29.1.2017

Ибрахими: “Парична помош и сместување за Костадин ќе обезбеди Министерството за труд и социјална политика”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети Дејан и Костадин Костовски во нивниот скромен дом со цел да им се помогне бидејќи во моментов семејството се наоѓа во социјален ризик. 

Повеќе

24.1.2017

Министерот Ибрахими ги повика корисниците на правата од социјална и детска заштита да го запазат рокот за годишна обнова на документацијата

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на конференција за медиумите упати повик до  корисниците на правата од социјална и детска заштита да го запазат рокот за  годишната обнова на документацијата.

Повеќе

23.1.2017

Отворени нови простории на објектот “Чекорче” во  Аеродром 

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски ги посетија новите простории на објектот „Чекорче“ кој е дел од Јавната установа-детска градинка “Срничка” на Општина Аеродром. 

Повеќе

20.1.2017

Ибрахими: “И оваа година продолжуваат проектите наменети за поензионерите бесплатна рекреација и викенд туризам”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими на информираше за продолжување на проектите “Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија” и “Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија” и во 2017 година.

Повеќе

17.1.2017

МТСП: Семејството Демирови од Штип ќе добие еднократна парична помош 

Седумчленото семејство на 40 годишниот Ѓунеј Демиров од Штип чија што куќа вчераутро се опожари и коешто остана без кров над глава ќе добие помош од Министерството за труд и социјлајна политика.

Повеќе

4.1.2017

Во пресрет на најавите за студен бран координација на министерот Ибрахими со директорите на Центрите за социјална работа 

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими оствари работна средба со директорите на Меѓуопштинските центри за социјална работа на која што се разговараше за мерките коишто треба да бидат преземени за заштита на бездомните лица, како и на старите лица пред најавата за студениот бран.

Повеќе

2.1.2017

Ибрахими им посака добредојде на првата група дечиња што ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца 

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја посети првата група на деца коишто ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2017 година во Детското одморалиште „Бегова Корија“-Крушево.

Повеќе

1.1.2017

Министерот Ибрахими го посети првото родено дете

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го посетија првото родено бебе во Скопје во 2017 година.

Повеќе