25.12.2014

Нова градинка во с.Истибање,Виничко

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, пратеникот во Собранието на Р.Македонија, Владимир Ѓорчев, градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев, денес во село Истибање, отворија градинка во други просторни услови со капацитет за згрижување на 40 деца.

Повеќе

23.12.2014

Нови поволности за децата со попреченост

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на конференција за медиуми информираше за новите измени во Законот за заштита на децата.

Повеќе

17.12.2014

Илјада деца од семејства во социјален ризк на бесплатен зимски одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес конференција за медиумите информираше за Проектот Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик. Овој проект започна да се реализира од летото 2012 година и досега можност да ја користат оваа бесплатна услуга имаа 8000 лица, односно 6.000 дечиња имаа можност да заминат на бесплатен летен одмор, а 2.000 на бесплатен зимски одмор. 

Повеќе

17.12.2014

Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика

Министерот за труд и социјална политика,  Диме Спасов се обрати на Иницијалниот состанок со кој се одбележа официјалното отпочнување и промовирање на новиот механизам на социо-економскиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија.

Повеќе

16.12.2014

Државата ќе ја унапредува положбата на пензионерите

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  се обрати на 8-та седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија на којашто на самиот почеток потенцираше дека Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика изминатите години се трудеа да го подобруват статусот на пензионерите во општеството и државата, преку различни иницијативи и проекти и потсети на дел од нив.

Повеќе

11.12.2014

Пуштена во употреба нова детска градинка во Василево

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Василево Ване Стојанов, официјално ја пуштија во употреба новата Јавна општинска установа за деца - детската градинка во Василево „Прва радост“.

Повеќе

10.12.2014

Нови вработувања за децата без родители

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес-конференција за медиумите информираше за Програмата Д 10 како конкретен чекор и проект за подобрување на состојбата и квалитетот на живеење за лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа.

Повеќе

10.12.2014

Денови на занаетчиство во Република Македонија

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на одбележувањето на петтите Денови на занаетчиство во Република Македонија. Една од клучните пораки на оваа манифестација беше дека занаетчиството во Македонија заслужува внимание, има потенцијал и нуди можности.

Повеќе

5.12.2014

Потпишан меморандум за соработка меѓу МТСП и Мировен корпус-Македонија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Мировен корпус-Македонија, Кејтлин Кори потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува зајакнување на соработката на двете страни. Мировен Корпус најави зголемување на бројот на волонтери којшто ќе работат во локалните институции и организации  во рамки на програмата за развој на заедниците на Мировен Корпус.

Повеќе

3.12.2014

Спасов: Продолжува грижата на државата за лицата со инвалидност

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на тркалезната маса по повод 3-ти декември меѓународниот ден  на лицата со инвалидност, во организација на Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и  Национален совет на инвалидските организации на Македонија и неговите членки.

Повеќе