26.2.2015

Почнува исплатата на средства за санирање на штетите од поплавите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Генералниот секретар на Црвен Крст на Република Македонија, Саит Саити информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија.

Повеќе

24.2.2015

“Обука на работно место со субвенционирано вработување за 476 лица од ранливи категории”

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на конференција за медиумите информираа за мерката “Обука на работно место со субвенционирано вработување”, од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година. 

Повеќе

20.2.2015

Доделени сертификати за Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“ 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, присуствуваа на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“.

Повеќе

20.2.2015

Национална конференција “Здравствените права на Ромите во Република Македонија”

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на Националната конференција “Здравствените права на Ромите во Република Македонија”.

Повеќе

18.2.2015

Самовработување за 960 лица

Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Луиса Витон постојан претставник на УНДП во Македонија, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на конференција за медиумите информираа за Програмата за самовработување која е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година. 

Повеќе

17.2.2015

Нов оглас за вработување на 30 деца без родители                                    

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска го посети СОС Детско село. Во изјава за медиумите тој информираше дека е објавен нов оглас за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа преку програмата Д10  кој  трае до 4 март.  

Повеќе

13.2.2015

Новиот оперативен план со опфат на 16.000 невработени и 8.200 вработувања

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски го промовираа новиот Оперативен план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година.

Повеќе

12.2.2015

Промоција на нови 40 наслови на аудио книги

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски промовираа нови 40 наслови на аудио книги од Проектот „400 Аудио книги за лица со оштетен вид“.

Повеќе

10.2.2015

Министерот Спасов, пратеникот Димовски и градоначалникот Чадиев ги посетија семејствата чии куќи изгореа во пожар во Велес
 
 
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов заедно со градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска ги посети семејствата чии куќи изгореа во пожар што ноќеска изби во месноста “Дворови” во Велес.

“Овие луѓе изгубија се што печалеле во животот. Погодени се три куќи, а две семејства целосно ги изгубија домовите. Ние во соработка со Црвениот крст на настраданите ќе им доделиме првична помош во кебиња, постелнина, храна и хигиенски средства и се што им е потребно”, потенцираше министерот Спасов, додавајќи дека на настраданите преку Министерстсвото и Центарот за социјална помош ќе им биде доделена и еднократна парична помош.

Повеќе

4.2.2015

За неполни 24 часа граѓаните донирале 620 илјади денари за поплавените подрачја

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити на денешната конференција за медиумите информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија и потребите на населението во овие подрачја.

Повеќе

2.2.2014

Министерот Спасов во обиколка на поплавените места

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети поплавените населени места во општината Чешиново-Облешево и со претставници од општинскиот центар на Кочани го посетија населеното место Чифлик каде што поплавите предизвикаа големи штети.

Повеќе