21.03.2022
Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР-2022
Почитувани,
Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.
Во прилог се и:
• Барањето за аплицирање
• формат/template на powerpoint презентација која треба да се достави заедно со апликацијата, како и
• Процедурата за избор и доделување на Националната награда, подготвена и усвоена од страна на Советот за БЗР.
Крајниот рок за пријавување на компаниите е 20 април 2022 година.
Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:
-мали компании (до 50 вработени)
-средни компании (до 250 вработени) и
-големи компании (над 250 вработени)
Согласно утврдената процедура, изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).
Пополнетите апликации, заедно со кратка powerpoint презентација (максимум 8-10 слајдови) која ќе даде генерален приказ (лична карта) на компанијата и имплементираните системи/мерки/политики за БЗР, треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси:
jasmina.chaloska@mf.edu.mk и
ddocinski@mtsp.gov.mk.
Компаниите се охрабруваат да достават и конкретен пример на добра пракса во областа на БЗР имплементиран во рамки на компанијата во текот на оваа или на изминатите 2 години (2020 и 2021) – согласно точката 21 од Барањето за аплицирање.
Информираме дека од оваа година, позитивните примери на добра пракса ќе бидат дополнително разгледувани и бодувани при евалуацијата, т.е. оценувањето на пријавените компании.
Планирано е свеченото доделување на годишните награди да се одржи во рамки на одбележувањето на „Европската недела за безбедност и здравје при работа“ во октомври оваа (2022) година.
Со почит,
Национален совет за БЗР