Инспекциски надзор над спроведувањето и примената на Законот за заштита на децата и другите прописи што се однесуваат на заштитата на децата



Министерството врши инспекциски надзор над спроведувањето и примената на Законот за заштита на децата и другите прописи што се однесуваат на заштитата на децата, над установите за деца, како и над другите правни и физички лица кои вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца.

Инспекцискиот надзор опфаќа:
  • надзор над применувањето и спроведувањето на овој закон, како и на другите прописи и акти донесени врз основа на овој закон;
  • надзор над остварувањето на правата за заштита на децата во центрите за социјална работа и исполнување на обврските на корисниците, утврдени со овој закон;
  • надзор над евиденцијата, документацијата и извештаите за работа за правата за заштита на децата;
  • надзор на важноста на  лиценците за работа на лицата кои  се вклучени во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст како и на важноста на лиценците за работа на директорите на установите  за заштита на децата;
  • надзор над исполнетоста на условите кои се однесуваат на просторот, опремата, кадарот, групите, децата, на установите за деца, во други просторни услови, во домашни услови, на агенциите за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст и на физичките лица кои вршат одредени работи од дејноста;
  • надзор над управување и раководење со установите за деца основани од Владата и приватните установи за деца;
  • надзор над евиденцијата, документацијата и извештаите за работа на установите, агенциите за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, физичките лица кои вршат одредени работи од дејноста и на извршителите во дејноста од заштита на децата, освен на педагошката евиденција и педагошката документација; 
  • реализација на програмите и другите пропишани стандарди и нормативи со кои се уредува дејноста во установите за деца, освен за воспитно-образовната дејност;
  • контрола на средствата стекнати од сопствени извори во установите за деца основани од Владата;
  • следење на згрижување, престој, нега и исхрана на децата за време на штрајк и
  • надзор над спроведување на изречените мерки при претходно извршен инспекциски надзор.  
Инспекцискиот надзор се врши преку редовна и вонредна инспекција.

Редовниот инспекциски надзор е најавен надзор кој се спроведува врз основа на годишна програма, што ја донесува министерството најдоцна до 31 декември во тековната година, а за наредната година.      
  
Вонредниот инспекциски надзор е ненајавен надзор и се спроведува по службена должност, иницијатива на корисник на услуга, родител, старател, совет на родители, граѓанин, надлежен орган, други органи и организации и други правни лица кога постои интерес на децата, граѓанинот, интерес на трети лица или општ интерес.

При спроведување на инспекцискиот надзор инспекторот ги има следниве права и обврски:
  • со решение да забрани установата за деца, агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца, физички лица кои вршат одредени работи од дејноста, како и центарот за социјална работа  да спроведуваат мерки и преземаат работи кои се во спротивност со закон и друг пропис;
  • да поднесе кривична пријава за сторено кривично дело, барање за поведување на прекршочна постапка или иницијатива за покренување на дисциплинска постапка, ако најде докази дека со повредата на прописите е сторено кривично дело, прекршок или потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи. 

Годишна Програма на Одделението за инспекциски надзор во остварување на права од правото за заштита на децата и правото на згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата

Квартален извештај за инспекциски надзори во областа на детска заштита за периодот од 1.1 до 31.3.2014 година