Настани/најави/соопштенија
16.12.2014
Велковски во Гевгелија: Обезбедуваме квалитетно и достапно предучилишно воспитание и образование за сите
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски оствари работна посета на општина Гевгелија.
Повеќе
16.12.2024
Лимани: Новата градинка „Рилиндја“ во Тетово е целосно завршена, стручен кадар е обезбеден и наскоро ќе започне со згрижување на деца
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами денеска го посетија новиот објект „Рилиндја“ при Јавната установа „Младост“, Општина Тетово, со цел увид на активностите пред неговото отворање.
Повеќе
14.12.2024
Лимани од Косово: Една од најважните улоги на институциите е да обезбедат платформи за развој на младите
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани е на еднодневна посета на Република Косово заради учество на панел дискусија насловена - „Улогата на институциите во развојот, зајакнувањето и вмрежувањето на младите“, во организација на Dreamin’ Kosovo во соработка со LDA Europe.
Повеќе
14.12.2024
Нови просторни услови за најмладите во Карбинци
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го означија почетокот на доградбата на постоечкиот објект на детската градинка „Кокичиња“ во општина Карбинци.
Повеќе
13.12.2024
Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки - измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура
Измената на законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Повеќе
13.12.2024
Во тек е исплатата на надоместоците за помош и нега од друго лице, попреченост и за сместување во згрижувачко семејство
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека во тек е исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост и надоместок за сместување во згрижувачко семејство за месец ноември 2024 година.
12.12.2024
Министерот Лимани ја прими делегацијата на Словенија предводена од министерот Месец
Министерот и Заменик министерот на социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Ѓоко Велковски денеска ја примија делегацијата предводена од Министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности на Република Словенија, Лука Месец, Амбасадорот на Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, Мојца Пршина, генерален директор за пазар на труд и вработување на Словенија и Уршка Липовж, советник на министерот.
Повеќе
12.12.2024
Велковски: Македонската држава три децении пример за хуманост и солидарност кон бегалците и мигрантите
30 години од воспоставувањето на партнерството помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска беше одбележан во министерството за надворешни работи и трговија.
Повеќе
12.12.2024
Министерот Лимани и амбасадорот на Кина, Су Леј потпишаа Договор за донација- Кина донира сензорни соби за деца и лица со попреченост
Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј денеска потпишаа Договор за донација.
Повеќе
11.12.2024
Велковски: Како општество, мора да покажеме истрајност и одлучност за заштита на човековите права
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска учествуваше на Средба на високо ниво насловена „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“, во организација на Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје во рамките на Акцијата „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија”.
Повеќе
10.12.2024
Велковски: Нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигиталниот свет
По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата насловена: „Сајбер насилство кон жените и младите во дигиталната ера“ во организација на Кризниот центар „Надеж".
Повеќе
06.12.2024
Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден 5 декември, а продолжува и денес односно 6 декември 2024 година.
Повеќе
06.12.2024
Заменик министерот Ѓоко Велковски на средба со претставниците на Светска банка
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, одржа работна средба со регионалниот директор на Светска банка за социјална заштита и работни прашања, Михаил Рутковски, како и со високите претставници Натали Лахир и Бојана Нацева. Средбата беше посветена на дискусија за тековните и идните проекти, како и на конкретни чекори за подобрување на социјалните услуги во земјата.
Повеќе
05.12.2024
Велковски: Само со колективни напори на локално, национално и меѓународно ниво можеме да ставиме крај на родово базирано насилство
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска учествуваше на настан во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС поддржано од UN Women, на тема: „Улогата на локалната самоуправа и предизвиците на давателите на услуги од центрите за поддршка на жртви на родово-базирано насилство“.
Повеќе