29.12.2016

Ибрахим Ибрахими ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Од денеска (29.12.2016), согласно со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменикот министер во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика. 

Повеќе

27.12.2017

Отпочна постапката за бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2017 година

Министерството за труд и социјална политика информира дека отпочна со постапка за прибирање на барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.

Повеќе

7.12.2016

Ташевска-Ременски: ,,Во пресрет на изборите констатирани злоупотреби на службената положба од страна на вработени во институции под надлежност на Министерството”

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски информираше за извршени надзори над законитоста на работата на повеќе институции под надлежност на Министерството и констатираните злоупотреби на службената положба од страна на дел од вработените.

Имено, овластени вработени лица во Министерството за труд и социјална политика во текот на вчерашниот ден извршија надзор над законитоста во работата на Центарот за социјални работи во Струмица, Домот за стари лица во Прилеп и увид на лице место во домови на корисници на социјална помош во месноста викана Баир во Битола и с. Криволак Неготинско.

Повеќе

5.12.2016

Писмена наредба на министерката Ташевска-Ременски: Итно да запрат изготвувањата на решенијата поврзани со правата од социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски упати писмена наредба до дректорите на Меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирење на изготвувањето на секаков вид на решенија поврзани со правата од социјалната заштита. 

Се наредува од денеска до 12.12.2016 година, да запре:

Повеќе

3.12.2016

Меѓународниот ден на лица со инвалидност повод за посета на ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле

По повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле со цел да се запознае со условите во кои опстојува оваа институција.

Повеќе

3.12.2016

Министерката Ташевска-Ременски во посета на семејството Петровски од Синѓелиќ и семејството Зиндели од Чаир 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го посети семејството Петровски од Синѓелиќ кое има лице со посебни потреби и е корисник на правото за мобилност и паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Повеќе

2.12.2016

Одбележување на Меѓународниот ден на лица со инвалидност 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност пред присутните на Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Повеќе