27.03.2024
Хусејин: Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности за сите
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за одржлив развој на организацијата на Обединетите нации 2021-2025 во Република Северна Македонија.
Повеќе
26.03.2024
Велковски: Ќе обезбедиме средства за реновирање на Центарот за лица со посебни потреби во Штип
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на секојдневните теренски посети во градовите низ Македонија, оствари средба со вработените во Центарот за социјални работи и ги посети Дневниот центар за лица со попреченост и Здружението на пензионери од Штип, на кои што средби од страна на присутните беа истакнати наталожените проблеми во текот на изминатите години.
Повеќе
26.03.2024
Велковски со апел до пратениците на СДСМ и ДУИ: Не терајте политика на грбот на децата, 5 минути работа е да ги изгласате измените
На неколку дена пред распуштање на Собранието, предлог законските измени на Законот за заштита на децата којшто беше предложен од техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, а чија што цел е решавање на проблемот со недостаток на лиценциран стручен кадар во градинките во Македонија, Собранието одбива да го стави како точка на дневен ред, реагираше денеска министерот Велковски.
Повеќе
24.03.2024
Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина
„Ова што го откривме пред една недела е само еден сегмент од како системот не треба да функционира во една држава и како да ги заштедиме парите кои што не треба да бидат исплаќани незаконски кон корисниците“, рече техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за детектираната злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на средства за над 2200 корисници.
Повеќе
23.03.2024
Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на којашто средба пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи.
Повеќе
22.03.2024
Втора седница на Економско Социјален Совет–
Минимална плата 22 567 денари во нето износ
На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, имплементацијата на работниот план на прегледот на занимања за периодот 2023 година, Извештајот за работа на Државниот инспекторат за труд за 2023 година и Информација за учество на Меѓународната конференција на трудот во Женева во месец јуни 2024 година.
Повеќе
22.03.2024
Во тек е исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на финансиската помош во месец март согласно Законот за финансиска поддршка. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Повеќе
21.03.2024
Велковски: 150 лица престојуваат во Домот за стари лица Сју Рајдер Битола, а има само 7 медицински лица
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центарот за социјална работа Битола каде се разговараше за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Велковски го посети и Домот за згрижување на стари лица Сју Рајдер од Битола во кој во моментов престојуваат 150 лица за кои се грижат само 7 медицински лица.
Повеќе
20.03.2024
Велковски: Со пензија под минималните примања и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат
210.000 пензионери во Македонија имаат под минимални примања и со овие пари се оставени да преживуваат од 1ви до 1ви следниот месец, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски кој денеска се сретна со пензионерите од Кичево и Гостивар.
Повеќе
20.03.2024
Велковски: Професионализмот во Центрите за социјална работа мора да биде на највисоко ниво
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центрите за социјална работа во Кичево и Гостивар, на коишто средби директорите и вработените ги истакнаа актуелните проблеми со коишто се соочуваат во процесот на спроведување на тековните активности и пружање социјална заштита за корисниците.
Повеќе
19.03.2024
Реакција
Оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР, нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии. Овој атак има име и презиме, а јавноста многу добро знае кое е тоа.
Повеќе
18.03.2024
Велковски: Милионски криминал во МТСП со социјалната помош
2.252 незаконски исплаќања биле направени на сметките на корисници на средства за гарантирана минимална помош, со што е направен милионски криминал во МТСП преку злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и противправно исплаќање на овие средства, обзнани денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.
Повеќе
15.03.2024
Велковски: Лошите услови за работа и престој во Дневните центри и непродуктивните реформи ќе станат минато по 8 мај
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на теренските активности ги посети Центрите за социјална работа во Кратово и Крива Паланка, Дневниот центар за лица со посебни потреби во Кратово и Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка, каде што изврши увид во работењето на истите.
Повеќе
15.03.2024
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во рамките на надлежностите на техничкиот министер денеска до директорите на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на Mинистерството за труд и социјална политика, министерот Ѓоко Велковски испрати укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со изборниот законик.
Повеќе
14.03.2024
Велковски: „Со 120 денари не можам да го поминам денот“ ми порачаа пензионерите од Неготино
„Празна торба. Немам средства, пари, да купам и да ја наполнам. Не да ја наполнам, да ставам барем лепче и оваа вечер така ќе седам. Еве ја празната торба. Со 120 денари не можам да го поминам денот“, рече еден од пензионерите од Неготино, револтиран на покачувањето на пензиите од само 5%.
Повеќе
12.03.2024
Велковски: Да ги вратиме нашиите работници дома
Под мотото #Шанса За Сите, денеска Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во партнерство со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации, официјално го промовира Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година. Планот оваа година опфаќа 15.244 крајни корисници од кои 11.622 лица во мерки за вработување и 3.622 со услуги.
Повеќе
11.03.2024
Министерот Велковски на одбележување на 81 година од холокаустот на македонските евреи
Свежо цвеќе на споменикот на на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат во концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.
Повеќе
07.03.2024
Велковски: Нов Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Кавадарци во вредност од над 40 милиони денари
Општина Кавадарци ќе добие нов Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, проект финансиран од министерството за труд и социјална политика во вредност од над 40 милиони денари. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски во рамки на денешната посета изјави дека стариот дневен центар којшто бил отворен во 2005 година, моментално згрижува 15 лица во многу лоши и нехумани услови.
Повеќе
07.03.2024
Велковски: 20 деца од кавадаречко Дреново ќе бидат згрижени во новата адаптирана детска градинка
Со реконструкција и преадаптација на стар објект во Село Дреново во Општина Кавадарци, жителите добиваат детска градинка која ќе ги задоволи капацитетите за згрижување на 20 деца од ова село. Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски заедно со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска извршија увид на просторните услови на градинката.
Повеќе
07.03.2024
Средба на Државниот секретар Беџети со претставници на Експертската мисија ва рамки на проектот EU Socieux
Денес во просториите на МТСП Државниот секретар Флакрон Беџети имаше работна средба со претставници на Експертската мисија ва рамки на проектот EU Socieux кофинансиран од Европската Унија за размена на податоци и информации во рамките на шемата за координација на системите за социјално осигурување.
Повеќе
05.03.2024
Велковски: 100.000 пензионери со примања под минималната плата едвај врзуваат крај со крај
„Статистиката говори за жал многу лоши податоци, а тоа е дека околу 100.000 пензионери, граѓани на Република Македонија за жал живеат со под 20.000 пензија. Тоа ако видите во пресметките е под минималната плата и може да замислите како овие луѓе врзуваат крај со крај да го истераат месецот“, изјави денеска техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски којшто одржа средба со пензионерите од Општина Тетово.
Повеќе
05.03.2024
Велковски: 270 дечиња се на листа на чекање во градинките во Тетово
Над 270 деца во Општина Тетово се на листите за чекање за згрижување во детските градинки, додека пак бројот на деца на територијата на Република Македонија е над 5.000. Ова денеска го изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при посетата на детската градинка „Младост“ во Тетово.
Повеќе
05.03.2024
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2024 година.
Повеќе
04.03.2024
Деинституционализација не смее да стане кавази реформски процес
Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со директорите на Јавните Установи од областа на социјалната и детската заштита. Првите луѓе на овие институции наведоа дека процесот на деинституционализација треба да претрпи промени во смисла на кадровската екипираност особено за корисниците со пречки во интелектуалниот и телесниот развој.
Повеќе
04.03.2024
Исплатата на четвртата финансиска поддршка е планирана за 22.03.2024 година
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:
- корисници на посебен додаток;
- корисници на правото на надоместок заради попреченост;
- самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и
- корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Повеќе
01.03.2024
Исплата на пензиите за месец февруари
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 01.03.2024 година (петок) исплатени се пензиите за месец февруари.
Повеќе