Нови поволности за децата со попреченост

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на конференција за медиуми информираше за новите измени во Законот за заштита на децата.

“Целосната инклузија на лицата и децата со попреченост подразбира и финансиска поддршка од страна на државата. Секако, тука посебно акцентот се става на родителите кои имаат деца со попреченост. Министерството за труд и социјална политика во своите политики, планира нивна сеопфатна поддршка во сите форми, но пред се во поголема поддршка и олеснување во задоволување на секојдневните потреби.За таа цел, на својата последна седница, Владата на Република Македонија ги усвои предложените измени на Законот за заштита на децата кои се насочени кон поголема поддршка на децата со попреченост, децата со специфични потреби телесни, интелектуални и комбинирани пречки” рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. 

Во овој контекст, министерот Спасов истакна: ”Согледувајќи ја потребата на родителите кои имаа деца со попреченост, а се во потешка финансиска положба и се материјално необезбедени, односно оние кои се приматели на социјална и постојана парична помош, дека токму поради тоа донесовме одлука за воведување на значително зголемување на посебниот додаток за оваа категорија на граѓани, односно со измените на законот ќе овозможиме  зголемување за 25% на посебниот додаток за материјално необезбедени родители корисници на посебен додаток, при што проценката е дека првично ќе се опфатат 1030 материјално необезбедени реодители кои се приматели на посебен додаток,  од кои  919 се корисници на социјална парична помош и 111 се  корисници на  постојана парична помош”.

Министерот Спасов додаде дека како резултат на интензивната комуникација со здрженијата на родители на деца со Даунов синдром, произлезе и потребата од поголема поддршка во делот на правото на посебен додаток, со кој дете со пречки во развојот и со специфични потреби е и дете со Даунов синдром. “Клучно во овие измени на Законот за заштита на децата што се овозможува остварување на право на посебен додаток и за сите децата со Даунов синдром. Во изминатиот период само дел од родителите остваруваа постојана парична помош за деца со Даунов синдром кои имаат комбинирани пречки во развојот, за 180 дечиња. При што ќе им овозможиме да оствaрат месечна парична помош и на родителите на   88 деца кои се категоризирани како деца само со Даунов синдром, односно со овие измени на Законот за заштита на децата ја воведуваме како категорија и категоријата деца со Даунов синдром”, потенцираше Спасов.

Овие измени ќе стапат во сила започнувајќи од месец јуни 2015 година,а за таа цел на годишно ниво, министерството ќе издвои околу 18.690.940,00 денари. За реализација пак на финансиската поддршка за сите родители кои имаат деца со даунов синдром годишно се издвојуваат вкупно 414 690 000 денари за 6900 родители или 710 дечиња со попреченост. 

На крајот, министерот Спасов истакна:”Овие дечиња и нивните родители го имаат правото да бидат подржувани од страна на институциите.  Како ресорен министер, најавувам дека во 2015 година, нови проекти и иницијативи наменети за лицата со попреченост”.