Листа на барања и одговори во 2021 година  

Барање 14-8162/1: Која е стапката на невработеност и вработеност на лица од 15-29 години за првиот и третиот квартал во 2020? Колку лица на возраст од 15-29 години ја загубиле работата од март 2020 до септември 2020?

Барање 14-269: Листа на репрезентативни трошоци на министерот во првите 100 дена од новата Влада

Барање 14-8221/1: Со која правна регулатива (закони, правилници) е регулирано работењето на Приватна установа за социјална заштита на стари лица-Дом за стари лица, кој дава дозвола за работа и кој врши инспекциска контрола врз работењето, начин на згрижување, наплата на цена, здравствено-хигиенска состојба, поседување на Ковид тестови за сите корисници (во период на пандемија) и каде се пријавуваат неправилностите во нивната работа?

Барање 14-361: Одговор на прашалникот за нивото на спроведување на Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија доставен до прилог

Барање: 14-420/1: Ве молиме за постапката за јавна набавка на изведување на градежни работи за реконструкција и примена на Центар за мајки и деца при Ј.У „Дом за доенчиња и мали деца“ – Битола бр. 13651/2020 да ни доставите: Одлука за јавна набавка, Записник од отварањето на понудите, Записник од спроведениот технички дијалог, Пристигнати понуди или пријави за учество (1, 2, 3, 4), Извештај за извршената евалуација, Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката, Извештај од спроведената е-аукција, Потпишан договор за јавната набавка или рамковната спогодба, Записник со инструкции добиени од Бирото за јавни набавки доколку постапката за јавна набавка била предмет на управна контрола и сите документи поврзани со управната контрола.

Барање 14-429/1: Колку вработени од ромска етничка група фигурираат во вашето ресорно министерство? Ве молам наведете го бројот и по можност секторите во рамки на кои фигурираат овие вработени?  ...

Барање: 14-592/1: Дали во текот на 2020 година е извршен инспекциски надзор на работата во детска градинка Буба Мара како и во детската градинка Срничка на територијата на Општина Аеродром и ако е извршен да ни се достават записниците од извршениот надзор како и сите пропратни акти кои произлегуваат од надзорот. Прилог: Записник за ЈОУДГ Буба Мара, Решение за ЈОУДГ Буба Мара, Записник за ЈОУДГ Срничка, Решение за ЈОУДГ Срничка,

Барање 14-962: Информација од процесот на донесена одлука за назначување на лицето Петар Јанакиев на позиција-вршење на должноста директор во Центар за социјална работа Валандово, бараме Број и ранг листа на кандидати кои се пријавиле за позицијата а се од редот на вработените согласно член 187 став 2 од Законот за социјална заштита.

Барање бр.14-965: Информација од процесот на донесена одлука за назначување на лицето Петар Јанакиев на позиција-вршење на должноста директор во Центар за социјална работа Валандово-професионални биографии од кандидати за бараната позиција кои се од редот на вработените 

Барање 14-966: Информација од процесот на донесена одлука за назначување на лицето Петар Јанакиев на позиција-вршење на должноста директор во Центар за социјална работа Валандово-професионална биографија на лицето Петар Јанакиев избран согласно член 187 од Законот за социјална заштита. (Биографија)

Барање бр.14-963/1: Од процесот на донесена одлука за назначување на лицето Јане Андоновски на позиција-вршење на должноста директор во Центар за социјална работа Пробиштип, бараме: Одлука/ Решение за избор и Договор за работа во кое е назначен временскиот период за кои Јане Андоновски е избран за ВД Директор на Центар за социјални работи Пробиштип.

Барање бр.14-964/1: Од процесот на донесена одлука за назначување на лицето Јане Андоновски на позиција-вршење на должноста директор во Центар за социјална работа-Пробиштип, бараме Записник од разгледувањето а кандидатите за бараната позиција од страна на Министерот за труд и социјална политика, а согласно член 187.

Барање бр.14-502/1: Во поглед на мерката месечната плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата во висина од 50% од просечната плата на работникот: Кој е вкупниот број на лица кои биле корисници на оваа мерка од периодот на донесување на мерката до декември 2020? Колку од лицата кои биле корисници на оваа мерка се млади лица на возраст до 29 години?

Барање бр.14-6838/1: Барам да ме известите кои протоколи во услови на пандемија во моментов на поднесувањето на ова мое барање а кои се однесуваат на приватните домови за стари лица важат? Ме интересира правилата / протоколите кои се однесуваат на посета од страна на лица на семејството, излегување на старите лица од домовитена прошетка или на гости кај роднини итн....

Барање бр.14-6908/1: Податоци за специјализирани сервиси кои постојат за работа со жртви на насилство и семејно насилство во пелагонискиот регион; (ЈУ ЦСР Битола, ЈУ ЦСР Прилеп, ЈУ ЦСР Демир Хисар, ЈУ ЦСР Ресен и ЈУ ЦСР Крушево)......

Барање бр.14-1800, 14-1802, 14-803, 14-1804, 14-1805 и 14-1806: По кој основ се одбиени самохраните родители за 4-от пакет на предвремените мерки од Владата (еднократна помош), за време на Ковид-19 (2020)?Колку деца се водат на семејства со еден родител или еднородителско семејство (според Закон за социјална заштита), на кои им се има помогнато за време на Ковид-19 (2020)?....

Барање бр.14-3904: Заради спроведување на квантитативно истражување (анкета) за потребите на изработка на докторски труд на тема: “Компаративна студија на системите за заштита на деца жртви на полов напад во Република Северна Македонија и Република Словенија” Ве замолувам да ми бидат доставени статистички податоци за бројот на пријави за полов напад на дете во Република Северна Македонија во периодот 2018 – 2020 година, класифицирани по градови, како и годишни извештаи од Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување за периодот од 2018 – 2020 година.

Барање бр.14-3905: Да ни доставите податоци за вработените во Министерство за труд и социјална политика за 2020 година, посебно според наведените прашања во табелата....

Барање бр. 14-3906: Согласно кој Закон, односно законски пропис дисциплински одговара вработен на работно место-неговател во јавна установа за згрижување на деца-детска градинка?......

Барање бр.1333: Точен број на вработени и нивно место според систематизација

Барање бр.14-7381: 1. Колку старатели се поставени на деца мигранти кои оствариле ирегуларен влез во државата во периодот од 1 октомври 2021-30.11.2021 година?....

Барање 14-7430/1:  Дали старателите на непридружувани деца странци во РСМ се поставени само од страна на ЈУ ЦСР Скопје или и од други ЦСР на територија на РСМ?

Барање бр.14-7229:1. Колку илегални мигранти/бегалци биле сместени во транзитните центри Табановце и Винојуг податоци по години од најрана достапна година до 2021? ....

Барање 14-7253: 1. Податоци за специјализирани сервиси кои постојат за работа со жртви на насилство и семејно насилство во Полошкиот регион (ЈУМ ЦСР Тетово, ЈУМ ЦСР Гостивар)......

Барање бр. 14-7382: Колкав е бројот на идентификувани возрасни лица и деца кои биле жртви на трговија со луѓе за 2020 година, а пооделно колку за периодот од 01 јануари 2021 година до 31 октомври 2021? Ве молам внесете го бројот на домашни и странски државјани жртви на трговија со луѓе, подделено по пол, возраст и земја на потекло за странски државјани или општината од каде доаѓаат.......

Барање бр. 14-7725/1: Број на лица кои користат надоместок за туѓа нега во општините: Илинден, Петровец и Гази Баба

Барање бр. 14-7221: Вкупен број на изготвени решенија за карантинско сместување на баратели на азил во периодот од 01. Јануари до 31. Октомври 2021 година и во кои месеци се истите донесени?

Барање бр.5887: Kолкав е бројот на луѓето со ниски приходи од ниско социјални заедници кои го загубија својот извор на приход и егзистенција како последица на пандемијата? Ако е познато, колку од нив беа Роми? 

Барање бр. 14-1335/1: 1. Колку вкупно моторни возила има Министерството за труд и социјална политика кои не се во возна состојба, или кои се неисправни, искршени и за отпад?  2. Кога последен пат е извршено отуѓување на расходувани неупотребливи возила и колку возила се отуѓени при тоа?

Барање бр. 14-1493/1: Копија од Ребаланс на Буџет за 2020 на Министерството за труд и социјална политика.

Барање бр. 14-3084/1: Тековни прописи и политики од подрачјето на работа на Министерството, намените за млади во социјален ризик. 

Барање бр. 14-3368: Кој е бројот на активни програми и мерки во Оперативниот план за 2021 година? Кој е износот на средства наменет за секоја од програмите/мерките (износ на средства кој е определен по програма/мерка, дали има минимална/максимална вредност за поединечен апликант, кој е начинот на исплаќање а средствата-еднократен трансфер/ на повеќе рати? Кој е бројот на апликации кои се поднесени за секоја од мерките (во однос на возраст, пол, сектор, општина/регион)? Дали некоја од активните мерки е се уште огласена или пријавувањето за сите мерки е завршено? Во однос на мерката “Поддршка на самовработување (претприемништво)”, временски колку трае фазата од моментот на апликација до добивање на финансиската поддршка (согласно искуството од претходните години)?

Барање бр. 14-3420/1: Листа на компании од текстилната и кожарската индустрија кои биле корисници на мерките за субвенционирање на 50% од придонесите за април, мај и јуни по вработен во компании од погодените сектори, до износот на просечната плата во земјата.

Барање бр. 14-3684/1: Ве молиме доставете примерок од документ со основот за исплата на 12.589.669,00 ден. на БРАКО, извршена на 28.04.2021 г. од сметка 150010029978670, конто 425970, програма Р1

Барање бр. 14-3684/2 :Ве молиме доставете примерок од документ со основот за исплата на 105.000 ден. на Д.С.Ш., извршена на 29.04.2021 г. од сметка 150010029978670, конто 425970, програма Р1

Барање бр. 1491/1: Копија од информација за бројот на лица кои примиле гарантирана минимална помош од 11 март до 1 декември 2019.

Барање бр. 4090/1: 1.Табела за отворени центри за жртви на семејно насилство (засолништа) од 2018 година согласно со Акцискиот план (2018-2023) за спроведување на Конвенцијата за спречување на насилството врз жената и родово-базирано насилство. ....

Барање бр.14-1142/1: 1. Број на пријавени случаи на семејно насилство во период 01.01.2020 до 31.12.2020 г., поделено по месеци, квартали, градови, пол на жртвата, пол на сторителот, сродство и пријавена форма на насилство; 2. Ве замолуваме наведете го бројот на преземени мерки за заштита на жртвите на семејно насилство (во согласност со чл.18 од Законот за спречување, заштита и превенција од семејно насилство, Сл. Весник на РМ, бр. 138 од 17.09.2014 година) за периодот од 01.01.2020 г. До 31.12.20220 г. Доколку сте во можност податоците поделете ги во месеци или соодветни квартали.

Барање бр.14-2899/1: Увид во предметот бр.0404/5264/1 од 2020 година и да се состави записник според ЗОУП.

Барање бр.4114: Увид во предмет 

Барање бр. 14-4279: 1.Број на жртви на семејно насилство за период 01.01.2020г. – 31.03.2021г. поделени по квартали и градови, и колку од жртвите биле жени, мажи и деца; 2.Број на сторители на семејно насилство за период 01.01.2020г. – 31.03.2021г. поделени поквартали и градови, и колку од жртвите биле жени, мажи и деца;..........

Барање бр. 4726: Заради изработка на научен труд со кого ќе учествувам во Научното списание Правен фокус со наслов „Ковид 19 – Пандемија на семејно насилство“ потребни ми се официјални податоци за  семејното насилство во периодот од 01.01.2018 година до 01.06.2021, со акцент на изречените привремени и итни мерки за заштита од семејно насилство во РСМ.  Ве замолувам за поитно одговарање на барањето до 15 јуни.

Барање бр.14-4316: Дали Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење објавен во Службен весник на РМ, Бр.32 од 16.03.2011 година е сеуште во правна сила? Дали откако е донесен правилникот од страна на ФПИОМ или надлежното министерство е донесена дополнителна одлука која различно го регулира стажот на осигурување со зголемено траење? Дали е должен секој работодавачот да го почитува правилникот?.....

Барање 14-1798/1: Колку деца се имаат испишано од градинките во периодот на Ковид-19 (2020)?

Барање бр.14-6186/1: Колку старатели се поставени за деца мигранти кои оствариле ирегуларен влез во државата во периодот од 1 јули до 30 септември 2021?...

Барање бр.14-6185/1: Да ни доставите податоци за вработените во Центрите за социјална работа за 2020 година, посебно според наведените прашања во табелата.

Барање бр. 4700/1: Колку старатели се поставени на деца мигранти кои оствариле ирегулиран влез во државата во периодот од 01 јануари до 30.јуни 2021 година?

Барање бр. 4703: Вкупен број на деца кои чекаат на посвојување? Број на родители кои почнале постапка или чекаат да посвојат? Бројка на вкупно посвоени деца во последните 5 години, заклучно со годинава, вклучително и податок колку од посвоителите се странски државјани?

Барање бр. 14-4277/1: Колку постапки за медијација се започнати во 2018, 2019 и 2020 година?

Барање 14-6297/1: Во врска со мерката “Продолжување ма субвенционирањето на придонесите за фирмите што ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари” (Програма на Влада на РСМ 2020-2024, дел Вложуваме во нашите граѓани, стр.8, трет пасус, тета точка), потребни ми се: -Број на ЕДБ и број на ЕМБГ кои имаат искористено шифра 404 и одобрена субвенција за период од 06.2021 до 08.2021 година. -Број и имиња на фирми што искористиле субвенции за социјални придонеси.

Барање 14-6442/1: Работник во МВР со постојано живеалиште на територијалното подрачје од Градот Скопје, кој е распореден на работно место во организациска единица на МВР со седиште во “атар на село Танушевци” на општинско подрачје (Чучер Сандево), а кое не се сочинува во составен дел на населено место во границите од подрачјето на Градот Скопје, дали согласно со член 107 став 1 алинеа 1 од Законот за внатрешни работи работното место на кое е распореден е во место на живеење на работникот. 

Барање 14-7222/1: 1. Каде се наоѓа локацијата на народна кујна во Делчево?; 2. Број на корисници во последните 3 години (поединечно по години-2028, 2019, 2020); 3. Број на реализирани оброци дневно за граѓаните во последните 3 години (поединечно по години-2028, 2019, 2020); 4. Број на денови неделно за реализирани оброци за граѓаните во последните 3 години (поединечно по години-2028, 2019, 2020); 5. Вкупен трошок за народна кујна во Делчево во последните 3 години (поединечно по години-2028, 2019, 2020).

Барање: 14-2012/1,2,3,4: Доставете ни копија од листа (или линк каде е објавен) од дневните редови од сите состаноци на Секторскиот мониторинг комитет за образование и вработување во текот на 2020 година.

Барање 14-2531/7: Вкупен број на запишани деца во градинките во Република Северна Македонија колку се женски колку се машки во текот на 2019/20 година.

Барање 14-2591/1: Поединечни доделени средства преку Министерството за труд и социјална политика до крајните корисници од буџетска ставка 463 – Трансфери до невладини организации, 2020 година (Прилог)

Барање: 14-2872/1: Колкав е бројот на опфатени лица од Општина Шуто Оризари а припаѓаат на ромската заедница и се дел од наведената категорија?

Барање: 14-1799/1: Колку деца се имаат испишано од градинките во периодот на Ковид-19 ( 2020 )?

Барање: 14-2083/1: Вкупен број на корисници на правата на социјална помош по поединечни права во општините за кои сте надлежни, според етничка припадност за годините: 2019 и 2020 (Прилог)

Барање: 14-2531/1: Вкупен број на запишани деца во градинките во Република Северна Македонија, колку се женски колку машки во текот на 2019-2020 година:

Барање 14-2890/1: Бараме официјален податок за колку од вработените во РСМ земаат минимална плата?

Барање: 14-3540/1: Според  Регистарот на помирувачи и арбитри, колку помирувачи и арбитри се лиценцирани? Колку од нив се жени, а колку мажи?

Барање 14-4028/1: Дали Министерството за труд и социјална политика изработи Годишен оперативен план за имплементација на НАП-от за ИК за 2020 година и за 2021 година? Доколку да, дали е достапен на веб страната? Ве молиме доставете го или прикачете линк од негова објава.

Барање: 14-4035/1: Број на решенија за одземање на родителското право за сите деца и посебно за децата Роми.

Барање: 14-4192/1: Барање за доставување на информации од јавен интерен и јавен карактер, со цел информирање на јавноста за работата и делувањето на Министерството за труд и социјална политика по однос на исплата на финансиски средства кон ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување-Скопје.

Барање: 14-4357/1: Во врска со мерката „Продолжување на субвенционирањето на придонесите за фирмите што ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари“ (Програма на Влада на РСМ 2020-2024, дел Вложуваме во нашите граѓани, стр. 8, трет пасус, трета точка), колкав е буџетот за спроведување на онаа мерка за 2021 година и имиња на фирми кои што не ја искористиле оваа мерка?

Барање 14-4493/1: Колку од вкупно 52 активности предвидени со Националниот акциски план на Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство (2028-2023) (во продолжение: НАП се делумно или целосно исполнети заклучно со мај, 2021 година? (Прилог)

Барање бр. 4699: 1. Колку лиценци на даватели на социјални услуги се издадени во периодот јуни 2019-јуни 2021 година разделени според видот на социјални услуги за кои им е дадена дозвола за работа и по години, 2019, 2020 и до јуни 2021 година?2. Колку јавни установи за социјална заштита се основани од Владата во согласност со потребите на дејноста за социјална заштита и каде се наоѓаат? ........

Барање 14-4875/1: Дали е изготвен Протокол за меѓусебна соработка за преземање на мерки за превенција, спречување и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство во локалната заедница согласно член 12, став 2 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство?

Барање 14-4915/1: Дали Секторската работна група за интеграција на Ромите има изработено Акциски план за некој од програмските документи на ИПА III, каде е вклучена родовата перспектива?

Барање 14-5003/1: Во  Програмата на Владата 2021, Владата ќе продолжи да вложува заедно со единиците на локалната самоуправа во отворање на сервиси за заштита на жртвите од сите облици на родово базирано насилство во секоја општина на територијата на државата. На годишно ниво, по 10 нови сервиси ќе бидат воспоставени, рамномерно во сите плански региони. Дали се отворени нови сервиси за 2021 год.? Доколку да, каде и кога? Доколку не? Зошто и кога е планирано?

Барање- 1486/1: Копија од информација за износ на средства од инструментот ИПА 2 што се пренаменети за справување со ризиците и последиците од Ковид 19 за период од 11 март до 1 декември 2020 и копија од информација во кои конкретни политики помошта е пренаменета.

Барање: 14-1598/4 и 14-1474: „Колку лица имаат поднесено барање за остварување на право на толкувач според член 5 од Законот за употреба на знаковниот јазик за период од 01.01.2015 година заклучно до 31.12.2020 година на цела територија на Република Северна Македонија?”

Барање бр.14-6348/1: На ден 9ти Јуни 2021 објавен е следниот фб статус на министерката Шахпаска “Денеска остварив средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин, и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија

  • За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра
  • Обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање на отпад
  • 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет”. 

Ве молам да ме информирате детално за секоја од трите наведени точки на што конкретно се однесува инвестицијата и што од тоа е реализирано до денес, кои се постигнатите резултати и во кои општини или населени места?

Барање бр.14-6441/1: Увид во решение за остварување на ГМП од оваа година (2021) и да се состави записник според ЗОУП (особено член 72, 73) и по ЗСПИЈК.

Барање бр. 14-5164/1: Број на случаи на насилство врз жени и девојки во изминатите 3 години (разделено по години)......

Барање бр. 1487, 1481, 1485 : Копија од информација за бројот на вработени кои добиваат поддршка од мерката за минимална плата од 11 март до 1 декември во 2020. 

Барање бр.1487: Копија од информација за број на компании од секторот угостителство и туризам кои се поддрѓани со мерката субвенционирање на социјалните придонеси за периодот од 11 март до 1 декември 2020. Барањето е препратено до Државен завод за статистика.

Барање бр. 1489: Копија од информација за бројот на угостителско-туристички компании кои аплицирале за субвенционирање на социјалните придонеси во за периодот од 11 март до 1 декември 2020, разделени по месеци и региони. Барањето е препратено до Државен завод за статистика.

Барање бр. 1490: Копија од информација за бројот на компании кои аплицирале и ги исполниле условите за мерката за субвенционирање на социјалните придонеси за периодот од 11 март до 1 декември 2020. Барањето е препратено до Државен завод за статистика.

Барање бр.14-2013/1, 14-2013/2, 14-2013/3, 14-2013/4, 14-2013/5, 14-2013/6, 14-2013/7, 14-2013/8, 14-2013/9, 14-2013/10, 14-2013/11, 14-2013/12, 14-2013/13, 14-2013/14, 14-2013/15, 14-2013/16, 14-2013/17, 14-2013/18 и 14-2013/19:

1. Доставете ни копија од информација на кој начин ги информирате членовите на Секторската работна група за интеграција на Ромите за заклучоците од оперативните состаноци на секторската работна група?.......

Барање бр. 2455: Колку вкупно финансиски средства имате потрошено по сите основи и поединечно по групи трошоци во врска со кризата Ковид-19 од буџетот за 2020 година?

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }