29.6.2015

Нова градинка во Пинтија

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ присуствуваа на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка во населба Пинтија, Oпштина Кисела Вода.

Повеќе

24.6.2015

Уште 2000 деца од  семејства во социјален ризик на бесплатен одмор

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес ја испрати првата група деца од семејства од социјален ризик кои заминаа на бесплатен летен одмор во Струга. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија. “Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100-тина деца од Скопје и Куманово. И на секои седум дена се до крајот на август ќе се реализира овој проект со што ќе се опфатат дополнителни 2.000 деца”, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Повеќе

23.6.2015

Можност за вработување на корисници на социјална парична помош

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска ја посетија дисперзираната канцеларија на Агенцијата за вработување во Општина Ѓорче Петров. „Денес сме во посета на дисперзираната канцеларија, со цел поблиску да бидеме до граѓаните кои активно бараат работа. Изминатиот период отворивме неколку дисперзирани канцеларии во Градот Скопје. На денешниов настан би сакал да ја објавам новата мерка која што ја објавува министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување.

Повеќе

20.6.2015

Обуки за 2000 невработени лица за странски јазици и компјутерски вештини

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес го посети штандот во рамки на проектот Македонија вработува во Куманово, на кој граѓаните имаат можност да се информираат за проектот. „Денес заедно со Агенцијата за вработување го промовираме проектот Македонија  вработува тука во Куманово. Се работи за доста успешен проект преку кој што обезбедивме досега за месец и 15 дена над 2.300 вработувања со опфат на најразлични категории на невработени лица “, рече Спасов.

Повеќе

18.6.2015

Од денес зголемување од 25% на додатокот за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари работна средба со претставници на Националниот сојуз на слепи лица, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет и претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица. “Денес ќе оствариме средба со претседателите на Националните сојузи на лицата со инвалидност со цел да разговараме за неколку проекти кои што ни се во фаза на реализација со цел да обезбедиме подобра имплементација во наредниот временски период.

Повеќе

12.6.2015

Министерот Спасов на 104-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева

Во Женева се одржува 104-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот на која што ќе се разгледува извештајот за примената на конвенциите и препораките и главни теми за кои што ќе се дискутира се: “Мали и средни претпријатија и пристојно и продуктивно вработување- општа дискусија”, “Олеснување на преминот од неформална во формална економија –воспоставување на стандард”,  но и дискусија за стратешките цели на социјалната заштита, односно трудовата заштита, како продолжение на Декларацијата на МОТ за социјална праведност за праведна глобализација.

Повеќе

10.6.2015

Отворен Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години во Скопје

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и претставници на РЦПЛИП „Порака“ го отворија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години во Скопје.

Повеќе

8.6.2015

Грантови за 400 нови компании

Денес, на 08.06.2015 година, во просториите на Владата на Република Македонија се одржа конференција за медиуми на која заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика г-дин Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување г-дин Влатко Поповски ја информираа јавноста за почеток на вториот циклус на Програмата за самовработување.

Повеќе

6.6.2015

Семејството Јанкови од Смоларе доби нoв дом

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот на општина Ново Село Блажо Велков, пратеникот Васил Пишев, претставници на Центарот за социјални работи и Црвениот Крст го посетија семејството Јанкови од с. Смоларе, Општина Ново Село.

Повеќе

4.6.2015

Се воведе електронски пристап за стаж

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија Амет Даути информираа за новата услуга Е-пристап, електронски пристап за увид во стаж на осигурување и плати.

Повеќе

3.6.2015

Бесплатен одмор за 2.000 деца во социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  информираше за Проектот “Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик”.

Спасов информираше дека е објавен јавниот повик за користење на услугата бесплатен летен одмор за децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа како и децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение.

Повеќе

1.6.2015

Нови можности за нови вработувања - пет ново објавени огласи за вработување

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на прес конференција за медиумите информираа за вкупно пет огласи за вработување кои се објавени преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Повеќе