27.7.2018

Царовска: Обезбедуваме хумани и достоинствени услови за живот за децата од Јавната институција „25 Мај“  

Сите 25 деца од ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови. Како што претходно најавивме, Министерството за труд и социјална политика со целосната трансформација на оваа институција го продолжува успешно процесот на деинституционализација во Македонија.

Повеќе

27.7.2018

Царовска: Обезбедуваме хумани и достоинствени услови за живот за децата од Јавната институција „25 Мај“  

Сите 25 деца од ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови. Како што претходно најавивме, Министерството за труд и социјална политика со целосната трансформација на оваа институција го продолжува успешно процесот на деинституционализација во Македонија.

Повеќе

25.7.2018

Царовска: Работиме на тоа најранливите да ги активираме на пазарот на трудот

Справување со проблемот сиромаштија, деинституционализацијата и растот на платите во Македонија, беа само дел од темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, зборуваше на вчерашното интервју за „Макфакс“.

Повеќе

24.7.2018

МТСП: Обезбедуваме поддршка за раст на платите

Министерството за труд и социјална политика ја засилува поддршката за работниците да добијат повисока минимална плата, но истовремено ги штити и нивните работнички права. Со предложените измени и дополнувања на Законот за минимална плата што вчера ги изгласаа пратениците, фирмите коишто на вработените ќе им ја покачат минималната плата ќе добиваат државна помош.

Повеќе

20.7.2018

Отворен мал групен дом во Тимјаник, четири деца преместени од СЗ Демир Капија

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од Специјалниот завод Демир Капија.

Повеќе

17.7.2018

Царовска: Подготвен Национален акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција

“Насилството врз жените и семејното насилство не е само женско, туку национално прашање, родовата еднаквост не е само прашање на фундаментални човекови права, туку и основа за просперитет и одржлив развој”.

 

Повеќе

16.7.2018

Царовска: Започна практичната имплементација на персонална асистенција за лица со попреченост

Започна практичната имплементација на персонална асистенција за лица со попреченост. 92 невработени лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост преку обуката што ја организираше Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување и Црвениот крст на Македонија.

Повеќе

15.7.2018

Царовска: Ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Министерството за труд и социјална политика, преку Владата на Македонија ќе предложи законски измени и дополнувања со кои ќе се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Оваа промена, денеска во Македонска Каменица, ја соопшти, минситерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средба со рударите, менаџментот на рудникот САСА, дел од Синдикатите и градоначалничката Соња Стаменкова.

Повеќе

12.7.2018

Царовска: Правиме заеднички напори за намалување на невработеноста

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествуваше на координативен состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во Македонија. 

Повеќе

11.7.2018

МТСП:Во Кавадарци отворена градинка со капацитет за 75 деца

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска присуствуваше на свеченото отворање на новата градинка, “Буба Мара”, која функционира како дел од ЈОУДГ “Рада Поцева” во Кавадарци.

Повеќе

6.7.2018

Обучен тим од 35 професионалци од повеќе области  

Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ организираше тренинг и обучи тим од 35 професионалци од повеќе области. Овој тим ќе може да прави проценка на можностите и потребите на лицата со попреченост.

Повеќе

6.7.2018

МТСП: Разменуваме искуства со Шпанија на полето на социјална инклузија и вработување на ранливи групи

Создавање на програми за поголема социјална вклученост и вработување на тешко ранливи групи преку пилот проект во Македонија, беше целта на неколкудневната работната посета на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на Шпанија. Договорена е поинтензивна соработка помеѓу двете Влади во делот на социјалната заштита, како и спроведување на пилот програмата за инклузија и вработување на тешко вработливи лица АЦЕДЕР во Македонија, за што ќе добиеме техничка помош од Шпанија и УНДП.

Повеќе

6.7.2018

Заменикот министер Бајрактар на дебата посветена на унапредувањето на правата на лицата со попреченост

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар учествуваше на дебата на тема „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот”  организирана од Полио Плус-движење против хендикеп, а со цел да се отвори прашањето за распределбата и целисходноста на распределбата на средствата од игрите на среќа и забавни игри.

Повеќе

5.7.2018

МТСП: Министерството за труд и социјална политика оценето како најтранспарентно во истражувањето на Мeтаморфозис 

Резултатите од истражувањето на организацијата „Метаморфозис“ за трансапрентноста на владите во регионот и институциите во Република Македонија, покажуваат дека Министерството за труд и социјална политика е најтранспарентно во своето работење. 

Повеќе

3.7.2018

Зголемен посебниот додаток за лица со посебни потреби 

Со одлука на Влада денеска се донесени измени и дополнувања на Законот за заштита на децата. Со измените е предвидено зголемување на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон.

Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата ги содржи следниве решенија:

Повеќе

2.7.2018

МТСП: Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“ врабoтени 419 лица

Пилот програмата „Младинска гаранција“ дава одлични резултати во првите три месеци од нејзината реализација. Податоците покажуваат дека за овој период во Скопје, Струмица и Гостивар се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија. 

Повеќе