Сместување во згрижувачко семејство


Согласно со одредбите на Законот за социјална заштита згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.

Сместувањето на децата во згрижувачко семејство е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален развој во услови најблиски на семејното опкружување. Овој облик на заштита на децата, долг период  се применува во Република Северна Македонија и постојано се развива и унапредува.

Согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство, стандардите за давање на услугата згрижување, нормативите и стандардите за вршење на дејноста на  центарот за поддршка на згрижувачки семејства, за простор, средства, кадри и начинот на водење на евиденција и потребната документација за згрижувачките семејства (Службен весник на РСМ бр.288/20), згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно. 

При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба и подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството. Згрижувачот е должен на малолетното дете да му обезбеди, згрижување и сместување во семејството, нега, општа и лична хигиена, исхрана, неопходна облека и обувки, да се грижи за здравјето на детето, да се грижи за неговиот развој, воспитание и образование. Згрижувачот е должен да се грижи и за задоволување на етичките, културните, забавните и рекреативните потреби на детето кое е сместено во семејството, како и да ја почитува етничката припадност и верските обичаи на сместеното дете.

Истовремено згрижувачот е должен да овозможи продолжување на врската на детето со неговото биолошко семејство, доколку го има, и да се грижи и да го припрема детето за средбите со неговото биолошко семејство.Детето се сместува во згрижувачко семејство додека не се обезбеди трајно решение за негово сместување, а тоа е да се врати во биолошкото семејство или да биде посвоено. Законот за социјална заштита дава право на надоместок на трошоците за сместување на детето и надоместок за згрижување.       

Цената на социјалната услуга згрижување е дефинирана со Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон-семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и за одмена на семејна грижа за 2024 година, односно со Одлука за изменување на одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за вон-семејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и за одмена на семејна грижа за 2024 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }