22.7.2016

Од септември нова градинка за 100 дечиња во Горно Лисиче

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска беа во увид на градежните работи на новата градинка што се гради во Горно Лисиче.

Повеќе

22.7.2016

Исплатена постојана парична помош зголемена за 5 проценти

На околу 6.000 приматели, вчера им беше исплатена постојана парична помош вчера со ветеното зголемување од пет проценти. За ова денес информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

20.7.2016

Се зголемува интересот за отворање приватни старски домови: Отворен нов дом во Кисела Вода

Нов дом за згрижување стари лица од денеска почнува со работа во скопската населба Пржино. Домот има капацитет да згрижи над 40 стари лица и ќе отвори нови 15 работни места. Тој е 20-ти по ред отворен приватен дом, и втор во текот на овој месец.

Повеќе

18.7.2016

Грантови за сопствен бизнис за 500 лица преку програмата „Самовработување“ 

Сертификати за грантови во износ од неповратни 185 илјади денари за развивање сопствен бизнис денеска добија 500 невработени лица кои успешно ги поминаа обуките од програмата „Самовработување“. Грантовите ги доделува Министерството за труд и социјална политика, а партнер во реализација на  обуките е Програмата на ОН за развој-УНДП.

Повеќе

14.7.2016

Примателите на социјална помош од денес го добија ветеното зголемување

Од денес на сметките на примателите на социјална парична помош е реализирано ветувањето на Владата на Република Македонија, односно социјалната парична помош е зголемена за 5 отсто и денес е извршена исплатата. За ова денес во рамки на посетата на целосно ренвираниот Центар за социјални работи во Кочани информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

12.7.2016

Нова градинка во населбата Козле ќе биде отворена есенва

Нова градинка за згрижување на шеесеттина деца ќе биде отворена наесен во населбата Козле во општина Карпош. Објектот, кој ќе биде клон на градинката Пролет, е обезбеден од општината, која и партерно ќе го уреди просторот околу него, а Министерството за труд и социјална политика со средства во висина од околу 2,5 милиони денари ќе ја опреми градинката.

Повеќе

11.7.2016

Македонските граѓани можат да ги остварат правата од социјално осигурување во Р. Албанија

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес оствари работна средба со својот албански колега, министерот за млади и социјална заштита, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија. Целта на посетата и работната средба беше потпишувањето на Административната спогодба за спроведување на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување.

Повеќе

10.7.2016 

Отворен современ приватен Дом за стари лица во Општина Илинден

 Големите финансиски поволности и мерки на Владата за поттикнување на домашните компании да отворат домови за стари лица, очигледно вродија плод. Во последниот период се отворија 19 вакви домови, со што значително се зголеми капацитетот за згрижување на лица од третото доба, а со зголемување на конкуренцијата континуирано се подобруваат и условите и функционирањето во домовите.

Повеќе

8.7.2016

Спасов го посети Меѓународниот центар за обука на МОТ во Торино

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денес е во посета на Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот во Торино, Италија при што оствари средба со директорот на Центарот, Јангју Лиу и директорот на МОТ за Централна и Источна Европа Антонио Грациози. 

Повеќе

4.7.2016

Владина поддршка за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

Од денеска па до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект преку  кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобили.

Повеќе

1.7.2016

Стартува владиниот проект „Македонија вработува 2“

"Компаниите да ги искористат поволностите од владиниот проект „Македонија вработува 2“ кој ќе овозможи дополнително отворање работни места и намалување на невработеноста", порача премиерот Емил Димитриев при денешната посета на фабриката за кондиторски производи „Милина свитс“, корисник на првата фаза од проектот.

Повеќе