28.02.2018

Царовска: Со оперативниот план за 2018 година обезбедуваме нови работни места и даваме шанса на сите

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

При претставување на планот на прес конференција во Владата на Република Македонија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска посочи дека секоја од овие мерки е чекор кон справување со проблемот со невработеноста. ,,Секој човек има право на пристојна работа со која ќе си обезбеди достоинствен живот. Затоа нашата заложба е да понудиме шанса за сите.’’

Повеќе

27.02.2018

МТСП: Владата ги усвои измените на ,,Законот за стечајци’’ за да се опфатат  дополнителни 1900 лица

На денешната седница Владата ги усвои најавените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика. 

Со законот, кој што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2732 стечајни работници. Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.

Повеќе

23.2.2018

МТСП ќе поднесе кривична пријава против 11 лица од надлежните установи во врска со случајот Р.И.

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција при МТСП, Министерството ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против одговорните лица во Центарот за социјална работа - Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од Кривичниот законик на РМ), како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, (по член 201 од КЗ) и за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од КЗ).

Повеќе

23.2.2018

МТСП: Обезбедени 486 вработувања на неопределено време во градинките

Министерството за труд и социјална политика известува дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се конечно сигурни.

Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите.

 

Повеќе

21.2.2018

МТСП: Инспекцијата утврди низа прекршувања на законот од страна на Центарот за социјална работа во случајот на Р.И. Се подготвуваат прекршочни и кривични пријави за одговорни и стручни лица

Со цел да се испитаат сите околности во случајот со малолетната девојка Р.И., на 20 февруари 2018 година беше извршен вонреден инспекциски надзор во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Социјалната инспекција констатираше низа прекршувања на Законот за социјална заштита, Законот за семејството, подзаконските, општите, поединечните и другите акти донесени врз нивна основа, во поглед на постапката за ставање на лица под старателство, сместување на дете во установа и сместување на  дете без родителска грижа во згрижувачко семејство.

Повеќе

19.2.2018

И З В Е С Т У В А Њ Е

Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје, Стевчо Соколовски денеска поднесе оставка од морални причини. Министерството за труд и социјална политика продолжува да го испитува случајот. Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето.

Повеќе

16.02.2018

Реакција во врска со наводите на Европскиот центар за правата на Ромите за случајот со штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје


Министерството за труд и социјална политика одржа брифинг за медиуми во врска со случајот на Р.И., штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје. Во насока на заштита на интересите и правата на детето, Министерството за труд и социјална политика се воздржува од споделување детали за случајот.

Повеќе

13.02.2018

Шведскиот премиер со благодарност до Царовска за пристапувањето кон ,,Global Deal’’

 

Република Македонија пристапи кон ,,Global Deal’’- глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој, како единствен партнер од овој регион. Премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен испрати писмо до министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во кое изразува искрена благодарност за пристапувањето на Република Македонија.

 

Повеќе

9.2.2018

Промоција на проект во Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет’’- Социјалните услуги треба да бидат достапни за сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, амбасадорот на Република Бугарија Иван Петков  и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет’’, каде што ќе се реализира Проект за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушување, од социјално загрозени семејства. Координаторот на проектот, Александар Стојановски го презентираше проектот изработен од страна на МТСП во соработка со здружението ,,Во мојот свет’’. Финансиските средства во износ од 30 илјади евра се донација од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

Повеќе

04.02.2018

Згрижени семејствата од Кичево чиишто домови беа поплавени 

Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа Кичево и Црвениот крст на Република Македонија денеска заедно се на терен и во обиколка на поплавените населени места во Кичево. 

 

Повеќе

01.02.2018

Министерката Царовска на средба со Нилс Мужниекс: Унапредувањето на човековите права е еден од клучните приоритети на оваа Влада

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа средба со Нилс Мужниекс, комесар за човекови права на Советот на Европа, во рамките на неговата работна посета на Република Македонија. Министерката го информираше комесарот за актуелните процеси и активности на министерството, кои што ќе ја подобрат состојбата со почитувањето на човековите права во земјава.

Повеќе