Форуми со работодавачи
Министерството за труд и социјална политика во насока на зголемување на информираноста на работодавачите за активните програми и мерки за вработување, на дијагностицирање на бариерите со кои се соочуваат работодавачите во креирање на работни места и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите, единиците на локална самоуправа и државните институции на локално ниво го имплементираше Проектот – Форуми со работодавачи.
Со Проектот – Форуми со работодавачи се опфаќа целата територија на Република Македонија и со непосреден контакт се информираат работодавачите за можностите за учество во активните програми и мерки за вработување .