24.4.2019

Царовска: Работиме на ревидирање на Законот за безбедност и здравје при работа

Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка на Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung“ – Скопје со доделувања на националната награда и призинанија за придонес на компаниите денеска го одбележаа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Повеќе

23.4.2019

МТСП: Со јакнење на мобилните тимови се засилуваат активностите за работа со деца на улица

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Меѓуопшинскиот центар за социјални работи Скопје, Црвен крст и УНИЦЕФ ги засилува активностите за работа со деца на улица. За таа цел денеска се одржа обука на стручни лица (социјални работници, педагози и дефектолози) кои ќе работат со децата на улица за да им се обезбеди соодветна заштита. Работата на терен ќе се спроведува мултисекторски врз основа на стандардизирана вмрежена соработка на сите релевантни владини и невладини организации и институции.

Повеќе

23.4.2019

Повик на ЕУ за развој на социјални услуги 

Делегацијата на Европската Унија објави повик за пријави за грант за развој на социјални услуги во Република Северна Македонија. Главната цел на повикот е да се поддржи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата и да се зајакне вклучувањето на децата и лицата со попреченост во општеството, преку развој на одржливи социјални услуги во заедницата, во прв ред, услуги за поддржано живеење (домување) во заедницата.

Повеќе

19.4.2019

Царовска во Македонска Каменица: Решивме долгогодишно барање на рударите, ја намаливме возраста за нивно пензионирање

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на Македонска Каменица. Царовска се сретна со градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, со рударите, а ги посети и Центарот за социјални работи, градинката и Дневниот центар за лица со попрченост.

Повеќе

18.4.2019

Царовска во Штип: Градежните работи на новата градинка течат според предвидената динамика

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во посета на Општина Штип. Царовска, со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски направија увид на изградбата на целосно новиот објект градинка во населба Сењак кој што ќе функционира како дел од ЈОУДГ„Астибо“. Објектот се гради согласно Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2019 година на МТСП. Градежните активности се очекува да завршат до крај на месец септември годинава, а капацитетот е за 80 деца.

Повеќе

17.4.2019

Бајрактар на работилница на тема ,,Справување со неформалното вработување во Република Северна Македонија: моментална состојба и идни чекори”

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар присуствуваше на работилница на тема ,,Справување со неформалното вработување во Република Северна Македонија: моментална состојба и идни чекори”, на кој се  дискутираше за дијагностичкиот извештај за неформалната економија и неформалното вработување во Република Северна Македонија, подготвен од Советот за регионална соработка и Европската Комисија при што во своето воведно обраќање им се заблагодари за досегашната поддршка која ја даваат на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

15.4.2019

Царовска на средба со младите иновативци од „АндроМета“: Остануваме посветени на заложбата да обезбедиме еднакви услови и подобар живот за секое дете

Александра Поповска, Матеј Плавевски, Дарио Стојанов, Данче Петрушевска и Амра Личина, чиј тим „АндроМета“ е еден од петте којшто се избрани на светско ниво за развој на апликацијата SpeakOut за поддршка од врсничко насилство, денеска се сретнаа со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Министерката ги покани иновативното решение да го презентираат и пред Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување со што ќе се разгледа можноста истото да се вметне како дел од сеопфатната стратегија против насилство врз деца и оперативен план коишто се во фаза на подготовка. 

Повеќе

12.4.2019

Царовска: Обезбедуваме еднаков пристап на децата Роми во градинките

Вклучувањето на Ромите во квалитетно предучилишно образование и во образовниот процес и создавање услови за вработување беше тема на дискусија на денешниот настан „Предизвици и можности за деца и млади Роми“, како дел од регионалениот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција“ на кој се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. 

Повеќе

11.4.2019

Царовска во Берово: Се унапредуваат социјалните права и ги подобруваме условите за згрижување на стари и на лица со попреченост

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите на денешната работна посета на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на Берово. 

 

Повеќе

5.4.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека на 5.4.2019 година изврши исплата на долунаведените права за месец Март 2019 година.

Повеќе

4.4.2019

Царовска во работна посета на Пробиштип: Воведoвме бенифициран стаж за рударите и ги зголемивме капацитетите во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на Пробиштип, каде што се сретна со градоначалникот Драган Анастасов со рударите, вработените во градинката и во Центарот за социјални работи.На средбата со рударите министерката Царовска истакна дека Владата на Република Северна Македонија во програмата за работа 2017/2020 година се обврза дека ќе воведе бенифициран стаж за рударите.

Повеќе

3.4.2019

Заменикот Бајрактар во Брисел за Поглавјето 19: Социјална политика и вработување

Поглавје 19: Социјална политика и вработување, е тема на Објаснувачкиот состанок за Правото на Европската унија со Албанија и Северна Македонија кој се одржува во Брисел, а на кој свое учество зеде и заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. 

Повеќе