Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика

                      

Санела Шкријељ

        

Дата на раѓање:    22.04.1981  

Место на раѓање:  Скопје

Националност:      Бошњакиња

 Едукација: Универзитет Св.Кирил и Методиј, Филозофски Факултет: Дипломиран психолог

  • Сертификат за завршена обука за системи за социјална заштита од Светска Банка, Вашингтон

  • Сертификат за едукација за обучувач за родово одговорно креирање локални политики и буџети, UN Women

  • Сертификат за завршена обука за мониторинг на јавните политики и буџети за рамномерен развој 

  • Сертификат за проектен менаџмент базиран на резултати, УСАИД Македонија

  • Сертификат за креирање на јавни политики и транспарентно буџетирање, Фридрих Еберт Фондација                                                   

Познавање на јазици: 

Јазик

Читање

Говор

Пишување

Босански

Мајчин јазик

Македонски

течно

течно

течно

Англиски

течно

течно

течно

Претходна работна позиција: Шефица на Кабинет на министерка за труд и социјална политика (јуни 2017- јануари 2020)

Членство во организации:

  • Член на регионална група на експерти на Југоисточна Европа за родово одговорно креирање на политики и буџети, поддржана од UN Women;

  • Член на советодавна група “ Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа”;

  • Координаторка на фондот за поддршка на женско претприемништво во Полошкиот регион (2013-2016);

  • Член на Советодавна група на експерти на Советот на Европа за подготовка на студија за достапноста на услуги за поддршка на ранливи групи на жени и девојки во Југоисточна Европа;

  • Менторка на локални самоуправи од регионот за локален развој заснован на човекови права, во име на Меѓународниот центар за локална демократија на Шведска.

  • Претседателка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство (2015-2017).

Клучни квалификации:

  • Феминистка и активистка со екстензивно искуство во областа на стратешко планирање за инклузивен развој и унапредување на родовата еднаквост;

  • Одлично познавање на националните и локални политики и практики за социјална инклузија на ранливи групи;

  • дологодишно искуство во креирање и имплементирање на стратегии, програми и проекти за инклузија на ранливи групи; искуство во спроведување на анализи и теренски истражувања.

Релевантни публикации

  • Превенција, идентификација, пријавување и упатување во случаи на насилство врз деца: преглед на национални механизми за одговор; Минтон, Димушевска, Шкријељ, Димитриевска, Скопје, 2017.

  • Анализа на јавните политики за правата на Ромите во Република Македонија; Шкријељ, Кули, Димушевска, Саит; Скопје, 2017.

  • Родовата еднаквост во Република Македонија и агендата за одржлив развој 2030; Јованоски, Здравев,Шкријељ,Илиќ; Скопје,2016.

  • Родова проценка на политики и буџети на локално ниво;Коруновска,Шкријељ,Илиќ, Скопје 2016.

  • Менторска програма за воведување на родова перспектива во локалните политики и буџети, Ристеска, Малеска, Царовска, Шкријељ; Скопје, 2015.

  • Анализа на националните политики за рурален развој: Национална програма за рурален развој и ИПАРД програма; Ристеска,Шкријељ,Ралева; Скопје, 2013.

  • Воспоставување модели, механизми и активности за јакнење на заедниците во Тетово, Охрид и Битола; СЗО, 2014.

  • Економско јакнење на жените и младите од руралните средини, Скопје, 2013

  • Родова проценка на социјалните политики и буџети на локално ниво – Куманово, Штип и Струмица; Коруновска, Шкријељ; Скопје,2013.

  1. Професионално искуство

Период

Локација

Организација

Позиција

Опис

 2016-2017

Македонија, Полошки регион

УСАИД, Проект за мали и микропретпријатија

Регионален координатор

Координација на активностите за креирање на ефикасна, економски функционална и оддржлива програма за поддршка на економските активностите на жените од руралните средини во Полог; Идентификување на жените ангажирани во земјоделскиот сектор и развој на дата база на рурални бизниси управувани од жени; Кординација на Советодавното Тело на жени во бизнисот во Полог; Кординација и менаџирање на грант програма за поддршка на мали бизниси управувани од жени во Полошкиот регион

Ноември, 2016 – Април 2017

Македонија

УНИЦЕФ & Национална мрежа против насилство врз жените

Сениор експерт

Развивање методологија во соработка со меѓународен експерт, тестирање на предложената методологија и алатки и спроведување национално истражување за институционалните механизми за одговор на насилството врз децата; изготвување извештај од спроведеното истражување и давање препораки за подобрување на институционалниот одговор и механизмите.

2016-2017

ГИЗ Скопје

Национален експерт

Ревизија на стратегијата за родова еднаквост во рамки на проектот на ГИЗ за подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот

Април 2016- Декември, 2016

Македонија

ЕПТИСА

Проект на ЕУ: локална интеграција на ранливи групи

Експерт за социјална инклузија

Преглед на постојните политики за Ромите со препораки за понатамошни акции на национално и локално ниво. Обезбедување на поддршка за подобрување на законската рамка, процедури и услуги на одговорните институции, како и подобрување на достапноста до податоци за ранливите категории во областите вработување, социјални услуги, образование, здравство, домување и анти-дискриминација

Мај, 2016- Септември, 2016

Македонија

Асоцијација за здрваствена едукација и истражување ХЕРА

Национален експерт за родово одговорни политики

Анализа на корелацијата помеѓу различните национални стратешки документи за родова еднаквост во исполнувањето на целите за одржлив развој и воведување на родовите индикатори во стратешките документи

 2015-2017

Западен Балкан

Квина тил Квина регионална програма “родовата перспектива во претпристапните процеси ”

Национален експерт

Проценка на состојбата со правата на жените во земјите од Западен Балкан, подготовка на стратегија за застапување во ЕУ за родова еднаквост за земјите од Западен Балкан, учество во средби за застапување во Брисел

Септември -Декември, 2015

Општина Струга и Струмица

Фондација Институт Отворено Општество

Локален експерт за социјално мапирање и подготовка на социјална карта

Национален консултант за мапирање и идентификација на ранливите групи во локалните заедници и постојните социјални услуги, како и препораки за родово одговорни социјални услуги кои одговараат на нивните потреби и приоритети.

Април, 2015- Јуни, 2017

Македонија и Косово

Меѓународен центар за локална демократија, Шведска

Ментор за локални самоуправи од Македонија и Косово

Менторка во рамки на меѓународната програма за обука на локални самоуправи – оддржлив развој заснован на човекови права

Декември, 2014 – Август, 2016

10 општини во РМ

UN Women Скопје

Национален консултант за стручни обуки и менторски услуги за родово одговорно буџетирање на единиците на локалната самоуправа, ЗЕЛС и НАЛАС

Родова анализа на процесот на децентрализација и планирање на буџетот во ЕЛС за да се идентификуваат влезните точки за воведување на родово одговорно буџетирање на локално ниво; Изготвување на прирачник за обука и менторство за јавни службеници на локалните и националните власти, за планирање и буџетирање на одговорна програма за родови; Родова анализа на секторските програми и буџети во локалните самоуправи, вклучително и анализи на процесот на собирање на родовата статистика; Воведување на родови индикатори во работната група на НАЛАС за годишните извештаи за фискална децентрализација Развој на модул за е-учење за родово одговорно буџетирање за НАЛАС

Септември 2013-Ноември 2014

Македонија, Албанија

Здружение за локален рурален развој, проект поддржан од ЕУ

Проектен раководител – Едукација, вработување и еднаквост на ранливите групи во Полог и Елбасан

Координација на целокупните проектни активности, креирање на стратегија за поддршка и вработување на младите и жените од руралните средини.

Октомври-Декември, 2014

 Град Скопје, Маврово Ростуше, Ѓорче Петров, општина Боговиње

UN Women Скопје

Сениор експерт за родова анализа на програмите и буџетите на локалните самоуправи

Анализа и проценка на локалните политики, програми и буџет од родова перспектива; Развивање на препораки за подобрување на општинските програми согласно локалните потреби.

Јули - Септември, 2013

Тетово, Охрид и Битола

Светска Здравствена Организација

Истражувач

Креирање на прашалници и теренско истражување на јавното мнение за програмите на Светска Здравствена Организација во општина Тетово, Охрид и Битола; Креирање на препораки за подобрување на програмите за превенција и здравствена заштита во наведените општини.

Aприл – Октомври, 2013

Македонија

UN Women Скопје

Национален експерт – Анализа на Националната програма за рурален развој и ИПАРД програмата

Развивање на инструменти и спроведување на анкета на корисниците и апликантите на НПРР и ИПАРД програмите, проценка на капацитетите на руралните организации да учествуваат во креирањето на политики за рурален развој; Развивање на препораки за подобрување на ефектицноста и ефикасноста на националните програми за рурален развој.

Мај, 2012- Август, 2012

Македонија

UN Women Скопје

Национален консултант- анализа на техничката поддршка на UN Women на локалните невладини организации       

Деск анализа на потребната документација и достапните извештаи на тремата, поддршка на меѓународниот консултант во теренската работа со цел идентификување на локалните потреби; Развој на методологија за јакнење на капацитетите на локалните невладини организации.

Ноември, 2012- Ноември, 2013-

Полог, Македонија

Здружение за локален рурален развој

Проектен менаџер “Зголемување на можностите за вработување на жените од етничките заедници”, ИПА Проект

 Мапирање на потребите за зголемување на клучните компетенции на жените од етнички малцинства преку анализа на потребите за обука за проценка на индивидуалните вештини и нивото на знаење, итн. Обезбедување на специфични услуги за обука и обука согласно индивидуалните потреби и услови на жените од етничките малцинства - обука и менторство и подготовка на индивидуални акциони планови, обезбедување на информации и помош при наоѓање вработување. Зајакнување на капацитетите на професионалци и волонтери кои работат со жени од етничко малцинство.

Декември, 2011- Ноември, 2012

Полог, Македонија

Здружение за локален рурален развој

Координатор

Развој и имплементација на програма за градење капацитети на локалните самоуправи во четири рурални општини за креирање на политики за родова еднаквост; развој на локални планови за родова еднаквост во четири рурални општини; спроведување на сеопфатни активности за едукација и свесност кај руралните жени

Мај-Јуни, 2012

Општина Конче

Општина Конче

Обучувач

“Промоција на претприемништво и развој на старт ап бизниси за млади” – ИПА програма за прекугранична соработка

Март – Mај, 2011-2012

Македонија

ЗБК “Креација”

Обучувач

Испорака на обуки ”Развој на бизнис идеја”  за повеќе од 100 невработени лица во рамки на програмата за самовработување на УНДП

Јануари, 2009-Мај, 2009

Mакедонија

УНДП Македонија

Едукатор

Организирање на зимска школа и подготовка на прирачник за млади гласачи

 2009

Македонија

Национална Мрежа против Насилство врз Жените

Истражувач

Мапирање на капацитетите на членките организации намрежата и подготовка на методологија за обука на истите

Февруари 2008 – Март 2010

Македонија

УСАИД Проект за рециклирање

Асистент на општинска програма

Развојот и воведување на програмата за интеграција на ромските неформални собирачи; Утврдување на соодветни аранжмани и поддршка на процесот на градење на капацитетите за 500 учесници; Подготовка на деловни модули во кои се вклучени детали за плановите за градење на капацитетите на корисниците на проектот поврзани со општите деловни практики за неформалните собирачи; социјално, институционално и организациско знаење; Подготовка на материјали за обука и координација на активности за обука „Подобрено деловно знаење“; Развој на програмата за грантови за корисниците.

Август 2007 -  Февруари 2008

Македонија

УНДП Македонија: Партнерство за развој на заедници

НВО/Општински модератор

Равивање на општински профили и студии за потребите на 3 општини: Врапчиште, Штип и Битола, Организирање на обуки и едукативна кампања за безбедни заедници

Декември 2006-Август 2007

Ѓорче Петров

УНДП Македонија: Посредување при вработување на млади

Општински координатор

Целокупна координација на сите активности за креирање и имплементирање на програмза посредување при вработување на млади со високо образование, организирање на практикантска работа за 30 млади и преговање за нивно вработување со бизнис секторот

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->