30.09.2022

Тренчевска: Задоволните граѓани се потврда за успешноста на заедничките проекти на кои работиме со  Светска Банка

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претставници на Светска Банка, на која беа присутни Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита од Светска Банка, Вашингтон, Бојана Нацева, виш специјалист за образование и Цвета Петрушевска-Јончевска, аналитичар од Канцеларијата на Светска Банка,Скопје, како и претставници на Проектната единица во Скопје.

Повеќе

30.09.2022

Тренчевска: Формализирањето на неформалната работа придонесува за подобри услови за работа и поголема социјална сигурност на граѓаните 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со Амбасадорката на Република Германија во Северна Македонија,  Н.Е Анке Холштајн и директорот на ГИЗ на Македонија, Давид Оберхубер.

На денешната билатерална средба министерката Тренчевска го потпиша Меморандумот за спроведување на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република С.Македонија“ со Давид Оберхубер, Директор на Германското друштво за интернационална соработка- ГИЗ, Амира Омановиќ, Заменичка на менаџерот на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општинските услуги и Марија Ристеска, Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП.

Повеќе

29.09.2022

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување на пензиите 

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Повеќе

29.09.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии 

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за месец септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. 

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: 

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник). 
Повеќе

28.09.2022

Тренчевска – Ди Џовани: Соработката со УНИЦЕФ е од особена важност и интензивно продолжува и во наредниот период

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Тема на средбата беа идните настани кои што ја продлабочуваат соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Повеќе

28.09.2022

Тренчевска: Работиме на системски и трајни решенија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Здружението на слепи лица од Штип. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и за можностите за унапредување на нивниот живот. 

Повеќе

28.09.2022

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка преку нови законски решенија, програми и мерки 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Националната федерација на фармери, која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки.

Повеќе

27.09.2022

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е важна алка во борбата против родово базираното и семејно насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на состанокот со Националниот Сојуз за Родова Еднаквост. На состанокот беа соопштени препораките од страна на сојузот кои се резултат на тркалезната маса на тема „Заедно до брзо решение на насилството врз жените и семејното насилство“ која се одржа изминатиот период.

Повеќе

26.09.2022

Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на домовите за стари лица 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината. Исто така беше потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ во Берово со што ќе се зголеми капацитетот за 28 корисници.

Повеќе

26.09.2022

Започна ГРЕВИО евалуациската посета на Република Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО првата евалуциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање. На средбата присуствуваа претставници од Советот на Европа, ГРЕВИО, Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за аудио, аудио-визуелни медиумски услуги. Од страна на претставниците на независното експертското тело при советот на Европа за имплементација на Истанбулската конвенција беа поставувани прашања со цел подобро согледување на напредокот на нашата држава во однос на родово базираното насилство.

Повеќе

22.09.2022

Тренчевска од Истанбул: Преку зајакнување на родово-одговорните политики можеме да постигнеме поголема родова еднаквост во општеството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики во Истанбул, Република Турција.

Повеќе

21.09.2022

Хусејин: Посветено работиме на унапредување на правата на бегалците и лицата без државјанство

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на тркалезната маса „Пристап до социјални и економски права и услуги поврзани со интеграција за бегалци и лица без државјанство во Северна Македонија”, во организација на Високиот комесаријат за бегалци и Советот на Европа.

Повеќе

21.09.2022

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Истанбул, Република Турција, заради учество на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики. Овие политики се од големо значење во воспоставувањето на рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот на жените и мажите во приватниот и во јавниот сектор.

Повеќе

21.09.2022

МТСП: Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6.8 проценти, согласно новата методологија за усогласување на пензиите

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите  со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Повеќе

20.09.2022

Тренчевска за Топ Тема: Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија за усогласување која обезбедува постојан раст 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на Топ Тема на ТВ Телма информираше дека информацијата за предвремена исплата на пензиите усогласени со новата методологија  е усвоена на денешната Владина седница и исплатата започнува на 29 септември.

Повеќе

20.09.2022

Тренчевска: Новиот Закон за работни односи ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права

 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостување на Топ Тема за ТВ Телма рече дека новиот Закон за работни односи е системски закон и устав за работничките права. Тој ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права.

Повеќе

20.09.2022

Тренчевска на Топ Тема: Ставот на Владата е јасен, ќе имаме нов општ договор за јавниот сектор, носиме системски решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во вечерашното гостување на Топ Тема на ТВ Телма рече дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и тој продолжува. Во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците.

„Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 18.000 денари. Тоа е двојно зголемен плати и двојно повисоки приходи за работниците“, рече Тренчевска.

Повеќе

19.09.2022

Тренчевска: Борбата против насилството мора да биде постојана, специјализираните советувалишта се значајна поддршка за жртвите 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го посети специјализираното советувалиште за жени и девојки жртви на родово засновано и семејно насилство и нивните деца, ЕХО–Штип. 

На настанот беа присутни и претставници на меѓународната организација УН ВОМЕН и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување-ХЕРА, со чија поддршка се воспостави ова специјализирано советувалиште во Штип.

Повеќе

16.09.2022

Тренчевска: Ние, жените во политиката, кои исто така не сме поштедени од насилство, уште похрабро и одлучно да застанеме против насилството 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар.

Повеќе

14.09.2022

Тренчевска: Северна Македонија е препознаена како лидер во регионот во воспоставување и имплементирање на социјални услуги за лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата на Република Северна Македонија оствари средба со претставниците на Националниот сојуз на слепи лица, со цел да ги слушне нивните барања и воедно да се најде најсоодветното решение.

На средбата се разговараше за правата и услугите кои произлегуваат од системот на социјална заштита и кои се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, вклучително и слепите лица како дел од ранливата категорија на граѓани во нашата држава.

Повеќе

12.09.2022

Повик за обуки за градење на капацитетите на вработени во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор. Обуките се на тема “Дискриминација и справување со дискриминација“ и се предвидени да се одржат во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Повеќе

07.09.2022

Хусејин: Социјалните претпријатија го помагаат економскиот раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствува на RISE (Регионален инкубатор за социјални претприемачи) Регионален Форум кој што се одржува во Тирана, Албанија, во периодот од 06 до 08 септември 2022 година. 

Заменик министерот за труд и социјална политика во своето обраќање на панел дискусијата поврзана со социјалната економија и состојбите во земјите во Западен Балкан, даде краток осврт на состојбите во Северна Македонија во однос на перспективите, предизвиците и решенијата на социјалната економија, како и можните регионални вмрежувањa. 

Повеќе

05.09.2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2022 година.

Повеќе

02.09.2022

Тренчевска на брифинг со медиумите: Инвестираме во социјалните услуги со цел нивен развој и долгорочна одржливост во интерес на граѓаните 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Клубот на пратеници оддржа брифинг за претставниците на медиумите посветен на напредокот во реализацијата на социјалната реформа и Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како нејзин инструмент на поддршка.

Повеќе

02.09.2022

Тренчевска: Партнерството меѓу бизнис заедницата, институциите и граѓаните води кон функционални решенија кои создаваат можности за младите луѓе

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на 100 годишниот јубилеј на Скопска Пивара. Министерката на настанот се обрати во делот на младите и можностите коишто ги нуди Скопска Пивара како долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

01.09.2022

Средба на министерката Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ, во заминување

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Амбасадорот Клеменс Која - Шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }