27.4.2018

Царовска: ,,Здрава и безбедна средина за попродуктивни работници и економски раст”

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа посветен на здравјето и безбедноста на млaдите работници и укинување на детскиот труд министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се обрати на настанот насловен како „Безбедна и здрава генерација“, во организација на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, а под покровителство на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

26.4.2018

Мерката за самовработување креира успешни приказниво 2017 отворени 165 фирми, вработени 191 лица  

Кристијан Трајковски, Марко Зарев и Симон Стојановски наскоро ќе ја промовираат својата прва видео игра. На почетокот на годинава го отвориле своето независно студио за изработка и издавање на видео игри ,,Дарк-1’’. Дилемата дали да отворат фирма во земјава или пак во странство ја решиле откако дознале за можноста да добијат грант за самовработување од 10 илјади евра преку мерките од Оперативниот план за активни мерки и услуги за вработување. Оваа можност била одлучувачка да започнат со остварување на својот сон во својата земја. 

Повеќе

25.4.2018

Потпишана годишната Програма за вработување 2018​ меѓу МТСП, АВРМ и УНДП

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше свое обраќање на свечениот настан на кој Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и долгогодишниот партнер на Република Македонија  УНДП (Програмата за развој на ОН), ја потпишаа Годишната програма за вработување.

Повеќе

www.zanimanja.mk -Модел за преглед на занимања

Моделот за преглед на занимања е специјализираната веб-платформа за прегледот на занимања, на која може да се пребарува по заработувачка, ниво на образование и занимање и која на годишно ниво  ќе се ажурира со најнови статистички податоци.

Информациите кои се презентирани во прегледите за занимањата на информативниот портал се однесуваат на: активностите на занимањата, задолженија на работното место, повреди и болести на работното место, потребното образование, просечна месечна нето заработувачка, работната средина, распоред на работата, слободни работни места и други податоци за конкретното занимање. 

Повеќе

17.4.2018

МТСП: Царовска на Форум за родова еднаквост во Стокхолм

Министерката за труд и социјална политика учествува на Форумот за родова еднаквост во Стокхолм, чиј домаќин е шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром.

Повеќе

16.4.2018 

МТСП: Ќе се развива Национален индекс за родова еднаквост

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот завод за статистика на Република Македонија и Европскиот институт за родова еднаквост од Вилнус, Литванија, пристапија кон развивање на Национален индекс за родова еднаквост.  По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа работна средба со Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот Институт за родова еднаквост. 

Повеќе

13.4.2018

Прес конференција на МТСП Царовска: Проблемите ги решаваме трајно преку низа темелни реформи

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа прес конференција на која информираше за реализацијата на програмските цели во периодот јуни 2017-април 2018 година:

-Досега 4535 стечајци добија позитивни решенија согласно законот усвоен од оваа Влада.

Повеќе

12.4.2018

Презентирана нацрт Националната стратегија за деинституционализација – реформа на социјалните институции за доброто на сите

Неколкумесечната напорна работа, водена од тим од странски и домашни експерти, со финансиска поддршка од Европската Унија и со учество на претставници на МТСП, повеќе јавни институции и граѓански организации, резултира со нацрт-Националната стратегија за деинституционализација (2018-2027), која денеска беше за прв пат презентирана пред стручната и општата јавност. 

Повеќе

12.4.2018

Формирано национално координативно тело за недискриминација

Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област ја одржа конститутивната седница. 

Во својство на координатор се обрати министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која нагласи дека во работата на ова тело сечие мислење ќе биде ценето, а конструктивните критики кои ќе дадат придонес во унапредување на состојбите се добредојдени. 

Повеќе

10.4.2018

Царовска во Брисел: „Го подобруваме статусот на Ромите преку координирана работа на локалната и централната власт“

На покана на Директоратот за проширување на Европската Унија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствува на „Недела на Ромите“, настан кој се одржува од 8 до 11 април во Брисел по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Царовска имаше свое обраќање на доделувањето на наградите за најуспешни локални самоуправи од западноевропските земји. 

Повеќе

05.04.2018

Премиерот Заев и министерката Царовска на работна средба во Штип - Оперативниот план за вработување отвора можности и за работниците и за деловната заедница

Во рамки на работната посета на Штип денеска Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на работен состанок со работодавачите од штипскиот регион ги презентираа мерките и програмите од Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. 

Повеќе

МТСП: Исплата на права од социјална и детска заштита 

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска (5.4.2018 година) изврши исплатата на долунаведените права за месец март 2018 година.

Повеќе

5.4.2018

Седница на Советот за социјална сигурност

Денеска (05.04.2018) се одржа петтата седница на Советот за социјална сигурност на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче.  

На седницата се дискутираше по предлог проектите од областа на здравствената заштита и тоа:

1. Пренамена на неискористениот простор на општите болници во геронтолошки одделенија

2. Зголемување на износот на ослободување од партиципација за здравствени услуги за корисници на пензија 

3. Нови пакувања на лекови и терапија за хронично болните пациенти

4. Обезбедување на теренски доктори во руралните средини и подвижни аптеки.

Повеќе

4.4.2018 

Царовска во Валандово: годинава ќе се изгради нова градинка во село Брајковци

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ја посети општина Валандово на покана на градоначалникот Перо Костадинов, кој ги презентираше проектите од областа на детска и социјална заштита за 2018 година. 

Покрај реконструкцијата на засега единствената валандовска градинка ,,Калинка’’, со цел објектот да стане енергетски ефикасен, општината годинава ќе добие и нова градинка, лоцирана во село Брајковци.

Повеќе