27.2.2019

Царовска во Љубљана: Со социјалната реформа која треба да ја гласаат пратениците ги извлекуваме семејствата од долготрајна сиромаштија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на Регионална конференција во Љубљана, на која  говореше на панел дискусија посветена на “Структурните реформи за конкурентни пазарни економии“.

Повеќе

25.2.2019

Презентација на Оперативниот план за вработување 2019: Поддршка за самовработување, раст на плати и нови работни места, обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, поддршка за вработување на лица со попреченост – шанса за сите!

Денеска во малата сала во Филхармонија се одржа панел дискусија помеѓу владини претставници на институциите, претставници на бизнис заедницата и корисниците на мерките на којашто се презентираше Оперативниот план за вработување за 2019.

Во рамки на овој настан Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите Нации во нашата држава, Нарине Сахакиан заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска имаа свои воведни обраќања.

Повеќе

25.2.2019

Продолжува имплементацијата на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид во земјата инициран од УСАИД и Лајонс Клуб

Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми, заедно со Н.Е. амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска се обратија на тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементацијата на проектот за поддршка на слепите лица во Република Северна Македонија.

Повеќе

21.2.2019

Царовска учествува на Првиот Совет за стареење во Анкара: Создаваме подобри услови за достоинствено активно живеење на постарите лица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на првиот Совет за стареење во Анкара, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Министерката имаше свое обраќање на коешто истакна што Република Северна Македонија прави за активно живеење на старите лица.

Повеќе

20.2.2019

Со грант од јапонската амбасада ќе се реновира клонот „Цветови“ од Детската градинка „Астибо“ во Штип

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар присуствуваше на церемонијта на потпишување на договори ,,Грант програма на мали проекти за човекова безбедност” во вредност од над 430 илјди евра со што Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија. На церемонијата на потпишување присуствуваа амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. 

Повеќе

20.2.2019

Бајрактар: Неинформираноста и неприфаќањето на различноста е една од клучните причини за постоењето на дискриминацијата

Една од стратешките определби и приоритети на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е развивање и подобрување на националните политики против дискриминацијата преку превенција на сите релевантни полиња, подигање на јавната свест и воспоставување на ефикасни механизми за справување со оваа појава. Ова беше потенцирано од заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар на завршната конференцијата насловена како „Без разлики“ која се одржа во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“. 

Повеќе

20.2.2019

МТСП го честита Меѓународниот ден на социјалната правда

Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната реформа, заедно да изградиме поправедно и вистинско хумано општество.

Повеќе

11.2.2019

Шекеринска и Царовска во посета на шелтер центар: Нема да се толерира насилство врз жените и децата 

Вицепремиерката и  министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска посетија еден од шелтер центрите во кои се засолнети жртви на семејно насилство.  Целта на посетата беше да им се даде березервна поддршка и заштита на жените кои преживеале насилство од своите партнери, но и уверување дека државата ги презема сите потребни чекори за борба против насилството врз жените.

Повеќе

5.2.2019

МТСП: Владата го усвои Оперативниот план за 2019 година, за врабортување и отворање нови бизниси на располагање рекордни 1,1 милијарда денари

На денешната владина седница се усвои новиот Оперативен план за варботување за 2019 година, за кој издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милилони денари. Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.

Повеќе

5.2.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на долунаведените права за месец Јануари 2019 година.

Повеќе

4.2.2019

Царовска: Капацитетот на градинките годинава се проширува за 860 деца, градиме 11 нови објекти

Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорте со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите. На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (2 градинки). Со изградбата на градинките капациетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.

Повеќе

1.2.2019

Царовска: Што повеќе семејства да го отворат својот дом, да обезбедиме згрижувачи за бебињата од „Мајчин дом“ -Битола

Забрзана динамика на излегување на децата од големите институции, особено на бебињата од „Мајчин дом“ -Битола е фокусот за годинава на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација. Освен „Мајчин дом“ наскоро целосно треба да биде трансформирана и установата „Бања Банско“, а корисниците сместени во станбени единици ќе добијат поддршка за самостојно живеење. Ова беше договорено на денешниот координативен состанок на кој беше презентиран планот за деинституционализација за следниот период. На состанокот присуствуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, в.д. координаторот на агенциите на ОН и преставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, како и преставници од Европската делегација.

Повеќе