Завршна конференција од проектот

“Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките малцинства”

Државниот секретар на министерството за труд и социјална политика, Муедин Кахвеџи се обрати на завршната конференција од проектот: “Образование, вработување и еднаквост за жените од етничките малцинства” чиј имплементатор беше Економската комора на Северозападна Македонија во партнерство со Здружение за локален рурален развој и Регионална развојна агенција Сенек – Пезинок - Словачка.

 
“Сакам да истакнам  дека правото на работа е едно од најважните  права кои произлегуваат од  универзалната декларација на човековите права. Тоа има посебна важност и тежина  кога зборуваме за лицата од социјално исклучени категории, вклучувајќи ги тука и жените од различните етнички заедници, затоа што оспособувањето за вработување преку неформалното образование и стекнување на знаења за претприемаштвото како што е случај во овој проект, значи развој на личните и професионални вештини наспроти потребите на пазарот на труд.

“Пазарот на трудот во нашата земја, но и пошироко,  се соочува со голем предизвик на невработеност и тоа со висока стапка на невработени млади лица, невработени лица од руралните средини и припадници на етничките заедници, особено со состојбата на исклучителна неактивност на жените од етничките заедници и руралните средини”, посочи Кахвеџи.

“Политиките и законската регулатива во областа на анти-дискриминацијата и еднаквите можности се исклучително важни, но не секогаш и доволни за да се овозможи зголемување на способноста за вработување  и полесен пристап до пазарот на трудот на жените од етничките заедници, како и да се овозможи полесен и подобар пристап до образованието  и обуката,  и создавање на лични капацитети и способности за поголема конкуретност на пазарот на трудот”, рече Кахвеџи.

“Овој проект со цел оспособување на жените Албанки, Турчинки и Босанки  од Скопје, Тетово, Кичево, Струга и околните рурални места преку стекнување на вештини за вработување, само-вработување и поттикнување на претприемаштвото во руралните средини на одреден начин допринесе во остварување на владините политики за подобрување на вработеноста и промовирање на еднаквите можности и родова рамноправност. 

Со имплементацијата на овој проект, како и проектите што се имплементираат во рамки на Грантовата програма „Подобрување на потенцијалите за вработување (вработливост) на жените на пазарот на трудот“ се направи  чекор напред во остварување на зацртаните цели и во реализацијата на стратешките цели на Министерството за труд и социјална политика, во Програмата за развој на социјалната заштита 2011-2021, Стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020, како и во реализација на насоките дадени со Стратегијата на  “Европа 2020“.

На крајот, сакам да им заблагодарам на сите коишто беа вклучени во имплементацијата на овој Проект и дадоа свој придонес во создавање можности на жените од етничките заедници и руралните средини за нивно  полесно вклучување на пазарот на труд “, заврши Кахвеџи.

Период на имплементација на проектот беше  07.11.2012–07.02.2014 година.