Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија


Пензиско и инвалидското осигурување

Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија

Врз основа на уставните определби за социјално осигурување произлегуваат и правата од пензиското и инвалидското осигурување, како основни права на граѓаните.

Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се уредува задолжителното пензиско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, основите на капитално финансирано пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Повеќе

Услови под кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување  

Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако ги исполнува следните услови:

1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест -без оглед на должината на пензискиот стаж или

2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Повеќе

Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење

Документи

***Напомена: При доставување на Барање за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и/или Барање за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, потребната документација треба да се достави во 4 примероци во хартиена и во електронска форма на CD или USB во архивата на МТСП.

За дополнителни прашања може да се обратите на:

  • тел: 02/3 106 662

Податоци за состојбата на бројот на корисниците на пензија и просечно исплатена пензија за март 2024 година

Состојба на корисниците на пензија од исплатена пензија, по вид, по стекнато право и просечна пензија за март 2024 година

Вид на пензија Корисници по работно право Корисници по воено право Корисници по земјоделско право Вкупен број на корисници
Семејна пензија  74,271 465 36 74,772
Инвалидска пензија 26,454 126 0

26,580

Старосна пензија 236,798 179 7 236,984
Вкупно:  337,523 770 43 338,336
Вид на пензија Просечна пензија
Семејна пензија 16,707
Инвалидска пензија 18,818
Старосна пензија 22,862
Земјоделска пензија 10.991
Воена пензија 29,943
Просечно исплатена пензија за месец март 2024 година                                                                                                                   21.209   


Состојба на корисници на пензија по групи на исплати за март 2024 година

Износи во денари семејна пензија инвалидска пензија старосна пензија воена пензија земјоделска пензија вкупно

структура

%

До 13.192 8,430 3,727 12,821 1 43 25,022 7.40
Од 13.193 до 16.909 40,788 8,722 51,486 0 0 100,996 29.85
од 16.910 до 22.500 14,417 7,751 59,416 30 0 81,614 24.12
од 22.501 до 36.614 8,383 4,858 74,385 442 0 88,068 26.03
од 36.615 до 57.481 2,179 1,367 35,932 297 0 39,775 11.76
над 57.481 74 29 2,758 0 0 2,861 0.85
Вкупно 74,271 26,454 236,798 770 43 338,336 100

Извор: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, https://www.piom.com.mk

Толковник на пензиското и инвалидското осигурување

А   Б   В   Г   Д  Ѓ   Е  Ж   З  Ѕ   И   Ј   К  Л   Љ  М   Н   Њ   О   П  Р   С    

Т   Ќ   У   Ф   Х   Ц   Ч   Џ   Ш  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }