Права на парична помош од социјална заштита 

Право на парична помош од социјална заштита се остварува со поднесување на барање до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на бараелот, доколку ги исполни условите предвидени во Законот за социјалната заштита и соодветниот правилник. 

Социјални услуги кои се обезбедуваат преку системот на социјалната заштита 

1. услуги на информирање и упатување;

2. услуги на стручна помош и поддршка;

3. услуги на советување;

4. услуги во домот;

5. услуги во заедницата и

6. услуги за вон-семејна заштита.

Повеќе
Лесно читливи документи

Водич за лиценцирање на даватели на социјални услуги

 симнете (pdf)

 

Посвојување на дете

Согласно со Законот за семејството посвоител по правило може да биде државјанин на Република Македонија, а по исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е странски државјанин.  

Посвојувањето од странски државјанин може да се заснова само со согласност на Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика, а согласноста ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Република Македонија.

Повеќе


Сместување во згрижувачко семејство


Согласно со одредбите на Законот за социјална заштита згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.

Сместувањето на децата во згрижувачко семејство е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален развој во услови најблиски на семејното опкружување. Овој облик на заштита на децата, долг период  се применува во Република Северна Македонија и постојано се развива и унапредува.

Повеќе

Социјално вклучување

 

Специјализирани услуги за жртви на семејно насилство

1. Полошки регион 

Тетово

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово  

 

Гостивар 

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар  

 

 

2.Југозападен регион

Охрид

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство       

Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид      

 

3. Источен регион 

 Штип

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 ч

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип      

 

Кочани

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кочани 

 


4. Североисточен регион

Куманово

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово

 

 

5. Вардарски регион

Велес

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес 

 


Свети Николе

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе 

 

Кавадарци

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци 

 

6. Пелагониски регион

Прилеп

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Кризен центар за жртви 24/48 ч

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп

 


Битола

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битола

 


7. Скопскиот регион

Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство

Советувалиште за психо-социјален третман на сторители на семејно насилство

Контакт: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }