30.09.2020

Средба  Шахпаска - Сахакјан: Преку бројни проекти УНДП е директен партнер во заложбите за поголема социјална инклузија и помош за најранливите категории граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска се сретна со постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан и нејзините соработници.

Повеќе

30.09.2020

Средба на Министерката Шахпаска со претставници на Самостојниот  синдикат на новинари и медиумски работници

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денес се сретна со претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на која се зборуваше за потребата  од поголема социјална и економска сигурност на новинарите и медиумските работници и унапредување на нивните работничките права.

Повеќе

29.09.2020

Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска: Државата е партнер на граѓаните и стопанството, помош преку четвртиот пакет мерки ќе стигне онаму каде што е потребна

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржаа прес-конференција во Владата, на која беа презентирани дел од мерките на четвртиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Повеќе
28.09.2020

Продолжуваме да инвестираме во раниот детски развој, отворен новиот објект „Сонце“ во с.Долна Бањица, Гостивар кој ќе згрижи околу 60 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новиот објект „Сонце“ на детската градинка „Детска Радост“ во с.Долна Бањица, општина Гостивар.

Повеќе

26.09.2020

Четвртиот пакет економски мерки е обемен и вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани, членовите на ЕСС се задоволни од неговиот опфат

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.

Повеќе
25.09.2020

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

25.09.2020

МТСП: Во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година.

Повеќе

24.09.2020

Средба Шахпаска-Бертолини: Усвојувањето на темелните вредности на ЕУ во земјава е наш приоритет, заеднички ќе работиме на поголема искористеност на ИПА Фондовите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  денеска се сретна со раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје,  Никола Бертолини и неговиот тим.

Повеќе
24.09.2020

Примопредавање на функцијата заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика

Денес во Министерството за труд и социјална политика, беше извршено примопредавањето на должноста заменик – министер за труд и социјална политика, каде новоназначениот заменик-министер Енвер Хусеин ја презема својата функција од досегашниот заменик-министер Ѓонул Бајрактар.

Повеќе

23.9.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставници на синдикатите и работодавачите: Продолжуваме посветено да работиме на новиот Закон за работни односи 

Во Мининистерството за труд и социјална политика Министерката Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и претставници на работодавачите.

Повеќе
23.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со раководителката на UN WOMEN во Скопје Весна Ивановиќ и регионалната координаторка на проект Ермира Лубен: Северна Македонија е пример во регионот по актуелизирање на прашањето за  родово одговорно буџетирање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со раководителката на UNWOMEN во Скопје Весна Ивановиќ, на која беше истакнато дека и во наредниот период ќе продолжи заедничката интензивна соработка, со единствена цел да се дојде до позитивни резултати, особено во однос на позицијата на жената во македонското општество.

Повеќе
23.09.2020

Царовска и Шахпаска на дебата за Денот на знаковниот јазик: Врвен приоритет е унапредување на услугите и вклученоста во општетството на глувите и наглувите лица

Mинистерките за образобвание и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска денес учествуваа на дебата „Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“, организирана од Сојузот на Глуви и наглуви лица по повод 23 септември- Интернационалниот ден на знаковниот јазик.

Повеќе
23.09.2020

Министерката Шахпаска на средба со амбасадорката на САД Брнз: Како НАТО сојузници соработката меѓу двете земји ќе се унапреди, особено во политиките за младите и можностите за економски раст

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз и повторно беше реафирмирана потребата за натамошна блиска соработка во развојот и унапредувањетона македонското општество, особено во делот на инклузивноста и еднаквоста.

Повеќе
22.09.2020

Министерката Шахпаска на "Топ Тема": Родителите имаа време од две недели да се подготват и организираат, а  со отворањето на градинките се изгуби смислата за продолжено породилно отсуство

„Одлуката на Владата за отворање на градинките да стартуваат со работа на 9 септември беше донесена на 2 септември, што им остави простор од две недели на родителите да се подготват и организираат. Воедно со самото отворање на градинките се изгуби смислата за продолженото породилно отсуство“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на гостувањето во емисијата "Топ Тема" на Телма телевизија.

Повеќе
20.09.2020

Шахпаска: Се грижиме за сите, градиме општество без дискриминација со еднакви можности за сите граѓани

„Грижата за сите и социјалната правда е она што ќе ме води во текот на целиот мој мандат, а тоа значи да изградиме општество кое ќе им овозможи еднакви можности на сите, општество кое ќе гради соживот и доверба, општество кое нема да дискриминира по ниту една основа, општество во кое граѓаните ќе бидат најзначајниот капитал“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на прес-конфернецијата по повод мандатно писмо врачено од претседателот на Владата, Зоран Заев.

Повеќе
18.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставничката од "Фридрих Еберт", Елерајт: Преку интензивен социјален дијалог треба да дојдеме до одржливи законски решенија во интерес на безбедноста и здравјето при работа

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Ева Елерајт, постојана претставничка на Фондацијата Фридрих Еберт во Република Северна Македонија на која беше потврдена заложбата за заедничка интензивна соработка, особено во делот на унапредување на безбедноста и здравјето при работа на работниците.

Повеќе
18.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани: УНИЦЕФ е рамноправен партнер на земјава во унапредувањето и заштитата на правата на децата

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, на која разговараа за досегашната долгогодишна соработка која ја имаат овие две институции, проектите кои се во тек и предизвиците со кои се соочуваме, а се во интерес пред се на децата.

Повеќе

17.9.2020

Средба на министерката Шахпаска и амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Бенгтсон: Шведска е голем поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон членството во ЕУ и останува отворена за продлабочена соработка

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на едно современо и модерно општество кон кое се стремиме, соочено со предизвиците кои ги носи новото време.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Зутер Техада, Швајцарија е силен подржувач на социјалните политики во земјава

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Н.Е. Сибил Зутер Техада, на која се разговараше за тековните и идни проекти финансирани од швајцарски фондови и приоритетите на Министерството во областа на трудот и социјалните политики за идниот период.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со директорите на Центрите за социјална работа: Достапноста, одговорноста, отчетноста и ефикасноста се принципите врз кои треба да се темели нашата работа

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

Повеќе
16.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“, соработката и поддршката на политиките за поголема вклученост на Ромите во општеството продолжуваат

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари работна средба со претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“ Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговараше за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството. 

Повеќе

15.9.2020

Социјалниот дијалог е во интерес на сите чинители, работниците, работодавачите и Владата, продолжува соработката меѓу МОТ и МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот Емил Крстановски, која е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите Нации основана во 1919 година. Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави-членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Повеќе
15.09.2020

Шахпаска: Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено  породилно отсуство ја изгуби својата смисла

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаски оцени дека Одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шест годишна возраст во работниот процес од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.

Повеќе
15.09.2020

Средба на министерката Шахпаска и австрискиот амбасадор Вуцас: Австрија е силен поддржувач на политиките на Северна Македонија во областа на трудот и социјалата, соработката во размена на искуства продолжува

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, д-р  Георг Вуцас, на која уште еднаш беа истакнати пријателските односи коишто ги негуваат двете земји и  долгогодишната  поддршка на Република Австрија во многу проекти од областа на трудот и социјалната заштита.

Повеќе
11.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со постојаната координаторка на ООН во земјата Дуџак : МТСП и  ООН продолжуваат со взаемна засилена соработка на полето на социјалните политики

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба  со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на  имплементирање на уште подобри социјални политики, унапредување на работничките права и залагање за поголема заштита на човековите права.

Повеќе
09.09.2020

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале  трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.  

Повеќе
09.09.2020

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска во посета на детска градинка на првиот ден од нивното отворање

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на првиот ден од отворањето на детските градинки ја посети градинката Буба Мара клон Буба Мара која се наоѓа во општината Аеродром, Скопје.

Повеќе

07.09.2020

Министерката Шахпаска во посета на реновираната градинка Корчагин –Пепелашка, подготвена за прием на деца на 9 септември

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, денеска беа во посета на реновираната градинка Раде Јовчевски Корчагин“ - објект Пепелашка, која е целосно подготвена за прием на деца на 9 септември.

Повеќе

04.09.2020

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале  трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

Повеќе

04.09.2020

Министерство за труд и социјална политика го стави предлог- законот за спречување и заштита од дискриминација во владина процедура

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите сакам да ја информирам јавноста дека денеска во владина процедура Министерството за труд и социјална политика ќе го достави Предлог - законот за спречување и заштита од дискриминација.

Повеќе

04.09.2020

Средба на министерката Шахпаска со директорите на градинките во пресрет на отворањето на истите на 9 септември

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со претставници од МТСП, денеска се сретна со директорите на Јавните установи за згрижување на деца-градинките, на ниво на цела држава, во пресрет на отворањето на истите согласно владината одлука, градинките да започнат со работа на 9 септември. 

Повеќе

04.9.2020

Појаснување за мерката за ослободување на родители на малолетно дете до 10 години, кои се вработени лица во време на Ковид-19

На почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

Повеќе

03.9.2020

Економско-социјалниот совет на денешната седница заклучи дека социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните, стопанството, економијата

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се оддржа седница на Економско-социјалиот совет на која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Повеќе

02.09.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември 2020 година (среда) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }