал Јованка Тренчевска во интервју за Телевизија 24. За оваа мерка за која Владата и Сојузот на здруженија на пензионери се договорија, од буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе бидат одвоени околу 16 милиони евра. Таа говореше и за новата методологија за усогласување на пензиите, која ќе значи постојан раст во наредниот период.

Повеќе

13.03.2022

Тренчевска: 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош во наредните три месеци ќе добиваат по 1.000 денари 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на Телевизија 24, рече дека пакетот од 26 мерки што го донесе Владата, покажува грижа за сите граѓани и за компаниите, но дека мерките се со посебен акцент за  помош на најранливата категорија на граѓани. Таа посочи дека од антикризниот пакет кој изнесува 400 милиони евра, за мерката финансиска поддршка за примателите на гарантираната минимална помош по 1.000 денари во наредните три месеци, ќе бидат одвоени околу сто и десет милиони денари.

Повеќе

11.03.2022

МТСП: 35 000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

​Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории. Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.  

Повеќе

11.03.2022

Тренчевска: Отворањето на двата групни домови во Демир Капија, потврда за продолжување на деинституционализацијата

„Со процесот на деинституционализација ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и можности за сите наши граѓани и сегрегацијата ја менуваме со интеграција. Различностите не се нешто од што треба да се плашиме и треба да научиме да живееме со нив,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешното отворање на две станбени единици за живеење со поддршка во Општина Демир Капија.

Повеќе

10.03.2022

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедуваме поддршка за сите граѓани 

Остварените права се видливи права, особено кога на лицата со телесна попреченост им се олеснува движењето во јавниот живот, со што тие постојано ќе бидат меѓу нас, рече министерката  за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешниот настан организиран од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Македонија „Мобилност-Македонија“.

Повеќе

10.03.2022

Тренчевска - Лудва: Чешка силно ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на која разговараа за можностите за понатамошна соработка меѓу двете држави, особено со чешкото министерството во чија надлежност се трудот и социјалната политика.

Повеќе

10.03.2022

Тренчевска: Значењето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во фокусот на средбата со прaтeничките од Косово 

Потребна е сеопфатна политика за борба против насилството врз жените, но и развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, рече  министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба во Собранието, меѓу претставничките од Клубот на пратенички на Република Косово и Клубот на пратенички на Република Северна Македонија.

Повеќе

09.03.2022

Тренчевска: Инвестирањето во раниот детски развој е клучен за квалитетни млади генерации

Децата се нашето најголемо богатство и затоа инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на конференцијата насловена како „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“, организирана од Владата и УНИЦЕФ со поддршка од Британската амбасада. 

Повеќе

09.03.2022

МТСП:  Намалената сума за исплата од Солидарниот фонд на пензионерите е одлука на Сојузот на здруженија на пензионери

Во врска со дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите, Министерството за труд и социјална политика, информира дека, намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Повеќе

08.03.2022

Тренчевска: Нашата борба продолжува, се до моментот на постигнување на еднаквост во сите области на општественото живеење

Под слоганот „Различни приказни, заедничка борба“ денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан по повод 8 март-Меѓународниот ден на жената, во организација на Министерството за труд и социјална политика, на кој присуствуваа жени од различни ранливи категории.

Повеќе

08.03.2022

Тренчевска: Превенцијата е клучен елемент во борбата против родово-базираното насилство

Родово базираното насилство не познава национални или културни граници, тоа е проблем од меѓународни размери. Насилството врз жените претставува еден од најсериозните проблеми на денешницата и затоа кон негово решавање пристапуваме енергично, темелно и одлучно, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во своето обраќање на зум-презентацијата на извештајот на ОБСЕ, насловен како „Превенција на родово базирано насилство врз жени и девојки со попреченост“.

Повеќе

08.03.2022

Тренчевска-ДиЏовани: Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска оствари протоколарна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата двете соговорнички отворија прашања од областа на детската и социјалната заштита, заштита на децата од насилство, инклузивноста на детските градинки. Министерката Тренчевска рече дека во наредниот период, МТСП ќе ги забрза реформите, особено  во  јакнење на капацитетите на социјалните работници.

Повеќе

07.03.2022

Тренчевска – Мари Брнс: Ќе ја продлабочиме воспоставената соработка

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнс. На средбата двете соговорнички се осврнаа на веќе воспоставената добра меѓусебна соработка и за нејзиното унапредување.

Повеќе

07.03.2022

Тренчевска: Економија на грижа - дел од социјалната реформа на државава, 600 корисници ќе добиваат грижа од 150 обучени негователи

Под слоганот „Силни жени-силни заедници“, денеска во Македонска филхармонија во организација на Министерството за труд и социјална политика, a во соработка со УНДП, швајцарската амбасада и Агенцијата за вработување, се одржа настан во пресрет на 8март-Меѓународниот ден на жената. Вклучувањето на жената во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на програмите за вработување на тешко вработливите жени во заедницата беше носечката тема на настанот.

Повеќе

07.03.2022

Тренчевска: Ќе ги унапредиме правата на руралните жени 

Преку отворен дијалог и дебата ќе дојдеме до заедничко решение, за предлогот на Националната федерација на фармери во делот на остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа на денешната презентација на Анализата за изнаоѓање на правен механизам – „Заедно до успех“, подготвена од Националната федерација на фармери на Македонија, посочи дека процесот во унапредувањата на правата на жените земјоделки ќе  биде транспарентен со вклученост на сите засегнати страни. 

Повеќе

05.03.2022

Тренчевска: Со повисоки пензии и плати ги исполнуваме очекувањата на граѓаните

Kреираме политики за подобрување на економскиот стандард на граѓаните, за почитување на работничките и човековите права, политики за праведно општество без дискриминација, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и еднаков пристап до ресурсите, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервјуто за „Фронтлајн.мк“. На новинарско прашање за покачувањето на пензиите и платите на администрацијата, таа посочи, дека реално е нашите највозрасни граѓани и админстративните работници да имаат повисоки примања.

Повеќе

05.03.2022

Тренчевска: Државниот инспекторат за труд постојано е на терен, до сега направи 347 надзори за „Недела неработен ден“

Инспекциските служби на Државниот инспекторат за труд се постојано на терен за да утврдат како се спроведува законското решение со кое недела стана неработен ден за работниците, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во интервју за електронскиот медиум Фронтлајн.мк. Таа посочи дека за само два месеци ДИТ направи 347 надзори. Од изречените мерки најголем број се за работодавачи кои не го известиле ДИТ дека работниците ќе работат во недела.

Повеќе

04.03.2022

Пензискиот систем е стабилен и одржлив е заклучокот од седницата на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело.

Повеќе

03.03.2022

Тренчевска: Со отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно буџетирање, потврдуваме дека сме лидери во регионот во родовата еднаквост

„Родово одговорните буџети се клучни за создавање на еднакви можности за жените и мажите. Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна е буџетите да станат родово одговорни“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при отворањето на првиот Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во државата и регионот.

Повеќе

03.03.2022

Тренчевска-Фугер: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер. На состанокот беше разговарано за проекти и активности на полето на социјалната заштита. 

Повеќе

03.03.2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита 

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2022 година. 

Повеќе

02.03.2022

Тренчевска: Инклузијата на лицата со попреченост носи придобивки за целото општество, обезбедуваме еднакви можности за сите
 
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  денеска се сретна со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп.

На средбата соговорниците разговараа за потребите и предизвиците на лицата со попреченост, личната асистенција која сега е достапна од шестгодишна возраст и инклузивниот процес на лицата со попреченост  во општествениот живот.

Повеќе

02.03.2022

Тренчевска: Ќе има социјален дијалог и за платите во јавната администрација

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговараше за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин за репрезентативноста на Синдикатите во колективното договарање.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }