Предшколско згрижување и за децата во општина Градско 

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со градоначалникот на општина Градско, Жанета Франгова, претставници на локалната самоуправа од Велес и директорот на градинката ОЈУДГ “Димче Мирчев” од Велес го посетија објектот наменет за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во општината.


Спасов во изјавата за медиумите потенцираше дека  продолжува континуираниот  процес започнат од порано, со кој треба да се вклучат што повеќе деца во опфатот на предшколско згрижување и воспитување и дека конечно оваа потреба на граѓаните од општина Градско ќе биде задоволена.Тој информираше дека клонот ќе функционира во рамки на ОЈУДГ “Димче Мирчев” од Велес, и ги  има сите услови за згрижување на децата. 

Градинката има можност за опфат на 32 деца, во три групи на возраст од 3 до 6 години.Уписите на деца се во тек.