28.4.2017

Ибрахими: “На денот на трудот разговори за зголемување на минималната плата”  

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Свечената седница на ССМ која се одржа по повод 28 април-Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа и 1 мај- Денот на трудот.  При тоа тој подвлече дека во насока на подобрување на оваа значајна сфера од областа на трудот сите активности во рамки на политиките кои се развиваат се реализирани со активно вклучување на социјалните партнери со цел да се излезе во пресрет на нивните потреби.

Повеќе

21.4.2017

Помош за четирите семејства Мустафа чиишто домови изгореа во пожар 

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со градоначалникот на Општина Шуто Оризари Елвис Бајрам, а  во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Хуманитарната организација “Класот на добрината” на четирите семејства чии што куќи неодамна беа опожарени им доделија парична и химанитарна помош. 

Повеќе

20.4.2017

Министерот Ибрахими во посета на родителите на децата со посебни потреби

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети родителите на децата со посебни потреби коишто поставија шатори во паркот “Жена борец” со цел да ги слушне на лице место нивните барања. 

Повеќе

20.4.207

Државниот секретар Хусејин на конференција за “Социјално претприемништво како пат до вработување на лицата со хендикеп“

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на конференцијата на тема:“Социјално претприемништво како пат до вработување на лицата со хендикеп“ при што рече дека Министерството за труд и социјална политика особено става акцент на  грижата за ранливите групи и социјално исклучените лица преку социјалната заштита согласно со начелото на социјална праведност, гарантираното право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани, во која насока се обезбедува посебна заштита за инвалидните лица и услови за нивното вклучување во општествениот живот.На овие принципи всушност е воспоставен и системот на социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните на Република Македонија.

Повеќе

13.4.2017

Ибрахими: Над 43 илјади нови вработени со владините мерки, годинава 10 илјади нови

Околу 43 илјади лица се вработени досега во Македонија преку владините мерки за вработување, а за годинава се планирани уште нови 10 илјади.

Повеќе

7.4.2017

Ибрахими на Конференција за социјална кохезија 

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Конференцијата за социјална кохезија во Југоисточна Европа организирана од ЛСЕЕ истражувачката мрежа. При тоа Ибрахими информираше дека Министерството за труд и социјална политика согласно со своите надлежности ги обединува политиките поврзани со вработувањето, работните односи, социјалната заштита, правата и заштитата на децата и нивните семејства, социјалната сигурност на пензионерите, заштита од дискриминација.

Повеќе

7.4.2017

Промоција на проектот "Поттикнување на социјалното претприемништво"

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на промоцијата на проектот "Поттикнување на социјалното претприемништво".

Повеќе

6.4.2017

МТСП:“Отворени канцеларии” по повод Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, Министерството за труд и социјална политика утре (7 април 2017 година, петок), од 11 до 13 часот организира “Отворени канцеларии” за граѓаните коишто живеат во ромските населби.  

Повеќе

5.4.2017

Хусејин на Конференција посветена на алтернативните услуги за згрижување на деца

Државниот секретар на Министерство за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на конференцијата на која се презентираа резултатите од истражувањето поврзано со побарувачката и понудата на услуги за згрижување деца во рамки на проектот “Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца” финансиран од ЕУ.  

Повеќе

1.4.2017

Ибрахими ги посети пензионерите во Бања Банско

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети првата група пензионерите корисници на услугата “Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија” во ЈЗО Бања Банско "Цар Самуил" Струмица. 

Повеќе