Завод за социјални дејности

 

ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје

Директор: Стојан Станиславски

Тел: 02/ 3 230 401

www.zsd.gov.mk

Заводот за социјални дејности е стручна и развојна установа во рамките на системот на социјалната заштита, чии активности се одредени со Законот за социјална заштита. Основан е во 1961 година, од страна на Собранието на Република Македонија, под име Републички Завод за социјални прашања. Денес, оваа институција функционира под името Завод за социјални дејности. 

 
МИСИЈА 

Заводот има мисија за обезбедување развој на компетенции и квалификации, сертифицирање,поддршка и насочување како и лична професионална промоција на давателите на социјални услуги. Заводот обезбедува актуелни информации и податоци за состојбите во областа на социјалната заштита како основа за планирање, развивање и унапредување на  квалитетот на услугите кон граѓаните.

ВИЗИЈА  

Заводот е современа, ,динамична и флексибилна институција со функционален тим, препознаен квалитет, капацитет и  професионален пристап, која се грижи за кариерниот и професионален развој на своите вработени, обезбедува стимулативни услови за работа и примена на  меѓународно прифатени стандарди.    

НАМЕРА 

Квалитетни  услуги кон граѓаните обезбедени во современ систем на социјална заштита кои превенираат ранливост и исклученост и овозможуваат способност за справување со социјалните  ризици и функционално живеење. 

ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје е установа која ги следи и проучува социјалните појави и проблеми, врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и вработените во нив, заради согледување, следење, контрола, увид и унапредување на начинот и квалитетот на стручната работа и ефикасноста во остварувањето на функциите во установите за социјална заштита, организира и спроведува облици на едукација на стручните работници во областа на социјалната заштита за потребите на процесот на лиценцирање и активности во рамки на функционирањето на Комисијата за лиценцирање. Заводот  во насока на унапредување на социјалните дејности, во своето работење е насочен кон зголемување на задоволството на корисниците, партнерски однос  кон соработниците, вложување во унапредувањето во сопственото работење,  практикувајќи  принципи на професионалност, компетентност, независност и квалитет.

Делокруг на работа 

Дејноста на установата е проучување на социјалните појави и проблеми и унапредување на социјалните дејности, која:

  • ги следи и проучува социјалните појави и проблеми во областа на социјалната заштита и социјалната работа;
  • предлага и спроведува мерки за унапредувањето на социјалната заштита и социјалната работа; 
  • укажува стручна помош на установите за социјална заштита и на работниците во нив; 
  • организира и спроведува облици на едукација на стручните работници во областа на социјалната заштита; 
  • дава стручно мислење при изготвување програми за развој на социјалната заштита; 
  • ги изготвува стандардите и нормативите за работа и кадрите на установите за социјална заштита; 
  • изготвува методолошки упатства за работа на стручните лица во установите за социјална заштита; 
  • врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и вработените во нив заради согледување, следење, контрола, увид и унапредување на начинот и квалитетот на стручната работа и ефикасноста во остварувањето на функците во установите за социјална заштита.врши статистичка обработка на податоците од евиденцијата што ја водат установите за социјална заштита; 
  • остварува стручно-научна соработка со поединци и институции во земјата и странство;
  • спроведува издавачка дејност;
  • дава, обновува, продолжува и одзема лиценци за работа на стручните работници во јавна и приватна установа за социјална заштита, води регистар за издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци, преку формирана Комисија за лиценцирање;
  • спроведува континуирана едукација на стручните работници и проверка на примената на стручното знаење во постапката за издавање на лиценци.
  • води регистар за лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.


Организациона структура на ЗСД

ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје во својата организациона структура има 4 служби:

  • Служба за административни и помошно-технички работи, со два оддела, и тоа: 
    • Оддел за административна работа
    • Оддел за помошно-технички работи
  • Служба за надзор над стручната работа, мониторинг и евалуација
  • Служба за истражување, анализа, едукација и развој и
  • Служба за координација, информирање и поддршка 

Структурата на вработените, според профил е следната:

Вкупно:  24 вработени (20 стручни извршители – даватели на јавни услуги и 1 адмистративен службеник) и тоа: 

  • дипломиран социјален работник-5
  • дипл.социјален работник-специјалист по ментално здравје-1                           
  • м-р по социјална работа и социјална политика-3
  • д-р по педагошки науки-2
  • м-р по човечки ресурси, дипл.педагог-1
  • м-р по европски студии за интеграција и комуникација–дипл педагог-1
  • дипл.педагог-1
  • дипломиран психолог-3
  • дипломиран правник-3
  • дипломиран  дефектолог-2
  • дипл. социолог, м-р. по социјална работа и социјална политика-1
  • економист-1.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }