29.1.2018

Царовска: Започна уплатата од државата кон приватните друштва за првите 4.926 оштетени осигуреници

Денеска започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени.

Повеќе

28.1.2019

Царовска: Просечната пензија за една година е покачена од 13.954 на 14.445 денари, пензиите постојано ќе растат

Во своето вечерашно гостување на ТВ 24 министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одговараше на сите актуелни прашањи поврзани со реформите во пензискиот систем и денешната кривична пријава која МТСП ја поднесе во Основното јавно обвинителство. Царовска истакна дека пензиската реформа обезбедува стабилен пензиски систем и постојан раст на пензиите. 

Повеќе

28.1.2109

МТСП: Kривична пријава со документи од анализата на пензискиот систем денеска се доставува до Основното Јавно обвинителство

Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Повеќе

27.1.2019

МТСП Царовска: На 12.000 идни пензионери не им се префрлале законските придонеси во вториот столб, државата ги обесштетува со вкупно 19 милиони евра од буџетот

Темелните анализи на пензискиот систем што ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат после цели 12 години, открија неправилности во распределувањето на придонесите за дел од идните пензионери. Со ова на 12.000 осигуреници им е направена скандалозна неправда во иднина да остварат повисока пензија.

Повеќе

26.1.2018

МТСП: Пензиите не се кратат, туку растат, манипулациите од ВМРО - ДПМНЕ се штетни за граѓаните и пензионерите

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира штетните невистини на ВМРО-ДПМНЕ дека пензиите ќе се скратат за 400 денари месечно и манипулирањето на 300 илјади пензионери. Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување кое ги следуваше со Закон.

 

Повеќе

25.1.2019

МТСП: Поголеми плати за кадарот во градинките со Законот за детска заштита кој е во собраниска процедура

Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките. Зголемувањето на платите, но и започнатите реформи беше тема на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со директорите на градинките од цела Македонија.

Повеќе

24.01.2018

МТСП: Пензиите се редовни и продолжуваат да растат, со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ. 

Повеќе

23.1.2019

Високи 95% искористеност на Оперативниот план за вработување 2018, повеќе од пола од учесниците се млади

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација. Со него беа вкупно опфатени 6374 лица, од кои 3359 или 53 % беа млади лица до 29 години.

Повеќе

22.1.2019

МТСП: Пензиите се стабилни и продолжуваат да растат, просечната пензија во 2016 беше 13.754, а во 2018 година, 14.421 денар

Министерството за труд и социјална политика преку фондот на ПИОМ обезбедува и во иднина ќе обезедува редовна исплата, стабилен и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.

Повеќе

22.1.2019

МТСП: Започна тридневна обука за поддршка на независно живеење на лицата со попреченост

Во рамките на заедничкиот проект реализиран од четири агенции на Обединетите нации во државата (УНИЦЕФ, УНДП, UN Women и УНФПА) започна тродневна обука „Промена на парадигмата и придонес кон прифаќање на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост“ наменета за околу 60 релевантни претставниците од владини институции, невладини организации и испорачувачи на услуги за лицата со попреченост. Целта на тренинг сесиите е да се придонесе кон подобро разбирање, прифаќање и препознавање на начелата пропишани во Конвенцијата од страна на различните чинители, а во правец на нејзина поуспешна имплементација во праксата и поддршка на независното живеење на лицата со попреченост во заедницата.

Повеќе

21.1.2019

Царовска: Сите деца од домот 11 Октомври преселени во мали групни домови и згрижувачки семејства, деинституционализацијата продолжува

Повеќе нема деца во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс денеска ги посетија децата коишто од неодамна се сместени во една од куќите во Скопје.

Повеќе

17.1.2019

МТСП: Во тек се конкурси за поддршка за активности за заштита на децата на улица и во социјален ризик, наскоро ќе има и нови

Министерството за труд и социјална политика објави јавни конкурси за поддршка на активности на здружениja за социјална заштита на деца на улица и психо - социјална поддршка на деца во социјален ризик. МТСП наскоро ќе објави уште два конкурса на кои ќе финансира активности поврзани со деца со пречки во развојот и со аутизам. Со овозможување повеќе и поквалитетни услуги надвор од институциите градиме поефикасен систем за заштита на децата и нивна интеграција во општеството.

Повеќе

13.01.2018

Лицата во социјален ризик ќе добиваат оброк преку нов иновативeн модел “Сите сити”

Бездомниците коишто преноќуваат во прифатниот пункт Момин Поток во Скопје денеска добија оброк преку најдобро рангираното иновативно решение за искористување на вишоците храна избрано на јавниот повик „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

 

Повеќе

11.1.2019

МТСП: На студеното време бездомниците се згрижуваат во прифатни центри, дежурните тимови на социјалните центри и на Црвен крст на терен

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период. 

Повеќе

10.1.2019

МТСП: Ја проширувме услугата персонални асистенти ќе може да ја користат 200 лица со попреченост

Министерството за труд и социјална политика, продожува во унапредување на правата на лицата со попреченост преку финансирање на индивидуализиарни социјални услуги во заедницата од Буџетот.

Повеќе

9.1.2019

МТСП: Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15 

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли.  

Повеќе

8.1.2019

МТСП: Инвестираме во јакнење на вештините на воспитувачите/чките за работа со деца во градинките

Денеска започна првата обука на избраните 30 воспитувачи/чки за јакнење на компетенциите на кадарот во градинките. Министерството за труд и социјална политика обуките ги спроведува како дел од заедничката соработка со УНИЦЕФ, со што и во 2019 година продолжува да работи на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца. 

Повеќе

7.1.2019

МТСП: Во 2018 обезбедивме повисоки додатоци, нови услуги и Центри за лицата со попреченост

Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост беше и останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика и следната година. Со новиот Закон за социјална заштита се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата.

Повеќе

4.1.2019

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека врши исплата на долунаведените права за месец декември 2018 година.

Повеќе

4.1.2019

СООПШТЕНИЕ

Министерството за труд и социјална политика известува дека Владата на Република Македонија на седница одржана на 28.12.2018 година, ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година, која има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост, како и за нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. 

Повеќе

3.1.2019

Соопштение

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).

Повеќе

2.1.2019

До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

Министерството за труд и социјална политика забрзано и посветено ќе работи на процесот на деинституционализација и во новата 2019 година. До средината на јануари целосно ќе се трансформира и домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Последната група деца се очекува Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишне полугодие. 

Повеќе