30.8.2014

Преку активните мерки постигнати 6.868 вработувања

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  на прес конференција информираше за прогресот на активните мерки за вработување за 2014 година при што рече дека политиките на отворањето на нови работни места и намалување на невработеноста спаѓаат меѓу основните и најзначајните заложби на Владата на Република Македонија. Ова единствено е можно преку создавање на амбиент и предуслови за зголемување на вработеноста, пред сè со примена на систем на програми и мерки кои нудат поволности на работодавачите, но и отвораат перспективи на невработените лица со акцент на нивните вештини и компетенции за вработливост.

Повеќе

23.8.2014

До вработување преку подобрување на ИТ вештини        

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денес на прес конференција информираа за јавниот оглас до заинтересираните невработени лица за учество во бесплатните обуки за напредни ИТ вештини.

Повеќе

20.8.2014

Продолжува  Проектот Отворени социјални денови во руралните средини

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше за Проектот Отворени социјални денови на чија што реализација изминатиот период министерството беше интензивно посветено со цел на терен, непосредно  да допре до што е можно повеќе оддалечени и тешко пристапни населени места кои се наоѓаат во општините ширум нашата држава. 

Повеќе
18.4.2014

Добар интерес за отпис на долговите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и заменик претседателот на владата и министер за финансии Зоран Ставрески го посетија одделението за социјална работа во општина Гази Баба, на првиот ден од отпочнување на рокот за поднесување на барање за отписот на долгови.

Повеќе

18.8.2014

Почнува рокот за доставување барања за отпис на долгови

Од денеска граѓаните ќе можат да ги поднесуваат барањата за отпис на долгови во центрите за социјална работа во местата во кои живеат или во оние најблиску до местото на живеење. 

Повеќе

13.8.2014

Заменик министерот за труд и социјална политика во работна посета на Кавадарци

Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија се залагаат за изградба на што повеќе инклузивни игралишта за децата со интелектуална попреченост во развојот бидејќи тие придонесуваат за подобар и побрз развој на децата. Во таа насока, заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими го посети новоизграденото инклузивно игралиште во Кавадарци....

Повеќе