31.7.2014

Министерството за труд и социјална политика ги зајакнува капацитетите во справување со дискриминацијата

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и амбасадорот на Обединетото кралство Велика Британија и Северна Ирска, неговата екселенција Чарлс Гарет присуствуваа на доделување на сертификати на обучени кадри во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација“. 

Повеќе

30.7.2014

Нов проект за зголемување на бројот на згрижувачките семејства “На секое дете му е потребно семејство“

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го најави отпочнувањето на проектот “На секое дете му е потребно семејство” во присуство на згрижувачките семејства кои денеска го посетија Аква паркот во Скопје.

Повеќе

27.7.2014

Спасов ги посети летувалците во „Мајски цвет“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети децата, кои ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток во Детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

Повеќе
18.7.2014

Село Богородица доби нова градинка

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов, денеска свечено ја  отворија  градинката во други просторни услови ”Мало штркче” во с. Богородица, Општина Гевгелија.

Повеќе

17.7.2014

“Подари книга”- нов проект за социјално ранливите категории

Министерството за труд и социјална политика, Диме Спасов и в.д директорот на АД Македонски пошти, Гоце Боболински денеска на конференција за медиумите информираа за отпочнувањето на новиот проект “Подари книга”.

Повеќе

9.7.2014

Државата ќе ги штити жртвите на семејно насилство

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на јавната расправа за Предлог - Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика, која што започна денеска и ќе трае до 14 јули, а на која свое учество ќе земат релевантни институции, невладиниот сектор, судии, меѓународни организации, експерти и политичари, со цел подобрување на заштитата на жртвите на семејно насилство.

Повеќе

8.7.2014

Конференција ”Средина што го подржува семејството преку подобрена заштита на мајчинството”

Македонија континуирано бележи напредок во подобрување на правата на вработената мајка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на настанот во организација на Меѓународната организација на трудот на тема „Средина што го поддржува семејството преку подобрена заштита на мајчинството“.

Повеќе
6.7.2014

Промовирани две нови мерки за зголемување на вработеноста

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексоска денес информираа за мерките: Субвенционирано вработување на корисници на социјална парична помош и Обука за работодавачи.

Повеќе

5.7.2014

Отворена градинка во Оризари, Битола

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески присуствуваа на отворање на градинка во други просторни услови во с. Долно Оризари, Битола.

Повеќе

5.7.2014

Проектот “Празна продавница-полно срце” продолжува

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претставници на Црвениот Крст-Битола денес на Широк Сокак во Битола го отворија штандот за облека наменет за социјално ранливи категории од заедничкиот проект “Празна продавница-полно срце”.

Повеќе

3.7.2014

“Поддршка во борбата против непријавената работа”

Денес во Холидеј Ин се одржа промотивен настан за почеток на проектот “Поддршка во борбата против непријавената работа”. Овој проект е финансиран од Инструментот на предпристапна помош (ИПА), Компонента IV „Развој на човечки ресурси 2007-2013„. Проектот е со времетраење од 24 месеци (Мај 2014-Мај 2016) и со буџет од 1.155.550 евра.

Повеќе

2.7.2014

Една давачка помалку за социјално ранливите категории

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денес информираа за проектот ослободување од радиодифузна такса за корисниците на социјална парична помош. 

Повеќе

1.7.2014

Прва група на деца од социјално ранливи категории  заминаа на бесплатен одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја испрати првата група на деца  коишто ќе ја  користат бесплатната услуга  за одмор и рекреација  на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2014 година. Спасов истакна дека преку проектот на МТСП, којшто веќе трета  година се реализира, по 3.000 дечиња од социјално ранливи категории заминуваат на одмор, од кои 2.000 на летување и 1.000 на зимување.

Повеќе