Настани/најави/соопштенија
19.09.2024
Средба Лимани-Фугер: Поддршката на ранливите категории на граѓани во фокусот на проектите поддржани од Австрија
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес оствари средба со Харалд Фугер - Аташе на Австриското Министeрство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите, на која што му беше врачено Писмо со поддршка од Сојузниот министер на Австрија, Јоханес Раух.
Повеќе
19.09.2024
Обраќање на заменик министерот Велковски во Собранието за Законот за младинско учество и политики
- Големо е значењето на дебатата на која се обратив денеска во Собранието на Република Македонија, за младински политики и Законот за младинско учество и политики – тема која е од клучно значење за иднината на нашата држава. Како заменик министер, свесен сум дека младите се движечката сила на нашето општество, а оваа дебата е можност да зборуваме за предизвиците и можностите кои ги имаме пред нас.
Повеќе
18.09.2024
Средба Лимани - Улман : Поддршката од Швајцарија на приоритетните области - млади, социјално ранливи граѓани и родова еднаквост продолжува
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, на која стана збор за досегашната соработка и идните планови за понатамошни проекти.
Повеќе
18.09.2024
Велковски: Борбата против трговијата со луѓе мора да ни биде приоритет
Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот настан „Размена на добри практики и знаења во борбата против трговијата со луѓе“, кој се одржа во хотел Хилтон, Скопје, ја истакнавме важноста на заштитата на човековите права и промоцијата на социјалната правда и еднаквост.
Повеќе
18.09.2024
Лимани: Преку мапирање на слабостите во системот ќе дојдеме до креирање на квалитетни системски решенија за ранливите категории граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска и претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.
Повеќе
17.09.2024
Сабриу: Успешноста на процесите на ресоцијализација и реинтеграција се слика на успешноста на општеството како целина
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на стручна расправа за процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на децата сместени во ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведение, по повод направената Анализа за овие два процеси од страна на Факултетот за безбедност-Скопје , во соработка со Заводот за социјални дејности.
Повеќе
10.09.2024
Сабриу на отворањето на 28-те Републички пензионерски спортски натпревари: Вие сте инспирација за сите нас, наш приоритет е достојна старост за сите пензионери
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска официјално ги отвори 28-те Републички пензионерски спортски натпревари, кои традиционално се одржуваат секоја година. Пензионерите се натпреваруваат во 11 дисциплини како што се: шах, табла, пикадо, влечење на јаже, трчање, стрелаштво и други.
Повеќе
05.09.2024
Министерот Лимани се сретна со амбасадорката на Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со амбасадорката на Република Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена.
Повеќе
05.09.2024
Лимани до директорите на детските градинки: Ве охрабрувам да бидете проактивни, заедно ќе работиме на најдоброто решение за сите предизвици
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска присуствуваше на почетокот на работниот состанок на кој учествуваа директори на детските градинки и вработени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта на состанокот беше надминување на предизвиците и обука на претставниците на предучилишните установи при подготовка на барање за вработување, примена на Закон за вработени во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за заштита на децата.
Повеќе
05.09.2024
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2024 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 септември 2024 година.
Повеќе
03.09.2024
Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место, присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.
Повеќе
02.09.2024
ВЕЛКОВСКИ: Фокусот ни е на младите!
Денеска имав чест да бидам дел од панел дискусијата организирана од страна на ОБСЕ како дел од Истражувањето за млади и безбедност на тема "Перцепции, ставови и предизвици на младите".
Повеќе
29.08.2024
Министерот Лимани на средба со претставници на „Здружението на пензионери за достоинствен живот“
Министерот за социјална политика, демографија и млади денеска се сретна со претставници на „Здружението на пензионери за достоинствен живот“, на која што се разговараше за унапредување на квалитетот на живот на пензионерите во нашата држава.
Повеќе
28.08.2024
Министерот Лимани од Тетово: Се залагаме за еднаков пристап за вработување на Ромите и нивна целосна интеграција во општеството
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани беше во посета на Општина Тетово, каде што заедно со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, одржа координативен состанок со претставници на УСАИД и Ромалитико. Целта на состанокот беше иницирање проекти за унапредување на правата на Ромите и успешна имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите.
Повеќе
27.08.2024
Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ја помина владината процедура
Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја помина владината процедура и наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.
Повеќе