30.12.2018

Царовска: Во 2019 уште посилно да работиме за Македонија да биде поубаво место за живеење

МТСП ви ги честита новогодишните и божикни празници. За време на празниците даруваме и споделуваме љубов, но исто така треба да се потсетиме дека секој ден од годината ни е важен. Во новата година влегуваме со нова енергија, продолжуваме да работиме посветено и неуморно, се со цел да изградиме поправедно и вистински хумано општество за нашите граѓани. 

Повеќе

Политика за квалитет 

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија е институција специјализирана за регулирање на пазарот на трудот, социјалната заштита, детската заштита, пензиско и инвалидско осигурување и боречко-инвалидска заштита.

Во прилог ја доставуваме политиката на квалитет на Министерството за труд и социјална политика, согласно барањата на меѓународниот стандард  ISO 9001:2015.

28.12.2018

МТСП: Ги повикуваме сите пратеници да гласаат за социјалната реформа, со неа се извлекуваат од сиромаштија околу 400 илјади граѓани

Законите од социјалната и детската заштита со кои Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа влегоа во собраниска процедура. По нивното донесување кое се очекува после новогодишните празници стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

Повеќе

27.12.2018

Со донација од ФООМ ќе се прошируваат капацитетите на градинките во Крива Паланка и Росоман 

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со Фондацијата Отворено Општество-Македонија, општините Крива Паланка и Росоман, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за проширување на капацитетите на градинките во овие две општини.

Повеќе

27.12.2018

  И З В Е С Т У В А Њ Е

Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека Владата на Република Македонија на седница одржана на 25.12.2018 година, заклучи на ден 2.1.2019 година (среда) да го определи за неработен ден за вработените во државните институции, за кој дополнително ќе се одреди кога тој ден ќе биде одработен.

Истовремено МТСП  укажа дека  Владата препорачува, а не обврзува  овој заклучок  да важи и за приватниот сектор.                  

Со оглед на тоа дека 2.01.2019 година е можно да биде работен ден за дел од приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека  згрижувањето на децата ќе се организира во еден  од објектите  на  установата.                 

Во тој контекст, препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.

Повеќе

26.12.2018

МТСП: Отворен е нов Дневен центар за стари лица во Чашка

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денес присуствуваше на отворањето на Дневниот центар за стари и возрасни лица во село Извор, Чашка.

Повеќе

26.12.2018

Нова градинка со капацитет дa згрижи 140 деца ќе се гради во Стајковци

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која присуствуваше на отпочнувањето на изградбата на градинката во Стајковци рече дека Владата е посветена да инвестира во младите затоа што само таа инвестиција во државата може да ја развие економијата до ниво сите да живееме достоинствено со достоинстевени плати.

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Владата на Република Македонија на седница одржана на 25.12.2018 година заклучи 2.1.2019 година (среда) да го определи за неработен ден за вработените во државните институции.

Истовремено, Владата заклучи дополнително да се одреди кога овој ден ќе биде одработен. 

Исто така, Владата препорачува единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа да го спроведат овој заклучок.

Воедно, Владата препорачува и на приватниот сектор да го имаат во предвид овој заклучок доколку нивната организација на работењето и работните активности го дозволуваат истото. 

Повеќе

25.12.2018

Трипартитна работилница 

Студијата „Влијанијата од зголемувањето на минималната плата во Македонија во 2017“, како и Глобалниот извештај за платите(2018-2019) и Глобалниот извештај за грижата за други лица како работа и соодветните работни места, беа тема на трипартитната работилница на која учествуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика и претставници на социјалните партнери Организацијата на работодавачи на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на РМ и Сојузот на синдикати на Македонија. 

Повеќе

19.12.2018

СООПШТЕНИЕ

Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена објектот „Ташко Караџа“ во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во Општина Бутел нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили. Забраната стапува на сила веднаш.

Повеќе

17.12.2018

Во новата градинка „Јасмин“ во Карпош згрижени 95 деца

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворање на новите простории во објектот „Јасмин“ во населбата Тафталиџе во општина Карпош.

Повеќе

16.12.2018

Родители и експерти разговараа за позитивно родителство на настан во Скопје

Денеска во Скопје се одржа петиот настан „Разговори за родителството“ на кој присуствуваа над 300 луѓе. Целта на овие настани е да се разбуди свеста за развивање и надградување на родителските вештини и се дел од кампањата „И родителството се учи“ на УНИЦЕФ, ЕУ и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

15.12.2018

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како дел од Саемот за кариера, денеска пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување, која се однесува на брзорастечките иновативни бизниси. Предвидено е оваа нова мерка да се вклучи во постоечката Програма за поддршка за самовработување. Фокусот ќе биде ставен на младите претприемачи, а освен финансиската помош со мерката се нуди и експертака помош, како и можност за понатамошно финансирање на компании основани со оваа Програма преку инструментите на Фондот.

Повеќе

15.12.2018

Царовска: 40 деца од понеделник ќе одат во нова градинка во битолско Кравари 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска, денеска присуствуваше на отворање на новата градинка во с. Кравари, Битолско. Објектот „Пролет 1“  е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, има површина од над 200 м2, со двор од 500м2.

Повеќе

14.12.2018

МТСП: Реформата во социјалната и детската заштита во согласност со препораките на УНИЦЕФ

Заклучоците на УНИЦЕФ од последната анализа на постоечкиот систем за детски додатоци се целосно во согласност со социјалната реформа која ја предложи Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

14.12.2018

Зголемување на инвестициите за децата во здравството и социјалната политика

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс учествуваа на дебата на тема „Колку државата инвестира во децата? - Образование, социјална заштита и здравство“. Настанот беше во организација на Finance Think Институтот за економски истражувања и политики и Канцеларијата на УНИЦЕФ.

Повеќе

12.12.2018

МТСП: Обезбедено сместување за 85 бездомни лица, активирани дежурни тимови на пунктовите за бездомници

Министерството за труд и социјална политика повторно започна активности за заштита и сместување на бездомните лица кои се наоѓаат во импровизирани живеалишта под Кале, а од кои голем број се деца. Во зимскиот период надворешната температура е ниска и има опасност по животот и здравјето на овие лица. За обезбедување засолниште покрај капацитетот на Центарот за лица бездомници Скопје, се користат и постоечките капацитети на установите за социјална заштита кои во моментов се неискористени.

Повеќе

12.12.2018

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на долунаведените права за месец ноевмри  2018 година.

Повеќе

11.12.2018

Царовска: Преку практична работа создаваме вистински квалитетен кадар

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ во Скопје. Меморандумот со кој ќе се унапредува практичната работа на студентите го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и деканот на Филозофски факултет, Ратко Дуев.

Повеќе

10.12.2018

МФ Тевдовски и МТСП Царовска на „Форумот на добри компании“: Владата, компаниите и граѓанскиот сектор - партнери во развојот на социјалното претприемништво

10 Декември 2018, Скопје - Министерот за финансии, Тевдовски го отвори овогодинешниот „Форум на добри компании“ организиран од Public, а поддржан од Европската Унија и Германската Амбасада. Министерот истакна дека Владата работи на реформи кои креираат одржливо општество.

Повеќе

10.12.2018

МТСП: До крајот на годината 60% од децата извадени од институциите

На Меѓународниот ден на човекови права, Министерството за труд и социјална политика известува дека амбициозниот план-  ниту едно дете под 18 години во Македонија да не биде сместено во социјална установа до 2020 година, чекор по чекор станува реалност.

Повеќе

9.12.2018

МТСП: Негата за трето лице и понатаму ќе се исплаќа, се унапредуваат и други права на лицата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика во Предлог- законот за социјална заштита којшто е во завршна фаза на подготовка не ги крати, туку ги унапредува правата на лицата со попреченост. Исто така, при подготовка на истите направени се конултации со засегнатите страни и разговарано е со здруженијата на лица со попреченост, самите лица со попреченост како и со родителите на децата со попреченост и земени се во предвид нивните барања и сугестии. 

Повеќе

7.12.2018

Царовска: Новите волонтери од САД ќе придонесат за квалитетни услуги на граѓаните, а ние ќе се покажеме како добри домаќини

Министерството за труд и социјална политика и Мировниот корпус имаат одлична неколкугодишна соработка како дел од Програмата за развој на заедниците, потенцираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната свечена заклетва на новите седум волонтери од САД коишто ќе работат во Македонија со лица со попреченост. Соработката опфаќа поддршка на ранливи групи на граѓани, лица и деца со попреченост згрижени во државните дневни центри и центрите управувани од страна на граѓанските организации.

Повеќе

6.12.2018

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во прогармата за подобрување на кадарот во градинките 

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада. На огласот којшто ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите. 

Повеќе

5.12.2018

Потпишан меморандум за соработка за промоција на стручното образование во Македонија - стручните занимања нудат стабилно вработување и солидни плати

Денес во Владата на Република Македонија, потпишан е Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промоција на стручните занимања и стручното образование, чија главна цел е јакнење на свеста за значењето на овој тип образование и занимања, како и нивна промоција кај младите луѓе и нивните родители. Меморандумот во име на Владата го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, како и претставници на проекти кои се спроведуваат со поддршка на УНДП, УСАИД и Швајцарската агенција за соработка.

Повеќе

4.12.2018

Царовска: Со прифаќање на различностите, градиме праведно и слободно општество

Со танци, промоција на календар за 2019 година и базар на којшто се продаваа рaкотворби денеска децата со попреченост од четири училишта во Скопје го одбележаа меѓународниот ден на лицата со попреченост 3. Декември. Настанот, којшто се одржа во ОУ „Невена Георгиева Дуња“, го отворија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

 

Повеќе

3.12.2018

Царовска: Го унапредуваме начинот на постапување при сите форми на насилство врз жените и девојките

Привремените мерки за заштита од семејно насилство и добрите пракси и предизвици беа тема на денешната дебата по повод 16 дена активизам на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Повеќе

3.12.2018

Меѓународен ден на лицата со попреченост

Во Владата на Република Македонија се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На овој настан свое обраќање имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и претставникот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Повеќе

3.12.2018

МТСП: Во Специјалниот завод Демир Капија нема веќе деца до 18 години

Честит 3 Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика го честита Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември и воедно информира дека во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години. Денеска, од Демир Капија заминува и последната група деца со попреченост кои ќе бидат сместени во мал групен дом во Скопје каде ќе добијат 24- часовна поддршка од лични асистенти со специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Близината на локалната заедница ќе им овозможи полесно и побрзо да се вклопат во општеството. Со овој процес сите деца до 18 години се извадени од Специјалниот завод „Демир Капија“.

Повеќе