Нова градинка во с.Истибање,Виничко

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Владимир Ѓорчев, градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев, денес во село Истибање, отворија градинка во други просторни услови со капацитет за згрижување на 40 деца.

“Денес со градоначалникот и пратеникот Влатко Ѓорчев имавме можност да ја отвориме новата  градинка во населено место Истибање, во општина Виница. Имено изминатата година го отворивме првиот објект како резултат на инвестицијата на Министерствтото за труд и социјална политика во Трсино. После една година се отвора и втор објект во уште едно рурално населено место. Со овој проект значително се зголемува капацитетот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Ние имаме интензивна соработка со општината во реализација и на други проекти и набрзо во завршна фаза е реализацијата на проектот  Отворање на дневен центар за стари лица” токму овде повторно во населено место Истибања”, рече Спасов.

Toj посочи дека Министерството за труд и социјална политика изминатиот период интензивно е посветено на зголемување и проширување на капацитетите на детските градинки ширум Македонија. Во источна Македонија се градат градинки во општините Чешиново Облешево, Карбинци, исто така Оризари-Кочанско, се зголемува капацитетот и во општина Делчево во самата градинка и во низа други општини. 

“Практично ова е десетта градинка што ја отвораме оваа година, плус дополнително имаме отворено уште два дневни центри за ран детски развој за деца од предучилишна возраст. Има уште седум објекти коишто се во завршна фаза и набрзо ќе бидат отворени, и ќе претставуваат нови модерни градинки, со што значително и интензивно и контиунирано се зголемува капацитетот за згрижување од предучилишна возраст во Република Македонија", заврши Спасов.