31.8.2016

Објавен оглас за вработување 30 деца без родители прегу програмата Д-10

Се распиша новиот јавен повик за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа, односно лица кои што имале ваков статус до 18 години во Министерството за труд и социјална политика преку програмата Д-10. За ова информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој беше во посета на Домот за деца без родители „11-ти Октомври“.

Повеќе

30.8.2016

Отворена нова детска градинка во Радишани за 120 деца

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денес ја пуштија во употреба новата детска градинка во населбата Радишани која ќе има капацитет за згржување на околу 120 деца.

Повеќе

29.8.2016

Распишан повик за финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик 

Учениците средношколци од семејства од социјален ризик ќе може да аплицираат за добивање условен паричен надоместок во висина од 12 илјади денари.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција информираше дека јавниот повик веќе е распишан и дека може да конкурираат учениците средношколци кои редовно посетуваат настава и потекнуваат од семејства приматели на социјална помош.

Повеќе

25.8.2016

Спасов оствари средба со австрискиот министер Алојз Штогер


Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес оствари средба со својот австриски колега, министерот за труд, социјални прашања и заштита и потрошувачи, Алојз Штогер. На средбата двајцата министри разговараа за досегашната примена на Меморандумот за соработка кој го имаат склучено двете земји со цел поттикнување на добрите односи и билатералната соработка во делот на трудот и социјалната политика.

Повеќе

24.8.2016

Отворен нов приватен Дом за стари лица „Лабос“

 Мерките на Владата насочени кон поттикнување на инвестиции во капацитети за сместување стари лица даваат резултат. Досега со користење на поволностите се отворени 21 приватен дом во Република Македонија, кои го зголемија капацитетот за сместување на стари лица, а воедно влијеа и на намалувањето на невработеноста и отворија нови 285 работни места.Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска кој присуствуваше на отворањето на 21-от приватен дом за стари лица Лабос во Кисела Вода и најави дека уште шест нови приватни домови за стари лица се во постапка на основање и набрзо се очекува да почнат со својата дејност.

Повеќе

23.8.2016

Државни субвенции за вработување 100 лица во социјален ризик

“Сите приватни компании од денеска можат да аплицираат за повoлностите што ги нуди државата за вработување лица во социјален ризик. Годинава државата обезбеди средства за вработување 100 лица. За секое вработено лице од оваа категорија граѓани, компаниите шест месеци ќе добиваат по 22 илјади денари месечно, односно 17 илjaди за плата и пет илјади денари за надоместот за обука”  информира на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе