23.2.2016

Демант на написот објавен на порталот Курир под наслов: “Ташевска -Ременски отворено ја лаже јавноста” на 20 февруари 2016 година

Во врска со написот објавен на порталот Курир под наслов: “Ташевска -Ременски отворено ја лаже јавноста” на 20 февруари 2016 година, сметаме дека јавноста треба да знае кој всушност лаже! Токму затоа, во продолжение хронолошки ќе ги наведеме фактите од кои причини и зошто се уште не е објавена тендерската постапка за изградба на Дом за стари лица во Општина Гази Баба. Имено, на ден 30.9.2015 година, до Владата на Република Македонија испратена е Информација со акциски план за изградба на јавни установи за социјална заштита на стари лица со капацитет за 510 лица во три фази на реализација во Град Скопје со арх.бр. 10-8822/1 .  Согласно со Информацијата во: ПРВА ФАЗА - планирано е да биде изграден објект со капацитет од 170 легла –  2016/2017 година;ВТОРА ФАЗА – планирано е да биде изграден објект со капацитет од 170 легла крај на 2018 година; ТРЕТА ФАЗА - планирано е да биде изграден објект со капацитет од 170 легла крај на 2019 година;

Повеќе

18.2.2016

Министерката Ташевска-Ременски ја посети градинката „Гонџа“ во состав на „Јахја Кемал“

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети приватната детска градинка „Гонџа“, организирана како организациона единица во состав на ПСУ „Јахја Кемал“-Македонија, а која започна со работа во ноември 2015 година. 

Повеќе

17.2.2016

Средба на Ташевска-Ременски со мониторинг комисијата на Совет на Европа

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со известителите  на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (мониторинг комисија). Во состав на делегацијата беа г--ѓа Лиза Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија; г. Валериј Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Република Молдавија, Група на Европски народни партии, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија и г-ѓа Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Мониторинг Комисијата на ПССЕ.

Повеќе
16.2.2016 

Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството

Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите. 

Повеќе

5.2.2016

Работна средба на Ташевска-Ременски со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во којшто членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е. Македонскиот олимписки комитет и Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија.

Повеќе

2.2.2016

13 кривични пријави до Јавните обвинителства и една иницијатива до Советот на судии на РМ

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски на конференција за медиумите објави дека денеска до Основното јавно обвинителство Скопје и Основните јавни обвинителства во Берово, Гостивар, Кочани, Радовиш, Ресен, Штип и Битола, поднесов вкупно 13 кривични пријави.

Повеќе