Листа на барања и одговори во 2023 година
1. Барање 358/1:Број на деца вклучени во предучилишно образование во учебната 2020/2021, 2021/2022 и 2022/23 според мерката родители ослободени од партиципација (ве молам наведете ги градинките кои вклучиле деца Роми според оваа мерка); Дали во текот на 2020, 2021 и 2022 година се одржа конференција за жени Ромки? Доколку да, ве молам наведете детали во однос на конференција.; Дали МТСП го подготви поглавјето за социјално домување во рамки на Законот за социјално домување? Дали може да споделите информации на тој дел.; Ве молам да ни доставите информации по однос на пилот активностите за времено згрижување на бездомни лица.; Ве молиме да не информирате за активностите преземени во рамки на лицата времено згрижени под Кале и програмата за времено згрижување на социјално ранливи категории во приватно сместување преку плаќање кирија.; Ве молиме да не информирате за спроведените активности од страна на Одделението за имплементација на Декадата и Националната Стратегија за Роми во текот на 2020 2021 и 2022 година.; Дали во текот на 2020,2021 и 2022 се одржаа средби на Националното Координативно тело за Роми? Доколку да, дали ќе може да ги споделите извештаите од средбите.; Ве молиме да не информирате за имплементираните активности во врска со решавање на проблемот на нерегистрираните лица во матичната книга на родени преку имплементација на законот за лицата без регулиран граѓански статус.
2. Барање 14-398/1 Кои синдикат/синдикати ги исполнуваат условите за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел, Образование предвидени во член 212 од Законот за работни односи и да ми се достават акти со кои им е утврдена репрезентативноста. (Прилог во одговорот)
3. Барање 14-523/1:Дали Владата прави разлика меѓу активни и пасивни баратели на работа за својата мерка од 88-та владина седница до финансиска поддршка од државата и кога ќе Ви започне исплатата на доделените средства?
4. Барање 14-529/1: ,,Дали Владата прави разлика меѓу активни и пасивни баратели на работа за својата мерка од 88-та владина седница до финансиска поддршка од државата, и кога ќе Ви започне исплатата на доделените средства“?
5. Барање 14-472/1: Работодавач во кој случај на работник му утврдува дека врши кршење на работен ред и дисциплина како и неисполнување на работни обврски, додека работи и ги извршува своите работи на работното место во работно време, односно дали и во време на оправдано отсуство при користење; Годишен одмор или пак спреченост за работа од Боледување, на вработеното лице (работник) на кого Не му се определени работни обврски и задачи согласно утврдено работно време според план и распоред за работа дали и на овој начин работникот е одговорен од работно време во случај при користење на „социјални мрежи“ за комуникација со други лица а кои приватни работи не се во врска со работи ниту се во определено работно време; Конкретно кога настанува неисполнување на работни обврски од страна на работник во „работно време“ на работно место, или пак дали работникот е и 24 часа, одговорен за работен ред и дисциплина и надвор од работното време додека не извршува работи и задачи согласно закон, колективен договор и договор за работа.
6. Барање 14-866/1 Постапка за јавна набавка за организирање на регионална конференција за размена на најдобри практики за вклучување на родовите текови во политиките и буџетите меѓу националните родови машинерии на Западен Балкан бр.14648/2022. (Прилог во одговорот)
7. Барање 14-1201/1: Дали министерството има пракса финансиски да поддржува меѓуопштински соработки (МОС) во областа што ја покрива?
8. Барање 14-1342/1: Дали родителите, за кои Центарот води постапка за доверување или измена на одлуката за доверување на малолетно дете, имаат право на увид во Досието кое го води Центарот? Ве молам одговорете со да или не. Дали родителот има право на препис на досието кое Центарот го води во постапка за доверување или измена на одлуката за доверување на малолетно дете? Дали застапникот/полномошникот на еден од родителите има право на увид во сите списи од Досието кое Центарот го води за постапка за доверување или измена на одлуката за доверување на малолетно дете? Доколку Не, образложете за кои акти, списи нема право на увид. Врз основа на кои законски и подзаконски акти постапува Центарот кога спроведува постапка за доверување или измена на одлуката за доверување на малолетно дете? Кои се главните критериуми врз основа на кои одлучува Центарот кога спроведува постапка за доверување или измена на одлуката за доверување на малолетно дете?
9. Барање 14-1566/1:Колку вкупно стари, хаварисани и неупотребливи возила има МТСП? Дали во текот на 2022 година се водени постапки за отуѓување на старите неупотребливи возила и доколку се водени постапки колку возила на министерството се отуѓени?
10. Барање 14-1636/1 Дали постои државна стратегија за решавање на проблемот со децата кои се на улица и најчесто просат?Доколку постои, Ве молам за информации кога е усвоена и со каква динамика се спроведува, како и копија од истата.
11. Барање 14-1745/1 Колкав е вкупниот број на жени и мажи вработени во вашата институција на следните позиции: заменици министри, државни секретари, советници, шефови на кабинети, раководители на сектори, раководители на одделенија и претседатели на комисии. Ве молиме бараните податоци да ни ги доставите разделено по пол/род, етничка припадност, назив на позиција за секоја година посебно 2017 заклучно со 2022 година?
12. Барање 14-2169/1 Барам да ми се достави информација колку изнесува законски минималната инвалидска пензија за 2023 година?
13. Барање 14-2342/1 Поединечно доделени средства преку Министерството за труд и социјална политика до крајните корисници од буџетска ставка 463- Трансфери до невладини организации, во 2022 г. (Табела 1).
14. Барање 14-2685/1 Вкупен број на информации кои се означени со некој од степените за класификација на информацијата во 2022.
15. Барање 14-2599/1 Насоки за регрутирање по пол; Каков вид на квоти има за регрутирање по пол? Кои се насоките? Какви процедури за унапредување на полот се користат за државните службеници?
16. Барање 14-2682/1 План за интегритет; Годишна антикорупциска програма (за последната година за која имате ваква програма)
17. Барање 14-2684/1 Од имателот на информацијата ја барам следната информација од јавен карактер: Известувањето за започнување на градежни работи доставено од ДООЕЛ Целевски Еден-Охрид и В.Т.-Скопје заведено кај вас под број 10-998 од 08.04.2019. Одговор: Барањето не е во надлежност на МТСП, препратено е до Државен инспекторат за труд
18. Барање 14-448/1 Колку контроли надлежниот инспектор за труд и социјална политика на територијата на Општината Крушево извршил контроли за почитување на правата на работниците согласно Законот за вработување кај правните субјекти кои обавуваат деловна дејност на територијата на Општина Крушево; Дали и колку од извршените контроли инспекторот констатирал дека има работници осигурени при задолжителните фондови на 2 (два часа); Одговор: Барањето не е во надлежност на МТСП, препратено е до Државен инспекторат за труд.
19. Барање 14-1260/1 Колку вработени има во секторите за односи со јавноста во министерствата, за секое министерство посебно - бројки и функција на вработените?
20. Барање 14-2683/1 Кој е моменталниот вкупен број на корисници на гарантирана минимална помош на територија на Република Северна Македонија?Ве молиме да ни дадете дополнителни информации за вкупниот број на корисници на гарантирана минимална помош на територија на Република Северна Македонија, поделени по: - Општини во Република Северна Македонија;- Пол;- Возрасни групи;Етничка припадност. (прилог)
21. Барање 14-3038/1 Колку вкупно постапки за мирно решавање на колективни работни спорови се спроведени согласно со овој закон во последните 5 години? Колку вкупно постапки за мирно решавање на колективни работни спорови се решени (позитивно со спогодба/негативно без спогодба) во последните 5 години? Колку вкупно постапки во индивидуални работни спорови се спроведени согласно со овој закон во последните 5 години? Колку вкупно постапки во индивидуални работни спорови се решени (позитивно/негативно) согласно со овој закон во последните 5 години?
22. Барање 14-3299/1 Дали Министерството за труд и социјална политика во календарската 2023 година има програма за покривање на трошоците за ДНК анализа за лицата без документи за да се утврди нивното потекло и сродство за запишување во Матична книга на родени?
23. Барање 14-2852/1 Износ на средства потрошени за поддршка на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство во 2022 година.
24. Барање 14-2853/1 Износ на средства потрошени за превенција на родово-базирано насилство и семејно насилство во 2023 година.
25. Барање 14-2854/1 Износ на средства потрошени за превенција на родово-базирано насилство и семејно насилство во 2022 година.
26. Барање 14-2855/1 Износ на средства потрошени за поддршка на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство во 2023 година.
27. Барање 2601/1 Ве замолувам да ми овозожите копија од Финансискиот годишен план за 2021 година и Финанскискот годишен план за 2022 годинна на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонијa кои се одобрени од Министерството за труд и социјална политика. Прилог
28. Барање 14-3038/1 - Колку вкупно постапки за мирно решавање на колективни работни спорови се спроведени согласно со овој закон во последните 5 години - Колку вкупно постапки за мирно решавање на колективни работни спорови се решени (позитивно со спогодба/негативно без спогодба) во последните 5 години - Колку вкупно постапки во индивидуални работни спорови се спроведени согласно со овој закон во последните 5 години - Колку вкупно постапки во индивидуални работни спорови се решени (позитивно/негативно) согласно со овој закон во последните 5 години.
29. Барање 14-3514/1 - Со кој подзаконски акт или правилник се предвидени: условите, потребните документи, начинот на избор и времетраењето на процесот за аплицирање на странките за планираните 20 ДНК АНАЛИЗИ за Роми кои не се евидентирани во матичната книга на родени предвидени за 2023 година за имплементирање на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.- Каде се објавени условите, потребните документи, начинот на избор и времетраењето на процесот за аплицирање на странките за планираните 20 ДНК АНАЛИЗИ за Роми кои не се евидентирани во матичната книга на родени предвидени за 2023 година за имплементирање на Стратегијата за инклузија на Ромите 2020-2030 година. -До која институција треба заинтересираните странки да ги поднесат потребните документи.
30. Барање 14-3548/1 -Од кои материјали да се припремам за испитот? -истите да ми кажете од каде да ги набавам или може да ми ги прикачите како документ со кое ќе ми одговорите на моето барање информација од јавен карактер. - Кој се термините во 2023 година за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа како воспитувач во детска градинка? - На кој начин е пријавата за полагање на стручен испит за стекнување на лиценца за работа како воспитувач во детска градинка? - Кој документи ќе ми бидат потребни за да аплицирам за полагање на стручен испит за стекнување на лиценца за работа како воспитувач во детска градинка?
31. Барање 14-3549/1 Записниците од сите инспекциски надзори извршени во установите за социјална заштита на стари лица во текот на 2019, 2020, 2021, 2022 и 2023 година.
32. Барање 16-1636/1 -Дали постои државна стратегија за решавање на проблемот со децата кои се на улица и најчесто просат? Доколу постои, Ве молам за информации кога е усвоена и со каква динамика се спроведува, како и копија од истата.
33. Барање 14-2655/1 Известувањето за започнување на градежни работи доставено од ДООЕЛ Целевски Еден-Охрид и Велковски Трајче-Скопје заведено кај Вас под бр. 10-988 од 08.04.2019 година.
34. Барање 14-4748/1 Список на планирани (без оглед дали со првичниот буџет или со ребалансот), а нереализирани објекти/проекти од буџетската ставка 481 - Градежни објекти од Буџетот на вашата институција за 2022 година, со наведување на локација на тие објекти/проекти и нивната поединечна вредност.
35. Барање 14-4750/1 За буџетската ставка 480 – Купување на опрема и машини Износи по аналитички конта за синтетичка ставка 480 за Почетниот Буџет, ребалансот на Буџетот и Завршната сметка (извршувањето) на Буџетот за 2022 година за вашата институција. Објаснување на причините за намалувањето и нереализацијата на средствата од буџетската ставка 480 – Купување на опрема и машини за 2022 година, во однос на Почетниот буџет, ребалансот на Буџетот и Завршната сметка (извршувањето) на Буџетот за 2022 година.
36. Барање 14-5045/1 Број на државни службеници поделени по пол и по раководители/нераководители во Министерството за труд и социјална политика.
37. Барање 14-5249/1 Прашања во врска со СРГ „Интеграција на Ромите” 1) Кои стратегии беа усвоени во секторот за интеграција на Ромите во текот на 2022 година? Ве молиме доставете ни ги усвоените стратегии и посочете ни дали/каде истите се јавно достапни.
38. Барање 14-5250/1 На кои поранешни детски одморалишта Министерството за труд и социјална политика е корисник?
39. Барање 14-5129/1 Ве замолувам да ми бидат доставени статистички податоци на случаи на демнење по кои сте постапувале во периодот од февруари 2023 година, класифицирани по години, и колку од пријавите се направени од мажи и жени?
40. Барање 14-5651/1 Бројот на детски градинки на целата територија на Република Македонија, со вкупниот број на објекти.
41. Барање 14-5681/1 ● Колку бранители или членови на нивните семејства добиле станови од државата според законот за бранители? ● Колку членови на семејствата на загинатите го искористиле правото на бесплатно образование и интернат? ● Колку членови на семејствата на загинатите имаат пензија која потекнува од законот за бранители? ● Колку членови на семејството имаат корист од Еднократен паричен обред кој потекнува од законот за бранители п.с. Bo одговор треба да се вклучат и учесниците во војните на поранешна Југославија.-препратена до Министерство за внатрешни работи и до Министерство за транспорт и врски
42. Барање 14-5651/2 Бројот на корисници за трето дете за секоја година, според општината? прилог 1, прилог 2
43. Барање 14-5682/1 На колку деца сторители на кривични дела им била изречена заводска мерка-упатување во ЈУ за згрижување воспитување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, во периодот од 2019-2022 година? Ве молиме податоците разделете ги по пол, возраст и етничка припадност.
44. Барање 14-5814/1 Колку родители се корисници на додаток за трето дете, од 2009 до 2022 година?
45. Барање 14-6273/1 Колку лица во институцијата вршат работи на јавните набавки?
46. Барање 14-6276/1 Ве молам да ми се доставуват податоците од капиталните инвестиции од Јанур 2010 до Јуни 2023 за секоја година посебно, со вредност од секоја инвестиција посебно и и местото на инвестиција (општината) во која е реализирана инвестицијата за секоја година посебно.
47. Барање 14-6277/1 Број на згрижувачки семејства (по општини), состојба на крај на секоја од последните 10 години (2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022) и актуелната (последната) состојба.
48. Барање 14-6358/1 Вкупен број на решенија за остварување на правото на толкувач за период од 2020 до 2022 година.
49. Барање 14-7184 Во периодот 2018-2023 година, колку новорегистрирани случаи на родово базирано и семејно насилство се пријавени во Центрите за социјални работи? Ве молиме наведете ги информациите поделени по пол/род, деца, место на живеење, форма на пријавено насилство и поделени по години.
50. Барање 14-7190 Согласно усвоениот НАП (2018-2023) Ве замолувам да дадете информација за спроведени и реализирани активности и тоа дали се целосно спроведени, во тек или не се спроведени следните активности.
51. Барање 14-7000/1 Колку чинеше патувањето (авионски билети, хотелско сместување, дневници) на министерката Јована Тренчевска и нејзината делегација во Женева на 28,29 и 30 август 2022? Со оглед дека во делегацијата имаше и претставници од министерствата за правда, за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование и наука, за здравство и за надворешни работи, ве молиме во сумата на чинење на патувањето да биде вкалкулирани и тие.
52. Барање 14-6609/1 Колку средства се предвидени во Буџетот за арбитража и помирување за 2023 год.
53. Барање 14-6608/1 Нивото на релативна сиромаштија и нивото на апсолутна сиромаштија, по пол, по општини на национално ниво (сите општини во МК) и на национално ниво, од 2012 до 2022 година. Прилог 1, Прилог 2.
54. Барање 14-6359/1 Бараме да ни доставите листа на корисници на гарантирана минимална помош во Општина Кочани (Име, Презиме и адреса на живеење).
55. Барање 14-6275/1 Барам да ми се даде информација, дали постојат законски можности да се отвори приватна установа за згрижување на деца без родителска грижа (сираци). Доколку постојат, ве молам да ми посочите согласно кои прописи истото е регулирано.
56. Барање 14-7237/1 Колку средства има издвоено секое министерство посебно во изминатите три години (2021, 2022 и 2023 согласно октомври – за секоја година посебно) за јавни огласи за вработување во печатени медиуми?
57. Барање 14-7374/1 За 2022 година поднесени се 42 апликации за отворање градини или за нивно поправка. Колку од овие апликации се прифатени и се спроведуваат или веќе се имплементирани?
58. Барање 14-6274/1 (1) Дали административниот службеник кој е вработен во државна институција со полно работно време може и е дозволено согласно Законот за административни службеници, Закон за вработените во јавниот сектор по завршувањето на работа да биде ангажиран во приватен сектор со договор на дело, договор за услуги, договор за работа со скратено работно време и слично без да има реперкусии и проблеми по неговото работно време во јавната администрација. (2) Дали за дополнителна работа во приватниот сектор административниот службеник кој сака да биде ангажиран со договор на дело, договор за услуги или договор за вработување со скратено работно време по работното време во јавната администрација треба да има писмена согласност од својот работодавач во државната институција. Доколку со закон е дозволено, колку работни часа во текот на денот (на пример дали е дозволено 4, 6 или 8 часа дневно) е дозволено во приватиот сектор да се работи дополнително по завршувањето на 8 часовен работен ден во државната администрација. (3) Колку вкупно работни часа може месечно максимум да оствари лицето во приватниот сектор ангажиран со договор на дело, договор на услуги, договор за работа со скратено работно време и слично и (4) Колку работни часа законски и е дозволено дополнително да ги работи административниот службеник во приватниот сектор за време на викендите. (препратено до Министерство за информатичко општество и администрација)
59. Барање 14-5815/1 - Нивото на релативна сиромаштија и нивото на апсолутна сиромаштија,-невработеноста и-корисници на социјална помош без работа, вклучително и тоа:- од 2015 до 2023 година- по пол, општина и национално ниво (за Северна Македонија)- по можност во Excel формат (прилог)
60. Барање 14-7001/1 Дали Министерството за труд и социјална политика изработи Годишен оперативен план за имплементација на НАП-от за ИК за секоја година одделно? Доколку одговорот е ДА, дали се достапни на веб страната? Ве молиме доставете ги или прикачете линк од нивната објава.