31.8.2017

Потпишани договори за поддршка на граѓански здруженија од областа на социјална заштита  

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставници на граѓанските организации, кои беа избрани на јавните конкурси за поддршка на проекти ги потпишаа договорите за финансиска поддршка. Средбата беше искористена и за размена на конструктивни предлози за спроведување на проектите, но и за начините за проширување на соработката на здруженијата со државните институции, за што министерката Царовска ја потенцираше својата искрена намера и подготвеност.

Повеќе

25.8.2017

Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите

Во врска со информациите коишто стигнуваат до Министерството за труд и социјална политика дека во одредени јавни установи за деца/детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, УКАЖУВАМЕ дека:

Наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во јавни установи за деца/детски градинки.

Повеќе

24.8.2017

Седница на ЕСС: Разгледан ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година


На седницата на Економско социјалниот совет со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се разгледуваше ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година. 

Членовите на ЕСС беа информирани за потребата од ревизија на Оперативниот план поради обезбедени дополнителни финансиски средства, како и за реализација на поставените цели предвидени со различните програми и мерки. 

Повеќе

23.8.2017

Средба: Царовска - претставници на СОНК 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска оствари средба со претставници на СОНК на која што меѓу другото се разговараше и за двосменското работење на јавните установи за деца/детските градинки.

Повеќе

23.8.2017

Се зајакнуваат капацитетите за спроведување на процесот на деинституционализација

Во насока на поддршка на започнатиот процес на Деинституционализација на ЈУ Специјален завод Демир Капија во рамките на проектот “Техничка помош за поддршка на процесот на деинституционализација во социјалниот сектор„ финансиски поддржан од страна на Европската Унија во текот на 22-23.08 2017 спроведени се обуки за стручните лица вработени во МТСП, установата и за стручните лица од Центрите за социјална работа, граѓански организации, академски работници на тема „Лично Планирање„

Повеќе

22.6.2017

МТСП: Извршена исплата на повеќе права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика на 21.6.2017 година изврши исплата за месец мај на повеќе права од социјална и детска заштита. 

Повеќе

22.8.2017

Царовска: Измените на законот за социјална заштита ќе значат подобрување на правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост

Министерката  за труд и социјална политика Мила Царовска на трибината посветена на “Предлог мерките за дополнителна социјална заштита за лица со попреченост и нивните семејства” информираше за предложените измени во Законот за социјална заштита при што нагласи дека во овој момент се прават неколку клучни измени кои се во насока на подобрување на правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост.

Повеќе

21.8.2017

МТСП во соработка со општина Ресен постави инклузивни игралишта за деца

Министерството за труд и социјална политика продолжува со спроведување на активности за подигнување на свеста во општеството и учење на различностите од најмалите години. 

Повеќе

МТСП: Се воведува втора смена во детските градинки

Согласно член 1 од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа објавена во „Службен весник на РМ“, бр.86 од 10.07.2017 година, Mинистерството за труд и социјална политика испрати допис до јавните установи за деца/детските градинки, со кој се информираат за потребата од двосменско работење и тоа од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 08:00 до 16:00 часот, а одлуката ќе отпочне да се применува од 1 септември 2017 година.

Повеќе

Реакција на прес конференцијата на Живко Митревски

Во врска со денешната прес конференција на Живко Митревски, ве известуваме дека изнесените обвинувања се неосновани, неаргументирани и неточни. Решението кое што МТСП го прогласи за ништовно е врз основа на член 124 од Законот за општа управна постапка, а не врз основа на Законот за работни односи, како што тврди Митревски.

Претходниот министер Ибрахим Ибраими го поништил решението донесено од страна на поранешната министерка Фросина Ременски, а согласно споменатиот член 124 од ЗОУП, Министерството нема законски услови да го поништи тоа решение.

Повеќе

Реакција на изјавата на Живко Митрески од 11.08.2017 година 

Во врска со најновата прес конференција на Живко Митревски, на која повторно беа изнесени невистини и неаргументирани изјави, сакаме јасно да нагласиме дека со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и  социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предид и меѓународните конвенции.

Повеќе

МТСП: Владата на ВМРО ДПМНЕ барала локации за изградба на станови за бегалци

Во врска со небулозните наводи изнесени на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ по повод поднесената интерпелација на министерката за труд и социјална политика, како и лагите дека ќе се градат станови за бегалци, со јавноста ги споделуваме следните факти:

Повеќе

7.8.2017

МТСП: Извршени 207 инспекциски надзори, донесени 84 забрани за работа. Работодавачите да ги почитуваат препораките за работа во топлотен бран

Министерството за труд и социјална политика информира дека во периодот од 4 до 6 август 2017 година, Државните инспектори за труд - од областа безбедност и здравје при работа, на територијата на Република Македонија извршиле вкупно 207  инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораките за топлотен бран. Притоа се донесени 84 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот. 

Повеќе

7.8.2017

Препораки за работа во услови на топлотен бран

Како што претходно  информираше Министерството за здравство,  согласно метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи,  на 7 август 2017 територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.

Повеќе

4.8.2017

МТСП: Објавени огласи за вработување стручни кадри во центрите за социјална работа низ државата

Со цел да се зајакнат капацитетите на центрите за социјална работа во Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика известува дека се објавени огласи за вработување социјални работници и друг неопходен стручен кадар во наведените ЦСР:

Повеќе

4.8.2017

МТСП: Куманово есенва ќе добие нов објект за градинка

Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска го посети објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, кој во моментов се реконструира и пренаменува во детска градинка.

Повеќе

3.8.2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови.  Со оглед на тоа што се прогнозира портокалова фаза, ве информираме за препораките на Министерството за здравство:

Повеќе

3.8.2017

Институциите се подготвуваат за ратификација на „Истанбулската конвенција“ 

Со цел подготовка на земјата и другите релевантни ресорни институции за ратификација и имплементација на Истанбулската конвенција, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Програмата за развој на Обединетите нации ја најавија реализацијата на проектот: Подготовка за ратификација на „Истанбулска конвенција“ - Усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените.

Повеќе

1.08.2017

МТСП: Преземаме итни мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод - Демир Капија        

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска, 1 август 2018 година, се одржа состанок на работната група за дефинирање на Акцискиот план за итни мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод Демир Капија.

Повеќе

1.08.2017

МТСП: 3000 стечајци опфатени со законскиот предлог усвоен на владина седница


На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше усвоен Предлог - Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Закон за стечајци’’.

Повеќе